fbpx
Таг: закани

таг: закани

Ванхауте: Разочарувачки малубројни се реформите во медиумите

Некогашниот главен медијатор помеѓу политичките партии во земјата за време на т.н. „Пржински процес“, кој доведе до Договорот од Пржино, Петер Ванауте, деновиве престојуваше во Скопје. Во интервјуто тој говори за дел од пржинскиот процес, реформите во медиумскиот сектор и како тој гледа на нив во моментов Дали сте запознаен со текот на реформите во медиумите во изминатите три години...

ССНМ и ЗНМ ги осудија заканите кон Героски и порачаа институциите да реагираат

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинарите на Македонија остро ги осудуваат заканите кои вчера биле упатени кон главниот уредник на „Плусинфо“, Бранко Героски. Според информациите кои јавно ги објави Героски, извесен Борче Гиноски на социјалната мрежа му упатил директна закана со зборовите „Гледај да не те бањаат во Вардар“. Според главниот уредник овие закани се...

Во говорот на Груби за Река има елементи на говор на омраза и е против европските вредности

Говорот на пратеникот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Артан Груби на митингот во Чаир, според активистите за човекови права, претставува говор на омраза и е далеку од принципите на Европската унија (ЕУ). Освен фактот што говорот на омраза е казнив во Македонија, иако нашата земја е во изборна кампања и политичарите зборуваат за различни нешта, не треба да...

Расте бројот на инциденти во автобусите на ЈСП – Скопје (инфографик)

Вандалското однесување на дел од патниците довело до зголемување на бројот на инциденти во автобусите на ЈСП - Скопје во 2018 година. Според Годишниот извештај за работењето на ЈСП - Скопје, лани биле регистрирани вкупно 189 инциденти. Оштетувањето на возниот парк бележи најголем раст, па така, биле регистрирани дури 141 вакви случаи. На тој начин, предизвикувањето штети на автобусите...

ЕК: Новинарите да работат непречено, сите злоупотреби да се истражат

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, ги потсетува сите политички актери во Македонија дека слободата на медиумите и новинарите е од посебна важност за ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската Комисија, преку портпаролката Маја Коцијанчич, реагираше на изјавите на вицепремиерот Бујар Османи и на соопштение на Министерството за здравство. Во двата случаи се формулирани закани за „правни последици“...

ЗНМ: Османи, евроинтегративецот, само декларативно се залага за слобода на духот

Одговарајќи на забелешките на министерот Роберт Поповски, но пред сè на вчерашниот настап на вицепремиерот Бујар Османи, кој се закани со тужби на медиуми поради пишувањата за скандалот со непрефрлање пари од ПИОМ на сметките на осигурениците во вториот пензиски столб, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) порача дека министрите треба да се воздржат од такви настапи кои може...

СЗО: Загадениот воздух и „антиваксерите“ се меѓу 10-те најголеми закани за здравјето

Загадениот воздух и климатските промени се на врвот на листата за најголеми закани по човековото здравје во светот во 2019 година, што ја подготви Светската здравствена организација (СЗО). На списокот со 10 точки, на 9. место се противниците на вакцинирањето. Истовремено, во Скопје продолжува епидемијата на морбили, а со оваа болест најновите пациенти примени на Инфективна клиника се двајца возрасни...

Кривична пријава за скопјанец што на Фејсбук им се заканувал на пратеници

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во координација со Основното јавно обвинителство - Скопје, почнал постапка поради објава на Фејсбук од страна на Б.Б. (49) од Скопје. Од полицијата велат дека тој „предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието“ и „ширел расистички и ксенофобичен материјал“. Б.Б. вчера бил повикан на службен разговор во полициска станица, а...

Tелефонската линија 0800-11-011 за помош при напад на новинари ќе биде отворена 24/7

Мисијата на ОБСЕ во Скопје во партнерство со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска во Скопје на прес-конференција ја промовираше бесплатната телефонска линија 0800-11-011 за помош на новинари во случај на закани, напади и насилство кон новинарите. Бесплатната телефонска линија ќе функционира 24/7 и ќе овозможи помош и поддршка на новинарите и медиумските работници во случај на...

Јанчев: Добивам закани по живот, Мицкоски ме уверува дека не се од ВМРО-ДПМНЕ

Досегашниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, синоќа не дојде на гостувањето на „Телевизија 24“, бидејќи, како што рече, добил закани по живот на неговата сопруга ако се појави во емисијата. Тој потоа телефонски се вклучи и објасни што се случило. - Последниот месец дена константно добиваме закани на „Фејсбук“ и по СМС. Меѓутоа денеска добивме...

Кривична пријава за маж што се заканувал на пратениците преку Фејсбук

СВР Скопје и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР ќе поднесат кривична пријава против 38-годишниот А.Н. од скопско Коњари, поради закани преку Фејсбук. Кривичната пријава ќе биде за загрозување на сигурноста и за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку копјутерски систем. Полицијата вчера извршила претрес во домот на осомничениот, при што се одземени предмети, а тој бил...

Палмер: ВМРО-ДПМНЕ да ги ослободи пратениците да гласаат без страв од закани и одмазда

Бараме од лидерството на ВМРО-ДПМНЕ да ги ослободи пратениците да гласаат по нивно уверување без страв од закани и одмазда, изјави Метју Палмер, заменик-помошникот државен секретар на САД, на панел на Белградскиот безбедносен форум. - Историскиот договор од Преспа ѝ ги отвори вратите за европската иднина на Македонија. Нема алтернатива. Нема „Преспа плус“. Нема подобар договор од овој. НАТО ја...

Обвинение за Тони Михајловски за закани кон Бранко Тричковски

Основното јавно обвинителство соопшти дека е поднесен обвинителен предлог против актерот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски, поради закани кон новинарот Бранко Тричковски во јуни минатата година. „Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во...

Европските компании кои инвестирале во руски гасовод ќе се соочат со санкции од САД

Санкции за европските компании кои инвестирале во рускиот гасовод „Северен поток 2“ кон Германија, најави администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. - Бевме јасни дека постои ризик од воведување санкции за компаниите кои работат во секторот на рускиот енергетски извоз -  изјави претставник на американскиот Стејт департмент. Тој додаде дека Вашингтон смета дека „гасоводот ќе ја поткопа целата енергетска безбедност и...

ЕУ се заканува со царина од 300 милијарди долари кон САД

Царинската „војна“ помеѓу Европската унија и САД се заострува, бидејќи Брисел се заканува на Вашингтон со воведување на царина во износ од 300 милијарди долари на американскиот увоз. Тоа ќе биде одговор на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на царината за увоз на автомобили од Европа. ЕУ ги предупредува САД дека воведувањето на таквата царина ќе биде штетно...

Спасовски: Полицијата во неделата постапи правилно

Македонските полицајци во неделата беа напаѓани со дрва и бетонски плочи и еден час се воздржуваа за да ја смират ситуацијата, но нивната реакција е резултат на оценката на претпоставените, а можам да кажам дека постапиле правилно, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на отворањето на новиот објект за тактички вежби во полицискиот комплекс во Ѓорче Петров, одговарајќи...

ВМРО-ДПМНЕ: Со вработувањето на Командант Хоџа, Заев им попушта на насилниците

Единствена референца на пријателот на Заев, Командантот Хоџа, е тоа што тој склучил политички договор со првиот човек на СДСМ да му го ослободи Танушевци, а за возврат на тоа да добие висока политичка функција во владата. Но, кој го држел Танушевци заробено и каде се оружјето и лицата кои биле подготвени да се спротивстават на македонската полиција? Каква...

ССНМ најостро ги осуди заканите со тужби од бизнисменот Гечев кон Лупевска Созен

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници ССНМ, изразува најостра осуда и протест поради директните закани кон новинарката Снежана Лупевска Созен и телевизија „Телма“ искажани вчера за време на интервјуто на „Топ тема“ од страна на сопственикот на „ИГМ трејд“, Илија Гечев, се вели во соопштението на ССНМ. Во него се додава дека јавната закана дека Лупевска ќе биде повеќекратно...

ВМРО-ДПМНЕ ги осуди заканите и цензурата врз новинарите и медиумите

Секој изминат ден го покажува недемократскиот карактер на оваа власт. Ветуваа живот и слобода, а донесоа цензура, закани и условни затворски казни за медиумите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата ги осудуваат заканите и цензурата врз новинарите и медиумите. „Со доаѓање на СДСМ на власт гледаме како нивните мегафони промовираат насилници кои се закануваат и навредуваат новинари. Нормално, на...

Имало 30 закани преку социјалните мрежи кон функционери, шест кон Заев

Министерството за внатрешни работи соопшти денеска дека неговиот Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика во изминатиот период документирал и процесуирал 30 случаи во кои преку социјалните мрежи на носители на државни функции им била загрозена сигурноста или биле злоупотребени нивните лични податоци. За сите случаи биле испратени известувања до Основното јавно обвинителство Скопје за да се прецизира дали станува...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...