Граѓанските иницијативи велат дека има алтернативна траса за гасоводот на Водно

-

По средбата со надлежните институции, граѓанските иницијативи остануваат на ставот дека се против изградбата на гасовод низ парк-шумата Водно.

Една од причините како што велат, е што парк-шума Водно е заштитено подрачје, дом на загрозени, ретки и ендемични видови.

„Парк-шума Водно има заштитен статус кој Собранието на Град Скопје го има донесено во 1976, а потврдено во 1991. Претставува регистрирано природно наследство кое според Меѓународниот сојуз за заштита на природата и природните богатства (IUCN) има меѓународен статус. Режимот на заштита забранува сеча, поткастрување, кршење, насилно оштетување на дрвја, стебла, корења, гранки; менување на растителни услови, како отстранување на земја; градење на поголеми постојани објекти или градби на подрачјето на непосредниот растителен реон“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека трасата на гасоводот, 11 км по Водно, би поминала низ над 4 километри високостеблеста шума, дел низ т.н. нискостеблеста шума, би ги уништила живеалиштата на зачајни видови.

„Гасоводот на териоторијата на парк-шума Водно започнува од јужната страна од село Сопиште, при што преку срт оди кон врвот на Водно, па паралелно со пешачката патека кон бункерите, цело време низ шума, по што повторно преку шума оди до Бел Камен, од каде се спушта према с. Шишево. Ова претставува една од поомилените рекреативни зони на скопјани, особено по изградбата на жичарата, а посебно популарна од отпочнување на градежните работи на кулата на АЕК, поради која постителите веќе го избегнуваат врвот Крстовар. Со изведба на трасата, наместо шума тука би се појавил соголен срт“, се додава во соопштението.

Од граѓанските иницијативи велат дека имајќи предвид дека постои алтернативно решение кое поминува од северната страна на Скопје и кое било разгледувано во 4 од можните 5 варијанти на оваа траса, штетите нанесени на парк-шума Водно се неоправдани.

„Доколку се продолжи со работење на трасата низ парк-шума Водно, даваме до знаење дека ние граѓаните ќе се бориме со сите расположиви средства против. Се надеваме дека МЕР, Владата, ќе одобри алтернативна траса, со што парк-шума Водно ќе остане заштитена, а магистралинот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар ќе се изгради“, додаваат од таму.

Мисијата НСАТУ не предвидува борбени дејствија на НАТО во Украина

Објава на Фејсбук шири паника, порачувајќи им на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија да се пакуваат за на фронт, затоа што „изгледа“ дека НАТО ќе се вклучи...