fbpx

ЗНМ: Османи, евроинтегративецот, само декларативно се залага за слобода на духот

-

Одговарајќи на забелешките на министерот Роберт Поповски, но пред сè на вчерашниот настап на вицепремиерот Бујар Османи, кој се закани со тужби на медиуми поради пишувањата за скандалот со непрефрлање пари од ПИОМ на сметките на осигурениците во вториот пензиски столб, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) порача дека министрите треба да се воздржат од такви настапи кои може да се сфатат како закани или етикетирање на медиумите.

„ЗНМ смета дека јавните функционери, особено министрите, треба да се воздржат од изјави кои што на кој било кој начин може да се сфатат како закани или како етикетирање на медиумите. Приниципиелно, таков начин на комуникација не може да влијае на професионализацијата на медиумите. Вицепремиерот Бујар Османи говорејќи за скандалот во ПИОМ се закани со тужби до сите медиуми кои овој скандал го поврзуваат со функционери на ДУИ. Напоменуваме дека работа на медиумите е да истражуваат и изразуваат сомневања за сите функционери, без разлика од која партија доаѓаат, а владините претставници, во случајов Вицепремиерот кој е задолжен за евроинтеграциите, треба да се воздржат од закани со тужби во духот на слободниот говор за кој декларативно се залагаат“, порача новинарската организација реагирајќи на настапот на Бујар Османи.

Според ЗНМ, евентуалните недоразбирања треба да се решаваат по пат на транспарентност и отвореност, а не со закани за тужење.

Според новинарскиот еснаф, и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски се огрешува кон медиумите и новинарите, етикетирајќи медиумски куќи.

„Во контекст на изјавата на министерот Роберт Поповски каде се сугерира дека во ТВ Алфа има влијание на структури од претходната власт, пак, сметаме дека коментари со кои на политичка основа се етикетираат медиуми, не придонесуваат за подобар медиумски амбиент и европски вредности. Професионализацијата на медиумите, вклучително и на оние кои со години ги кршеа или ги кршат професионалните стандарди е долг процес во кој се бара конечно и целосно одлепување на сите политички влијанија во медиумите, во насока на стандардизирање на етичките и морални принципи на новинарството, а во тој процес сите општествени чинители, вклучително и членовите на Владата треба да бидат повнимателни“, вели ЗНМ.

Истовремено, организацијата ги повика медиумите да ги почитуваат етичките и професионалните стандари.

„Потсетуваме дека телата за саморегулација и јавноста може да ценат за професионалноста или непрофесионалноста на медиумите и начинот на кој тие работат и известуваат. Сите граѓани, а меѓу нив и функционерите и министрите, ги охрабруваме, преку овие тела да овозможат подигање на стандардите на медиумите, бидејќи кршењето на тие стандарди не е во ничиј интерес, а најмалку во полза на довербата во медиумите“, порачува Здружението на новинарите на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гореле диви депонии во Желино и Боговиње

Две диви депонии синоќа гореле во Полошкиот регион. Според информациите од Центарот за управување со кризи се случиле два пожари на отворен простор во последното деноноќие, во атарот на...