fbpx
Таг: вода

таг: вода

Поради неплатен долг сопрена водата во студентскиот дом „Кузман“

Водата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“ во Скопје била сопрена утрово од ЈП „Водовод и канализација“, иако на претпријатието му било кажано дека е најдено решение за да се покрие долгот за вода, соопшти Државен студентски дом „Скопје“. Според в.д. директорот Атанас Бојчев, водата била сопрена без предупредување. - Постапката на ова јавно претпријатие е без оправдување, со оглед...

Годината беше сушна, затоа водостојот на Охридско Езеро е намален, велат од ЕЛЕМ

„Годината беше сушна, дотеците се многу мали. Затекнавме загрижувачка состојба на сите акумулации во земјата, но ќе се потрудиме нивоата на водата да ги задржиме во некаква оптимална состојба и да искористиме максимум од потенцијалот“, изјави денеска во Охрид директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски. Тој додаде дека производството на електрична енергија од акумулациите „Глобочица“ и „Шпилје“ не смее да влијае негативно...

Високите катови во Аеродром и во Ново Лисиче без вода в недела

Почнувајќи од првите минути по полноќ, в недела ќе биде во прекин дотекот на вода за високата зона во населбите Аеродром и Ново Лисиче, извести Град Скопје. Прекинот е поради зафат на водоводните цевки кај кружниот тек на булеварот Србија и на улицата Христо Татарчев. Водоснабдувањето ќе се нормализира дури по завршување на зафатот, а информации може да се побараат од...

Ешерихија коли во водоводот на неколку гевгелиски села, 120 лица заразени

Околу 120 жителите од гевгелиските села Селемлија, Богородица и Стојаково се заразиле од нечиста вода, во која имало бактерии од типот ешерихија коли како последица од фекaлно загадување, поради дефект на водоводната мрежа. Дел од овие лица биле задржани на болничко лекување поради изразени стомачни проблеми и можност од дехидрација. Центарот за јавно здравје од Велес апелирал до жителите од овие села да...

Рим воведува рестрикции на вода, дел од фонтаните нема да работат

Градските власти во Рим воведуваат рестрикции на вода поради незапаметена суша, бидејќи ова лето паднало за 70 проценти помалку дожд од просекот. Рестрикција на вода ќе има во вечерните часови до крајот на септември. Властите најавуваат дека од овие рестрикции особено ќе бидат погодени горните катови на зградите, поради слаб притисок. Ситуацијата со водата во Рим е тешка, а во последните три месеци биле...

Полјакот Старнавски нурна до 240 метри во пештерата Врело и го урна сопствениот рекорд

Светски познатиот спелеолошки нуркач Криштоф Старнавски од Полска се спушти на длабочина од 240 метри во подводната пештера Врело на Матка, соборувајќи го минатогодишниот сопствен рекорд од 230 метри. Старнавски во придружба на неговиот тим и со логистичка поддршка од домашните спелео- нуркачи од клубовите „Акватек“ и „Врело“ од Скопје, по повеќе од пет часа успеа да се спушти на...

Припадници на Армијата се вклучија во гаснење на пожарот кај Македонски Брод

Армијата на Република Македонија се вклучи во гаснење на пожарот во атарот на селото Требовље, општина Македонски Брод, каде беше зафатена шумска површина од околу 200 хектари, информираат од таму. „Два хеликоптери од воздухопловната бригада на АРМ почнаа со интервенција веднаш по барањето за вклучување во акцијата за гаснење и извршените потребни подготовки. Во текот на изминатите неколку часа пилотите на...

Хелсиншки: Бегалците во кампот „Табановце“ дневно добиваат половина литар вода за пиење

Состојбата со бегалците во прифатно-транзитните кампови „Винојуг“ и „Табановце“ во текот на минатиот месец останала непроменета и во овие кампови вкупниот број на бегалци изнесувал 29 лица, се наведува во последниот месечен извештај на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Од Хелсиншки информираат дека бројот на бегалци во кампот „Винојуг“ кај Гевгелија е мал, а намалена е и фреквенцијата на движење...

Падна пресудата од милион евра отштета за ЗК „Пелагонија“

Апелацискиот суд во Битола ја укина пресудата од еден милион евра отштета што јавното претпријатие „Стрежево“ – Битола требаше да му ја исплати на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола, заради договорена, а неиспорачана вода за наводнување на земјоделските парцели на комбинатот во летото 2015 година, кога хидросистемот имаше хаварија на цевководот. Апелацискиот суд во Битола расправајќи речиси седум месеци по...

Геологот Боев тврди дека сушата нема да ја остави Македонија без вода за пиење

Сушата нема да влијае врз питката вода со која се снабдуваат македонските градови, бидејќи водата е длабоко складирана во карстните резервоари. Ова го тврди ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, геологот Блажо Боев. Според него, овие води се едни од поквалитетните природни питки води во Европа. - Безмалку сите населени места во земјава се снабдуваат од вакви природни резервоари....

„Арсена“: И гевгелиските села Моин и Богородица пијат вода со арсен

Лабораторијата во Солун утврдила дека гевгелиските села Моин и Богородица, кои се приклучени на градската водоводна мрежа, добиваат вода со висока концентрација на арсен, информираат од граѓанската иницијатива „Арсена“. „Со анализа на примерок вода од домаќинства во овие населени места, констатирано е присуство на 17,7 микрограми арсен на еден литар вода во потпланинското село Моин и 16,9 микрограми арсен во...

„Стрежево“ треба да му плати милион евра на ЗК „Пелагонија“ за неиспорачана вода

Еден милион евра е сумата што јавното претпријатие „Стрежево“ - Битола треба да му ја исплати на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола, заради договорена, а неиспорачана вода за наводнување на земјоделските парцели на комбинатот во летото 2015 година, кога хидросистемот имаше хаварија на цевководот. Ваква пресуда донесе Основниот суд во Битола по тужбата на „Пелагонија“ против „Стрежево“ за надомест на...

Во некои тетовски населби нема капка вода, таму каде што ја има е заматена

Граѓаните што живеат во горниот дел на Тетово, втор ден се соочуваат со целодневни рестрикции во водоснабдувањето. Во другиот дел на градот вода има по неколку часа, но таа според последните анализи на Центарот за јавно здравје Тетово, е заматена. - Немаме капка вода цел ден. Ова е ужас, ама сме се навикнале. Купуваме вода, полниме резерви во буриња - вели една...

На Меѓународниот ден на водите, „Арсена“ потсети на загадената вода во Гевгелија

Граѓанската иницијатива „Арсена“ подели пакувања чиста вода на штанд поставен на градското шеталиште во центарот на Гевгелија, по повод Меѓународниот ден на водите. Мотото на оваа акција беше „Здрава вода за здрав живот“, а целта беше да се актуелизира долгогодишниот проблем на гевгеличани со потребата од чиста вода за пиење, поради присуството на енормно високи концентрации на отровниот металоид арсен во водите од...

Жители на Волковија протестираа поради загадувањето на селските извори

Со мирен протест, жителите од тетовското село Волковија го искажаа своето незадоволство поради, како што рекоа, загадувањето на селските извори од кои се снабдуваат со вода за пиење. Тие посочијa дека изворите се загадуваат поради градежни работи кои ги врши приватна фирма, ангажирана за изградба на воспитно-поправен дом, кој се гради во близина на изворите и во атарот на нивното...

Се повлече водата зад браната во САД, се очекуваат нови поројни дождови

Водата зад најголемата брана во САД, на северот на Калифорнија се повлекла, јавуваат американските медиуми. Инженерите брзо ја исфрлаат водата од преполниот резервоар и го зајакнуваат помошниот преливник на браната на езерото Оровил, пред новиот бран поројни дождови кои се најавени за утре. Властите соопштија дека ја спречиле непосредната опасност од катастрофално пукање на браната, кое би можела да ги поплави...

Нивото на Охридско Езеро се врати на дозволениот минимум

Мобилизацијата на еколошките асоцијации и нивните протести вродија со плод, така што нивото на водата во Охридското Езеро се врати на дозволениот минимум. Спопред последните мерења што ги врши УХМР, нивото е во граница на дозволениот минимум. По затворањето на испустот кај вливот на реката Црн Дрим, од пред десетина дена, нивото на водата во езерото е пораснато за четири сантиметри. Од...

Аларм од албанска страна: Водата во Охридско Езеро е повлечена за околу 40 метри

Нивото на водата во Охридско Езеро неколку недели е под минималната кота, односно 23 сантиметри под нивото дозволено од страна на УНЕСКО, предупредува експертот по животна средина од Поградец и порашен претставник на Албанија во заедничкиот Билатерален комитет за заштита на Охридското Езеро, Аријан Мероли. Како што пренесува порталот „Охрид прес“, во најниските крајбрежни подрачја, на потегот од градските плажи во Поградец...

ЕЛЕМ: Нема неконтролирано испуштање вода од Охридско Езеро

Од АД ЕЛЕМ велат дека е „лага дека водите од Охридско Езеро биле прекумерно искористувани за производство на електрична енергија“, како реакција на соопштението на СДСМ. - Зголеменото производство во декември е според планот за работа за тој месец, како и поради натпросечните дотеци во ноември, а, пак, намаленото производство за јануари се базира врз планот  во енергетскиот биланс за...

Еко-свест бара нови опции во енергетскиот систем и одржлив развој на Охрид

Центарот за истражување и информирање на животната средина, „Еко-свест“, препорачува разгледување на нови опции за развој на електроенергетскиот систем на Македонија кои би обезбедиле поголема сигурност во снабдувањето и би придонеле кон намалување на енормното аерозагадување. - Во услови кога има енормно загадување на воздухот во повеќе градови низ Македонија, Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) најавува дури четири нови термоелектрани на...

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...