fbpx

Во говорот на Груби за Река има елементи на говор на омраза и е против европските вредности

-

Говорот на пратеникот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Артан Груби на митингот во Чаир, според активистите за човекови права, претставува говор на омраза и е далеку од принципите на Европската унија (ЕУ). Освен фактот што говорот на омраза е казнив во Македонија, иако нашата земја е во изборна кампања и политичарите зборуваат за различни нешта, не треба да се спушти нивото на комуникација од политички причини, препорачуваат тие, пренесува „Порталб.мк.

О Блериме син на Хамза, но не на Кастриоти, туку на Река”, рече Артан Груби, меѓу другите.

Клучни елементи на говорот на Груби:

• Начинот на кој се цитираат речениците, се дел од таканаречениот религиски ритуал “талкин“ во исламската религија, што им се пее на мртвите при погреб.

• Хамза Кастриоти, во албанската историја е познат како предавник на националниот херој, Ѓерѓ Кастриот Скендербег.

• Хамза Река е таткото на Блерим Река – претседателски кандидат. 

Според универзитетската професорка, Дрита Мехмеди, говорот на Груби и нанесува штета на Македонија и е против концептот на Европската унија кој, според неа, е создаден за да обединува, а не да дели.

“Пратеникот на интегративците Артан Груби, во својот говор не избирал средства, туку единствено ја поставил целта, а тоа е победа против кандидатот Албанец, против кого тој користи говор на омраза навлегувајќи и во неговото семејство. Ваквиот начин на изразување не е во корист на општеството, почнувајќи од Албанците кои со векови покажале дека се сакаат и се бранат меѓу себе, за да заврши кај ДУИ која во текот на целата кампања ги повикува граѓаните да и се приклучат на нивната филозофија што води кон интеграција и ЕУ, но кампањата ја завршува со навредливи тонови. ЕУ е платформа која е создадена за да обединува, а не да дели, ЕУ не ја признава омразата, ЕУ не ја признава навредата, ЕУ не го признава говорот што го користи Артан Груби”, вели Мехмеди.

За граѓанската активистка, Диана Тахири, говорот на Груби е “говор на екстремна омраза”.

“На крајот на говорот, Груби користејќи го името и презимето на Блерим Река, користејќи екстремен говор на омраза, поставувајќи го во контекст на погребен ритуал како последен поздрав до мртвите”, речеТахири во рубриката за мониторинг на ЦИВИЛ Центар за слобода.

Таа понатаму прашува дали раководството на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ) и понатаму ќе дозволи таков јазик на екстремна омраза? Дали ќе интервенира кај нивниот партнер, ДУИ? Дали Државната изборна комисија (ДИК) ќе преземе мерки против ваквото однесување? Дали граѓанскиот сектор и пошироката јавност ќе реагира?

Универзитетскиот професор и социолог, Али Пајазити, таквиот начин на изразување ставови го гледа како резултат на ниската политичка култура и акт на самоуништување на нашите вредности, бидејќи според него, глупост е да се потценува фигура која го достигнала врвот на општествената пирамида, професор, амбасадор, реномиран новинар публицист.

Што се однесува до формата на реченицата што била користена, Пајазити, вели дека тоа се ниски напади на противниците, односно кандидати во форма на придружба на мртовецот, спомнување на претходниците, за кои треба да имаме почит, “арнаутизацијана добар дел Албанци, врските, површна анализа на презимањата, се одраз на агресија врз нашиот ум, врз нашето битие како гласачи.

“Особено бизарно, неприродно, скандалозно и омаловажувачки беше пеењето со тоналитет на клерик. Таквиот речник е напад врз хабитатот на демократијата. Се плашам таквите начини на изразување да не постанат перверзно наследство на нашиот начин на водење политика како заедница”, рече Пајазити.

Порталб.мк го контактираше Министерството за внатрешни работи, но од таму нема одговор, а пак портпаролот на ДИК, Адмир Шабани, рече дека кај нив не е пријавен ниту еден случај, и затоа „не можат да постапат“.

“ДИК постапува врз основа на пријави што се поднесени кај нас. До ДИК нема никаква пријава, па ДИК не може да дејствува. ДИК реагира или формулира став за било која ставка поврзана со изборите, но и со изборната кампања. Меѓутоа до ДИК нема пријави досега, доколку ги има, тогаш во рамки на своите овластувања, ДИК ќе дејствува”, рече Шабани.

„Порталб.мк“ неколку пати побара појаснување од Артан Груби, но тој сè уште не одговори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...