fbpx

Затвореници во Штип и во Идризово штрајкуваат со глад

-

Повеќе од половината затвореници од затворот во Штип одбиле да јадат. Заедно со затворениците од затворот во Идризово, во Скопје, од синоќа најавија штрјак со глад, како револт, како што велат, од „лошите затворски услови и немањето место за спиење“.

Информацијата ја потврдија од Управата за извршување санкции, но, според нив, не се работи за штрајк, туку за одбивање храна. Според Дирекцијата, од 3.100 затвореници во Македонија, на овој метод се решиле околу 400 затвореници.

Граѓанска иницијатива бара донесување измени на Законот за амнестија, со кој ќе се озвоможи отпуст на затворениците со поминати 40 отсто од казната во затвор.

Иницијативата потекнала од затворениците од Идризово, а ја прифатиле во штипскиот затвор. Има најава дека во текот на денот на штрајкот со глад ќе се придружат затворениците и од другите казнено-поправни установи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...