fbpx
Таг: заштита на лични податоци

таг: заштита на лични податоци

Правна основа при обработка на личните податоци

Дали ви се случило одредени фирми да ве „бомбардираат“ со пораки за роденден, честитки за најразлични празници или најнови понуди или попусти? Според Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП), фирмите треба да имаат легитимна цел за обработка на вашите лични податоци. На пример, доколку им се потребни вашето име и презиме и датум на раѓање (меѓу другото) за...

Фондацијата Метаморфозис потпиша договор со Агенцијата за заштита на лични податоци

Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) и Фондацијата Метаморфозис во петокот потпишаа договор за пренос на едукативна веб-страница, која ќе се развие во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, спроведуван од Метаморфозис и Конект, а поддржан од Европската унија. Оваа веб-страница ќе содржи различни видови ресурси поврзани со заштита на...

„Заедно за заштита на личните податоци“: Нема втора шанса за повредата на нечија приватност

Повеќе не е прашање дали личните податоци треба да бидат заштитени или не, тоа е нужно, а за соодветна примена на законите кои ги штитат личните податоци се потребни многу повеќе ресурси и заложби - ова е заклучокот од денешниот настан „Заедно за заштита на личните податоци“ што се одржа во Europe House во Скопје. Настанот беше организиран од...

„Заедно за заштита на личните податоци“ утре во Europe House

Настанот „Заедно за заштита на личните податоци“ ќе се одржи утре со почеток во 10 часот во Europe House, а е во организација на Делегацијата на Европската Унија заедно со Фондација Метаморфозис, Агенцијата за заштита на лични податоци и Центарот за правни истражувања и анализи. Настанот се организира по повод 28 јануари, Европскиот ден на заштита на личните податоци, кога...

Недела на приватноста: Недостиг на капацитети за успешна имплементација на Законот за заштита на лични податоци

На третиот ден од регионалната конференција „Недела на приватноста“ 2023 која се одржува во Белград, на панел дискусијата посветена на заштита на приватноста и личните податоци при користење на електронски уреди насловена „Разгледувања за приватност во услови на имплементација на дигиталната агенда во Западен Балкан“ која беше организирана во соработка со Фондацијата Метаморфозис, Опен дата - Косово и со...

Казна од 5 милиони евра за ТикТок во Франција

Француската управа за заштита на податоци ја казни кинеската платформа за споделување видеа „ТикТок“ со 5 милиони евра, поради кршење на приватноста на корисниците, јави Ројтерс. Во соопштението на управата пишува дека корисниците на ТикТок.ком не можеле да ги одбијат колачињата толку лесно како што ги прифаќаат и не биле информирани на доволно прецизен начин за целите на различни колачиња. Истрагата...

Нова казна за „Мета“, овој пат поради користење на податоците на луѓето за насочување на реклами

Компанијата „Мета“ доби казна од 290 милиони евра поради кршење на правилата за податоци на Европската Унија (ЕУ). Ирската комисија за заштита на податоците вели дека начинот на кој „Мета“ барала дозвола да ги користи податоците на луѓето за реклами на Фејсбук и Инстаграм бил незаконски, пренесе Би-би-си. Компанијата која ги поседува двете платформи има три месеци да го промени...

Мета ќе плати 725 милиони долари како разврска на скандалот со Кембриџ Аналитика

Сопственикот на Фејсбук, Мета се согласи да плати 725 милиони американски долари за разрешување на правниот случај со прекршувањето на правилата за заштита на личните податоци поврзано со политичкото консултантско друштво Кембриџ Аналитика од Велика Британија. Како што пишува Би-би-си, во долготрајниот спор гигантот за социјални мрежи Мета е обвинета дека дозволила трети страни, меѓу кои и Кембриџ Аналитика, да...

Основни поими и начела на Законот за заштита на личните податоци

За да ги разбереме подобро правата на граѓаните според Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП), како и обврските што овој закон ги наложува спрема оние што обработуваат лични податоци, како и за да го користиме овој закон поефикасно со цел заштита на нашите лични податоци, најпрво треба да разбереме некои основни поими и начела врз кои се темели...

Што претставува личен податок?

Законот за заштита на личните податоци ги утврдува правата на граѓаните при обработка на нивните лични податоци во различни, секојдневни ситуации. Со цел да ги разбереме нашите права во однос на заштитата на нашите лични податоци, најпрво треба да разбереме што претставуваат лични податоци, односно што се смета за лични податоци. Во овој текст, ќе образложиме кои податоци се...

Заштитата на личните податоци и директниот маркетинг

Законот за заштитата на личните податоци го дефинира директниот маркетинг како секој вид комуникација остварена на кој било начин според најновите технолошки достигнувања, а со цел испраќање рекламна, маркетиншка или пропагандна содржина насочена директно кон одреден субјект на личните податоци, како и обработка на личните податоци која вклучува и профилирање до оној степен до кој е тоа поврзано со...

Заштита на личните податоци на граѓаните во случај на дадена согласност

Согласноста е еден од инструментите, според Законот за заштита на личните податоци, кој се користи за прибавување и за обработување лични податоци на граѓаните од страна на лицата што обработуваат лични податоци. Согласноста мора да биде слободно дадена (не смее да биде изнудена или дадена под притисок од лицето што обработува лични податоци), таа мора да е конкретна (граѓанинот...

Внимавајте, објектот е под видео надзор

На влезот на повеќето деловни или службени објекти (супермаркети, продавници, канцеларии итн.), може да забележиме известувања за спроведување видеонадзор, односно знаци од типот „Внимавајте! Овој објект е под видеонадзор“. Може да претпоставиме дека овие натписи се ставени како еден вид закана за сите потенцијални прекршители на правилата на тие деловни објекти (како, на пример, кражби, оштетувања на стоката, допирање...

Преку лажна наградна игра се манипулираат граѓаните за да се соберат нивните лични податоци

Речиси 8 илјади граѓани се фанови на лажната Фејсбук страница на „Техномаркет“, каде што се споделува лажна наградна игра дека ќе се донираат 670 фрижидери и шпорети, ако корисниците остават лични податоци. Дека станува збор за лажна наградна игра веќе реагираа и од компанијата „Техномаркет“ од каде ги повикаа граѓаните доколку се сомневаат дека оставените податоци се злоупотребени,...

„Метаморфозис“ организира „Разговори за приватност“ в понеделник од 15 часот во Јавна соба

Фондација Метаморфозис ги поканува новинарите, претставниците на граѓанските организации и институциите, како и сите други поединци кои сакаат да дискутираат и да дознаат нешто повеќе на темата „Медиумската слобода и заштитата на личните податоци“ на петтиот „Разговор за приватност“ што ќе се одржи на 21 март, понеделник, во Јавна соба, со почеток во 15 часот.  Локацијата можете да ја...

Прашањето за заштита на личните податоци може да ги исклучи Фејсбук и Инстаграм од Европа

Корисниците на Фејсбук и Инстаграм од Европа можат да останат без можност да ги користат своите профили, доколку на компанијата „Мета“ не ѝ се дозволи да обработува податоци на корисниците од Европа на своите сервери лоцирани во САД, јавува Јуроњуз. Компанијата „Мета“ информираше за ваквата опасност, а како што наведуваат тие, ова би било резултат на регулативата на ЕУ во...

Решенијата за изолација поради ковид-19 ќе се објавуваат на веб-страницата на ДСЗИ

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација поради ковид-19 да се објавуваат на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и дополнително во „Службен весник“ во најбрз можен рок, одлучи Владата на вчерашната седница. Надлежните уверуваат дека притоа нема да бидат објавувани личните податоци на граѓаните, односно целосно ќе бидат запазени стандардите дефинирани со Законот за...

Интервју на Бардил Јашари за Академик.мк: Не треба да се плашиме и да создаваме отпор кон дигитализацијата

Директорот на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари во интервју за Академик.мк говори за заштитата на личните податоци и приватноста на интернет. Со дозвола на редакцијата на Академик.мк, интервјуто го пренесуваме во целост:   „Метаморфозис“ е невладина организација која веќе 15 години, меѓу другото, работи на заштита на човековите права на интернет и описменување на граѓаните за нивните права на интернет. Кои се Вашите...

Која е улогата на офицерот за заштита на лични податоци?

Офицерот за заштита на личните податоци (во понатамошниот текст ОЗЛП) игра клучна улога во воспоставувањето и одржувањето на системот за заштита на личните податоци кај трговски друштва, непрофитни организации, државни органи или поединци кои користат лични податоци на физички лица за свои (комерцијални) цели т.н. контролори или користат лични податоци на физички лица за потребите и целите на контролорите,...

Прибирање на лични податоци за профилирање и дигитален маркетинг преку еколошка акција за пошумување

Во текот на овој месец, една од трите големи банки во земјава спроведува кампања преку која, како што е наведено во официјалното соопштение, за секоја дигитално дадена изјава за согласност за користење на лични податоци за директен маркетинг, банката ќе обезбеди по една садница за обнова на шумскиот фонд во малешевскиот регион кој летово беше уништен од пожар. Во соопштението...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...