Денеска се чистеше Македонија

-

Волонтери на различна возраст, денеска учествуваа во повеќе акции за чистење низ целата земја по повод Светскиот ден на животната средина.

Дел од нив, денеска го чистеа Средно Водно, под мотото на проектот „В џеб, ако нема каде друго!“. Младите волонтери собраа значително количество отпад фрлен по патот, а помош добија и од вработени во секторот за зачувување на животната средина на Град Скопје.

Организатор на оваа акција е новото Движење за едукација и унапредување на дијалогот ЛЕАД. Ова е прв проект на оваа невладина организација. Со проектот „В џеб, ако нема каде друго!“ се предвидени шест вакви акции, во наредните шест месеци, поддржани од програмата „Цивика мобилитас“.

Министерството за животна средина и просторно планирање, пак, спроведе акции со помош на Агенцијата за млади и спорт и на јавните комунални претпријатија на општините, како дел од  националната кампања „Македонија без отпад“.

Се чистеше во Сарај на влезот на езерото Треска, кај новата пречистителна станица за отпадни води, каде беше отстранет несоодветно одложениот отпад.

Во Неготино се чистеше околу спортската сала „Младост“, во Кавадарци беше извршено подводно чистење на отпад на Тиквешкото Езеро од страна на нуркачкиот клуб „Врело“, додека во Конче се чистеше отпад на местото Ирон дол во близина на Лубница.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...