fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Манчевски да престанат со неаргументирани изјави

-

СДСМ и Манчевски да престанат со неаргументирани изјави и да се посветат на реални проекти и програма, бидејќи граѓаните ја препознаваат гнасната и црна пропаганда наспроти проектите, делата и неуморната работа, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

„Неосновани и неточни се информациите, што ги изнесе денеска потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски за земјиштето на Водно. Имаат за задача да ја изманипулираат јавноста и да бидат дел од црната и гнасна кампања која се води долг период наназад за премиерот Никола Груевски. Дамјан Манчевски е човекот кој најмалку треба да зборува за наводни криминалии и афери, бидејќи тој самиот и е познат на јавноста по тендерите кои што ги добива од градоначалниците на СДСМ. Да се потсетиме како Манчевски го доби тендерот за паркинзите во Куманово тежок приближно половина милион евра. Преку белградската фирма „Метропаркинг”, отвора сестринска фирма во Македонија во која самиот тој е управител преземајќи ги сите права и обврски од своите соработници, меѓу кои и Јасна Црвенковска, сопругата на Бранко Црвенковски. За да биде криминалот поголем, фирмата со која Дамјан Манчевски го доби тендерот не ги исполнуваше условите, а сепак градоначалникот на Куманово Дамјановски и Манчевски останаа глуви на тоа и не го раскинаа договорот“, се вели во реакцијара на владеачката партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...