Таг: закани
таг: закани
Јакимовски, кој им се закануваше на новинарките, доби затворска казна и препорака за психијатриско лекување
Основниот кривичен суд изрече затворска казна на заканувачот Емил Јакимовски на една година и осум месеци, но претходно треба да биде на задолжително лекување во психијатриската болница во Бардовци поради утврдено психичко растројство. Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба.
Oбвинителството поднесе обвинителен предлог против него за продолжено кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 2...
Стејт департмент: Владата постигна напредок во почитувањето на слободата на медиумите
Американскиот Стејт департмент во Годишниот извештај за човековите права во Македонија за 2019 година нагласува дека владата лани постигнала напредок во почитувањето на слободата на медиумите и слободата на изразување во земјава. Сепак, Стејт департментот констатира дека сѐ уште постојат проблеми што се провлекуваат од минатите години, како што е насилството и заплашувањето на новинари. Независноста на медиумите е...
ЗНМ со остра осуда за заканите кон новинарката на „ТВ21“
Здружението на новинарите на Македонија остро ги осудува заканите упатени кон новинарката на „ТВ21“, Алмедина Исмајли од страна на Нешат Адеми кој е доскорашен член на Алијансатa за Албанците, реагираат од ЗНМ.
„Пред два дена новинарката Исмајли подготвувала прилог во кој бил споменат Адеми откако на својот Фејсбук профил објавил информација дека ја напушта АА. По емитувањето на прилогот новинарката...
Обвинителство бара продолжување на притворот за Емил Јакимовски и поднесе обвинителен предлог
Основното јавно обвинителство - Скопје до Кривичниот суд достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за Емил Јакимовски, кој им упати навреди и закани на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска. Од ОЈО сметаат дека постои реална можност тој да се даде во бегство за да ја избегне кривичната одговорност. Јакимовски од 18 јануари се наоѓа во...
Приведен Емил Јакимовски, кој им се закануваше на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска
Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар кој изминатиов викенд упати закани и навреди кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, е приведен и во моментов со него се води разговор во полициска станица, потврдија од МВР за „Мета.мк“.
Според информациите, тој бил приведен поради пријава против него за семејно насилство и полицијата соработува со Основно јавно обвинителство - Скопје,...
Новинарските здруженија од регионот ги осудија заканите и навредите врз новинарките во Македонија
Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите која претставува повеќе од 8.000 членови, остро ги осуди заканите и навредите кон Мери Јордановска, уредник во „А1он.мк“ и уредничката во „ТВ Алфа“, Искра Коровешовска.
Двете новинарки добија заканувачки пораки преку интернет од Емил Јакимовски минатата недела и тоа беше пријавено во полиција. Според пораките...
Нападите и заканите врз новинарите драстично опаднаа по 2017 година, но не исчезнаа (инфографик)
Во изминативе две години за четири до пет пати е намален бројот на случаите на повреда на правата на новинарите во земјава. Ако во 2017 година биле регистрирани 20 вакви случаи, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) лани регистрирало само четири инциденти, од кои еден бил физички напад на новинар и три случаи на вербален напад. Низ годините опаднала...
Јакимовски доби отказ од Централниот регистар, МВР и ОЈО допрва ќе треба да реагираат на заканите
Вработениот во Централниот регистар Емил Јакимовски, кој викендов упати закани и навреди кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, доби отказ од работното место. Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски вчера донела решение за престанок на работниот однос поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор.
„Емил Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од неговиот Договор за вработување според...
ЗНМ повика на брза реакција на институциите по заканите кон новинарката Јордановска
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осуди заканите и навредите упатени кон новинарката и заменик-уредничка на порталот „А1он“, Мери Јордановска.
Според пораките кои ги објави Јордановска, заканувачот со погрдни зборови ја навредувал притоа заканувајќи се дека “ќе ја искреира на некролог“.
ЗНМ ги повика Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство итно да отворат истрага и да ги...
Новинарскиот синдикат бара да се открие кој ѝ се заканува на екипата на ИРЛ
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро ги осудува заканите кон новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) испратени во последните неколку дена. Според пријавата до ССНМ, заканите биле упатени кон новинарката на ИРЛ, Маја Јовановска веднаш по објавувањето на сторијата во која се истражувани постапките при градежните активности во населбата „Тафталиџе“ во Скопје.
„Јовановска на својот телефон добила...
ЗНМ ги осуди заканите кон екипата на Истражувачката репортерска лабораторија
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осуди притисоците кои се вршат кон новинарката на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Маја Јовановска. Вербалните притисоци и вознемирување следеле откако ИРЛ ја објавила истражувачка сторија поврзана со градежни активности од последните години во населбата „Тафталиџе“ во Скопје.
Како што информираат од ЗНМ, за време на викендот, сопственикот на градежната фирма „Настел“ –...
Ванхауте: Разочарувачки малубројни се реформите во медиумите
Некогашниот главен медијатор помеѓу политичките партии во земјата за време на т.н. „Пржински процес“, кој доведе до Договорот од Пржино, Петер Ванауте, деновиве престојуваше во Скопје. Во интервјуто тој говори за дел од пржинскиот процес, реформите во медиумскиот сектор и како тој гледа на нив во моментов
Дали сте запознаен со текот на реформите во медиумите во изминатите три години...
ССНМ и ЗНМ ги осудија заканите кон Героски и порачаа институциите да реагираат
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинарите на Македонија остро ги осудуваат заканите кои вчера биле упатени кон главниот уредник на „Плусинфо“, Бранко Героски.
Според информациите кои јавно ги објави Героски, извесен Борче Гиноски на социјалната мрежа му упатил директна закана со зборовите „Гледај да не те бањаат во Вардар“. Според главниот уредник овие закани се...
Во говорот на Груби за Река има елементи на говор на омраза и е против европските вредности
Говорот на пратеникот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Артан Груби на митингот во Чаир, според активистите за човекови права, претставува говор на омраза и е далеку од принципите на Европската унија (ЕУ). Освен фактот што говорот на омраза е казнив во Македонија, иако нашата земја е во изборна кампања и политичарите зборуваат за различни нешта, не треба да...
Расте бројот на инциденти во автобусите на ЈСП – Скопје (инфографик)
Вандалското однесување на дел од патниците довело до зголемување на бројот на инциденти во автобусите на ЈСП - Скопје во 2018 година. Според Годишниот извештај за работењето на ЈСП - Скопје, лани биле регистрирани вкупно 189 инциденти. Оштетувањето на возниот парк бележи најголем раст, па така, биле регистрирани дури 141 вакви случаи. На тој начин, предизвикувањето штети на автобусите...
ЕК: Новинарите да работат непречено, сите злоупотреби да се истражат
Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, ги потсетува сите политички актери во Македонија дека слободата на медиумите и новинарите е од посебна важност за ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Европската Комисија, преку портпаролката Маја Коцијанчич, реагираше на изјавите на вицепремиерот Бујар Османи и на соопштение на Министерството за здравство. Во двата случаи се формулирани закани за „правни последици“...
ЗНМ: Османи, евроинтегративецот, само декларативно се залага за слобода на духот
Одговарајќи на забелешките на министерот Роберт Поповски, но пред сè на вчерашниот настап на вицепремиерот Бујар Османи, кој се закани со тужби на медиуми поради пишувањата за скандалот со непрефрлање пари од ПИОМ на сметките на осигурениците во вториот пензиски столб, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) порача дека министрите треба да се воздржат од такви настапи кои може...
СЗО: Загадениот воздух и „антиваксерите“ се меѓу 10-те најголеми закани за здравјето
Загадениот воздух и климатските промени се на врвот на листата за најголеми закани по човековото здравје во светот во 2019 година, што ја подготви Светската здравствена организација (СЗО). На списокот со 10 точки, на 9. место се противниците на вакцинирањето.
Истовремено, во Скопје продолжува епидемијата на морбили, а со оваа болест најновите пациенти примени на Инфективна клиника се двајца возрасни...
Кривична пријава за скопјанец што на Фејсбук им се заканувал на пратеници
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во координација со Основното јавно обвинителство - Скопје, почнал постапка поради објава на Фејсбук од страна на Б.Б. (49) од Скопје. Од полицијата велат дека тој „предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието“ и „ширел расистички и ксенофобичен материјал“.
Б.Б. вчера бил повикан на службен разговор во полициска станица, а...
Tелефонската линија 0800-11-011 за помош при напад на новинари ќе биде отворена 24/7
Мисијата на ОБСЕ во Скопје во партнерство со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска во Скопје на прес-конференција ја промовираше бесплатната телефонска линија 0800-11-011 за помош на новинари во случај на закани, напади и насилство кон новинарите.
Бесплатната телефонска линија ќе функционира 24/7 и ќе овозможи помош и поддршка на новинарите и медиумските работници во случај на...