fbpx
Таг: Водно

таг: Водно

Граѓанските иницијативи велат дека има алтернативна траса за гасоводот на Водно

По средбата со надлежните институции, граѓанските иницијативи остануваат на ставот дека се против изградбата на гасовод низ парк-шумата Водно. Една од причините како што велат, е што парк-шума Водно е заштитено подрачје, дом на загрозени, ретки и ендемични видови. „Парк-шума Водно има заштитен статус кој Собранието на Град Скопје го има донесено во 1976, а потврдено во 1991. Претставува регистрирано природно...

Граѓанските организации повикуваат да се спаси Водно

Граѓанските организации ги повикуваат граѓаните во недела во 8 часот да дојдат кај Полициската станица во подножјето на Водно за да упатат порака против изградбата на гасоводот преку Водно. Тие бараат од надлежните институции запирање на градежните активности во парк-шумата Водно и таа да добие статус на заштитено подрачје. Како што велат во нивниот апел на Фејсбук, тие не се против...

Автобусите на ЈСП со нов возен ред кон Водно

Поради големиот интерес на граѓаните, автобусите на пробните линии 25А и 25Б до Средно Водно од овој викенд ќе сообраќаат според нов возен ред и ќе зачестат, односно ќе тргнуваат на половина час, информираат од ЈСП. Пробната линија со број 25А сообраќа на релација од Стара железничка станица до Средно Водно, а пробната линија со број 25Б сообраќа на релацијата...

Од утре, секој викенд на Водно без автомобили

Најавената забрана за движење возила на патот до Средно Водно ќе се воведе викендов, соопшти скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Според планот, забраната ќе биде од 9 до 16 часот, а ќе важи од клучката за Сопиште и од манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно. Ќе биде на сила за време на викендите и на државните празници, а се однесува на сите...

Од викендот следната седмица, Водно ќе биде без автомобили

Најавената забрана за движење возила на патот до Средно Водно ќе се воведе од наредниот викенд, односно 25 и 26 ноември 2017 година, извести Град Скопје. Според планот, оваа забрана ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркиралиштето кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно. Ќе биде на сила во викендите и на државните...

Пожар на Матка, се шири кон Шишево

Пожар попладнево избувнал на Матка и се шири кон браната и кон селото Шишево, соопшти Центарот за управување со кризи. Како што информираат од ЦУК, пожарот избил на левата страна на браната Матка, зафатил мешана шума и постепено почнал да се шири кон планината Водно. Огнените јазици подоцна се префрлиле и на десната страна на браната и се шират кон...

Европскиот ден на знамето се одбележа со традиционален марш на Водно

Европското движење во Република Македонија во партнерство со Делегацијата на Европската Унија го одбележаа Европскиот ден на знамето со традиционалниот планинарски марш на Водно. Настанот почна пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, каде што се разменија знамињата на Македонија и на Европската Унија. Потоа, колона од планинари, ученици и активисти на граѓански организации тргнаа кон врвот на Водно...

Битолчанец повреден во сообраќајка на Водно

Во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладнето на патот од населбата Козле кон манастирот „Свети Пантелејмон“ во селото Горно Нерези на Водно, тешки повреди задобил 25-годишен битолчанец. Како што извести СВР Скопје, во 16.30 часот вчера се судриле автомобилите „опел корса“ управуван од повредениот млад битолчанец и автомобил „опел астра“, управуван од 41-годишниот скопјанец С.Т. Полицијата извршила увид, а повредениот...

Трета акција „В џеб, ако нема каде друго!” за чистење на Водно

Во организација на Движењето ЛЕАД, денеска група млади од различна етничка припадност ќе спроведат акција за чистење на Водно од отпадоци. Акцијата која е трета по ред, во рамките на проектот „В џеб, ако нема каде друго!“, групата ќе ја почне во 10 часот од Средно Водно. Проектот „В џеб ако нема каде друго!“ е поддржан од програмата „Цивика мобилитас“ на...

Денеска се чистеше Македонија

Волонтери на различна возраст, денеска учествуваа во повеќе акции за чистење низ целата земја по повод Светскиот ден на животната средина. Дел од нив, денеска го чистеа Средно Водно, под мотото на проектот „В џеб, ако нема каде друго!“. Младите волонтери собраа значително количество отпад фрлен по патот, а помош добија и од вработени во секторот за зачувување на животната средина на Град...

Акции за чистење на Водно и на Матка

Претставници на граѓанските организации денеска имаат акции за чистење на падините на Водно и на кањонот Матка. Под мотото „В џеб, ако нема каде друго!“, волонтери на Движењето за едукација и за унапредување на дијалогот ЛЕАД, денеска ќе ги чистат падините на Водно. Волонтерите со жичницата  ќе бидат префрлени до врвот на Водно, а оттаму, пешачејќи до Средно Водно, ќе собираат...

Планинарски марш на Водно по повод Европскиот ден на знамето

Европското движење во Република Македонија денеска организира планинарски марш на Водно по повод Европскиот ден на знамето. Со традиционална размена на знамињата на Македонија и на ЕУ, пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, ќе почне маршот кон Водно, каде ќе се постават двете знамиња. Планинарскиот марш е дел од програмата за одбележување на Денот на Европа, а манифестацијата,...

Искачување на Водно по повод Свети Трифун

Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ денеска по повод празникот на виното, Свети Трифун, организира групно планинарење и возење велосипеди до врвот на Водно. Трката почна во девет часот утринава, пред основното училиште „Кочо Рацин“, а околу 11 часот на врвот на Водно е предвидено дружење и традиционално одбележување на празникот со македонско вино. Настанот, кој е дел од...

На Водно ќе се гради парк во спомен на жртвите на сообраќајни несреќи

По повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, денеска на Средно Водно со засдување дрвца ќе биде промовиран парк во спомен на лицата што оваа година го загубија животот во сообраќајки во Република Македонија. На настанот што го организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), ќе присуствуваат претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски, директорот на Комисијата...

ОНА ја презеде одговорноста за проектилите истрелани во зградата на Водно

ОНА, преку коминике потпишано од извезен командант Куштрим, ја презеде одговорноста за испуканиот проектил на 28 септември во стамбениот комплекс „Соравија ресорт“ на улицата Тодор Александров на Водно, објавија неколку косовски медиуми. „Со одлука на главниот штаб, успешно е извршена акција на 28 септември 2015 година, во 17.45 часот, од специјалната единица на ОНА во гнездото на злоделата над албанското население во МВР...

Шилегов: Премиере, ако не сте сопственик на плацот на Водно, што криете?

Пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов, на денешната седница во Собранието, посветена на пратенички прашања, директно го праша премиерот Никола Груевски дали е тој сопственик на плацеви на Водно. Шилегов рече дека неговата партија, по доаѓањето на власт, ќе направи законски измени со кои, сите офшор-компании ќе бидат обврзани да ги кажат имињата на вистинските сопственици и, во спротивно, секој имот...

Пожар избувна на Водно

Голем пожар доцна попладнево избувна на планината Водно, во реонот на скопската општина Кисела Вода. Како што пренесуваат медиумите, огнот со голема брзина се шири, а на теренот пристигнуваат противпожарните екипи да го локализираат и да го изгаснат огнот. Порталот „Плусинфо“ јавува дека од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштиле дека пред половина час на местото се испратени неколку...

Пожарникари спасиле маж и жена кои паднале во провалија на Водно

Шест пожарникари, вчера вечер спасиле маж и жена кои паднале во провалија на падините на Водно, во близина на локалитетот Марково Крувче кај новиот пат. Спасувачката мисија на пожарникарите траела речиси три часа.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Манчевски да престанат со неаргументирани изјави

СДСМ и Манчевски да престанат со неаргументирани изјави и да се посветат на реални проекти и програма, бидејќи граѓаните ја препознаваат гнасната и црна пропаганда наспроти проектите, делата и неуморната работа, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски. „Неосновани и неточни се информациите, што ги изнесе денеска потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски...

Манчевски: Груевски се обидува да го заташка криминалот со парцелите на Водно

Никола Груевски очигледно се обидува да го заташка криминалот со парцелите на Водно тежок 17 милиони евра, но јавноста многу добро знае за алчноста на Груевски за илјадници метри квадратни на Водно, вредни милиони евра, рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски. - Од аудио доказите коишто ги објави СДСМ евидентно е дека токму Никола Груевски, лично и прецизно договора со...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...