fbpx
Таг: Vstnmr2022ttsv

таг: vstnmr2022ttsv

Руска пропаганда е дека земјите од Западен Балкан пратиле „платеници“ да се борат во Украина

Преку тенденциозен и сензационалистички наслов, еден портал преку „Фејсбук“ ја дезинформира јавноста дека многу косовски граѓани се мобилизирани да ја бранат Украина по повод неодамнешните настани поврзани со Русија. Ова освен што не е точно, на граѓаните на Косово со закон им е забрането да учествуваат во војни надвор од Косово, а Министерството за надворешни работи на Косово потврди...

Контраспин: Јакимовски спинува кога вели дека војната меѓу Русија и Украина е поради украинскиот претседател „комичар“

Причините за војната меѓу Русија и Украина, која започна со инвазија и широк воен напад на руската армија врз територијата на целата земја се повеќеслојни и сложени, а изјавите на Стевче Јакимовски, лидер на парламентарна партија дека тоа се должи на Украина на нивниот претседател „комичар“ се класично извртување на вистината и спинови. Ниту Зеленски е „комичар“, напротив, тој...

БиБиСи со проверка на фактите во обраќањето на Владимир Путин

Тимот на проверувачи на факти „Reality Check“ на британскиот државен радиодифузер Би-Би-Си го анализираше долгото полноќно обраќање на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, откако нареди руски војници да влезат во двата бунтовни региони во источна Украина, во Донецката и во Луганската област, а претходно ги призна самонаречените „Донецка народна република“ и „Луганска народна република“ како држави. Подолу го пренесуваме...

ГЛОБСЕК: Северна Македонија има прозападни амбиции, но е ранлива на влијанија од Кремљ и Пекинг

Индексот на ранливост на ГЛОБСЕК ја анализира ранливоста на осум земји од Централна Европа и Западен Балкан (Бугарија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија, Словачка) кон странско малигно влијание во 5 димензии: јавни ставови, политички пејсаж, јавна администрација, информативен пејзаж и граѓански и академски простор. Преку овој индекс, на скала од 1 до 100 се откриваат меки...

„EU vs Disinfo“: Како Кремљ фабрикува причини за инвазија на Украина

„EU vs Disinfo“, ЕУ-сервисот за борба против дезинформациите и манипулациите што се пласираат од официјална Москва и од нејзините трабанти објави нова анализа на преовладувачките дезинформациски наративи во врска со Украина, која што ја пренесуваме во целост: Среде воената ескалација долж границите на Украина, медиумите контролирани од руската држава продолжуваат да негуваат дезинформациски наративи за закани за злосторства или за...

Мисијата на САД во НАТО со иницијатива за откривање на руски дезинформации

Мисијата на САД во НАТО покрена иницијатива наречена „We choose facts” (Ние избираме факти), која има за цел да ги разоружи дезинформациите и пропагандата што Русија ги користи во однос на споровите со Украина, пишува Порталб.мк. Мисијата на САД во НАТО оценува дека дезинформирањето е едно од најважните и најраспространетите оружја на Кремљ, а Русија го функционализираше концептот на постојана...

Порталб: Албанците не се „платеници“ испратени во Украина

Наративи кои го претставуваат Албанецот како криминалец се појавуваат во медиумите кога има политичка криза во земјата или во случајов меѓународна криза како што е онаа на Русија со Украина и Западот, објави Порталб. Во текстот што го рецензира Порталб, Албанците кои живеат во Украина се етикетирани како платеници кои се борат против Русија, а вистината е дека тие...

Општина Центар не знае кој ја отстранил таблата со украинскиот град Севастопољ од „руското“ игралиште

Општина Центар не ја отстранила таблата со името на украинскиот град Севастопољ од детското игралиште со руска тематика позади Универзалната сала. Од општината немаат одговор на прашањето кој и зошто ја отстранил таблата со името на украинскиот град што се наоѓаше помеѓу имињата на руски градови. „Досега немаме добиено информации за тоа кој ја отстранил таблата од игралиштето“, велат за...

Вистиномер: Лага е дека баба од Русија открила таен рецепт за висок крвен притисок

Проверката на „Вистиномер“ покажа дека жената од фотографијата нема никаква врска со „баба од Русија која го нуди тајниот рецепт“. Оваа фотографија може да се најде на сајтовите за продажба и да се купи за помалку од 10 евра. „Тајниот рецепт“, пак, водата од кормид, не е препорака од лекарите за лечење на висок притисок, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го...

Со измислена изјава се велича моќта на Русија

Прашањата на меѓународната безбедност и воените теми имаат тенденција да привлечат голем интерес кај читателите, поради што често се случува одредени настани или изјави да бидат извадени од контекст, и им се даваат сензационалистички бои. На овој начин, колку повеќе се кликнува на линкот, толку повеќе се зголемува рекламирањето и профитот на луѓето кои го злоупотребуваат медиумскиот простор. Во...

Анализа: Македонската економија полека се престројува на гас

Минатата година се потрошени рекордни 420 милиони нормални метри кубни гас. Во Северна Македонија до 2024 година треба да се обезбедат капацитети за пристап до 5,5 милијарди метри кубни гас со интерконекцијата со Грција. Земјава треба да стане гасен јазол од каде гас ќе влечат Косово и Јужна Србија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Северна...

Здружението „Лесја Украинка“ бара властите да преземат мерки за единство со украинскиот народ

Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ денеска се обрати до македонското раководство со замолување да се преземат сите можни мерки за да се покаже единството на Северна Македонија со украинскиот народ и да се поддржи правото на избор на секоја нација да ја одбере сопствената иднина и да одлучува за сопствената судбина. „Украина е во првите редови...

Борис Џонсон во изјавата за НАТО не ја споменува ниту Петровска ниту Северна Македонија

Текстот што го анализираме, во насловот содржи невистини и е сензационалистички. Од една страна иронично се „исмејува“ подготвеноста на министерката за одбрана на Северна Македонија, Славјанка Петровска, да им помогне на НАТО сојузниците во евентуален руско-украински конфликт, а од друга страна, се остава простор да се помисли дека во текстот се зборува за директна помош од РСМ, со војници...

Украина бара од Северна Македонија да се приклучи кон економските санкции на ЕУ кон Русија

Украинската амбасадорка во Северна Македонија, Наталија Задорожњук на панел-дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Руско-украинската криза и Северна Македонија“, која се одржа на 9 февруари, изјави дека Украина очекува јасна и недвосмислена политичка поддршка од пријателска Северна Македонија во однос на конфликтот меѓу Русија и Украина, но и нашата земја да се приклучи на економските санкции кон Русија што беа воведени...

Вистиномер: Георгиевски не дал никаква изјава поврзана со случувањата во Украина

Се работи за неточна содржина објавена над фотографија од претседателот на ВМРО НП и поранешен премиер Љубчо Георгиевски. Тој за „Вистиномер“ изјави дека се работи за тотална дезинформација, дополнувајќи дека веќе два месеци нема дадено никаква изјава за никаква тема. Инаку, станува збор за преземена сатирична вест, но во објавата на Фејсбук тоа никаде не е наведено, а и...

Македонски манифест: Цутење на словенските фиданки после античкиот зимски период

Ова здружение не го слушнавме да говори за нашиот словенски ген во време кога тоа не беше „во мода“, односно кога, не толку одамна, бевме претворани во антички народ, кој нема никаква врска со словенската матица. А, сега Манифестот го става акцентот на нашите словенски фиданки. Неволјата по членовите на здружението се појавува во фактот дека и Украинците се,...

Вистиномер: Руската пропаганда за време на македонската политичка криза (2015) – дезинформации за „украинско сценарио“

Анализа на дезинформациите и теориите на заговор за „украинско сценарио“, „обоена револуција“ и „македонски мајдан“ со кои руската пропаганда и нејзините локални сојузници во текот на 2015 година наметнуваа наративи за оправдување на руската агресија кон Украина и антидемократските практики на популистичките режими на Путин и Груевски, нагласува новата анализа на Вистиномер, што подолу ја пренесуваме во целост:   Пишува: Жарко...

Истражувачката новинарка Елена Милашина избега од Русија по заканите од чеченскиот лидер

Руските власти треба да ја осигураат безбедноста на новинарката Елена Милашина и навремено да ги истражат заканите упатени од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров кон неа и кон независните медиуми, соопшти Комитетот за заштита на новинарите, пренесува „Вистиномер“. Уредниците на независниот весник „Новаја газета“ одлучија да ја испратат надвор од државата Елена Милашина, истражувачка новинарка на медиумот кој известува на теми...

Борба со руски тролови: Во Литванија армија од волонтери војува против руската пропаганда

Руските „трол-фарми“ – организирани онлајн агитатори, ги идентификуваат поплаките во други земји и потоа се вметнуваат – влегуваат во тие дебати со цел да ги разгорат. Наместо да промовираат некоја политичка идеологија, професионалните руски тролови се фокусираат на разгорување на емоциите околу вжештените теми, како што се на пример, прашањата за контрола на оружјето или имиграцијата во САД, за...

Украина очекува поддршка од Северна Македонија во нејзините напори да ја спречи Русија

Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Наталија Задорожњук, говорејќи за конфликтот меѓу Украина и Русија, вчера рече дека не би било претерување да се каже дека денеска се решава судбината на меѓународниот правен поредок. Во својот говор на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Украинско - руската криза и Северна Македонија“, таа истакна дека или ќе живееме во релативно...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...