fbpx

Манчевски: Груевски се обидува да го заташка криминалот со парцелите на Водно

-

Никола Груевски очигледно се обидува да го заташка криминалот со парцелите на Водно тежок 17 милиони евра, но јавноста многу добро знае за алчноста на Груевски за илјадници метри квадратни на Водно, вредни милиони евра, рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

– Од аудио доказите коишто ги објави СДСМ евидентно е дека токму Никола Груевски, лично и прецизно договора со Миле Јанакиески каде и колкава да биде парцелата на Водно. Граѓаните ги слушнаа разговорите каде што Груевски и Јанакиески договараат промени на ДУП-от и ГУП-от, како Груевски бара начини да се прошири парцелата, се интересира за „највисоката точка“, да нема никој „над него“, бара пат, ѕид, тргува со плацевите – вели Манчевски.

Потпретседателот на СДСМ рече дека врз основа на аудио доказите поднесена е и кривична пријава до Јавното обвинителство за организиран крминал и корупција против Никола Груевски, Коце Трајановски и други лица кои се директно инволвирани во криминални и коруптивни дејствија во врска со парцелите на Водно, а дека со овој случај ќе се занимава и Специјалниот јавен обвинител.

– Промената на сопственикот на земјиштето, не може да го спаси Никола Груевски и неговите соработници за целокупниот криминал со овие парцели. На Никола Груевски ако досега не му стана јасно веќе мора да му биде кристално јасно: бегање од одговорноста нема – рече Манчевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...