fbpx
Таг: Вистиномер

таг: Вистиномер

Влатко Ѓорчев со претседателски амбиции и политички стаж без криминален багаж

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко  Ѓорчев, е првиот кој се охрабри јавно да ги соопшти своите амбиции да влезе во битката за шеф на државата. Тој уште пред една недела (23.01.2019), објави дека се пријавил на конкурсот на ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат, кој трае до денеска, пишува „Вистиномер“. Ѓорчев е дипломиран политиколог, кој во август минатата година наполни 40 години и...

ТОП 5 Контраспина за 2018: Кои беа главните теми за спинување

Да се одберат пет спинови што беа деспинувани во рубриката „Контраспин“ на „Вистиномер“ е мала бројка за она што се случуваше во 2018 година, во која вистината се извртуваше на големо и тоа од сите страни. Под паролите „името не го даваме“ или „името го продадовте“, сепак, се случуваше главното извртување на вистината, т.е. спинувањето во 2018 г, а...

ТОП 5 најголеми манипулации во 2018 година за македонското членство во НАТО

Аспирациите на Република Македонија за членство во НАТО претставуваат заложба и врвен стратешки приоритет уште од осамостојувањето на државата. Тие се постојан предмет на манипулации во јавноста и во бескрајната борба меѓу големите партии (СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ), но и од други, поситни „играчи“ на политичката сцена (Единствена Македонија, Левица и други НАТО скептици). Во овој напис, „Вистиномер“ издвојува листа од...

Уште од 2008 година за ВМРО-ДПМНЕ успешен референдум е мнозинство од излезените граѓани

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров на „Фејсбук“ објави неколку конкретни ставови околу референдумското изјаснување кои ги оценуваме како вистинити, пишува „Вистиномер“. Димитров на својот „Фејсбук“ статус посочува дека во програмата на ВМРО- ДПМНЕ на страница 295 е запишано дека: „референдумот ќе биде успешен доколку го поддржат мнозинство од граѓаните кои ќе ИЗЛЕЗАТ да гласаат, а не мнозинство од запишаните...

Мицкоски си поигрува со полускриен шовинизам и лажни бројки

Христијан Мицкоски, лидерот на главната опозициска партија кој пасивно повикуваше на бојкот, а на денот на гласањето и активно го промовираше, во својот триумфализам по објавувањето на резултатите од референдумот настапи со извртени вистини и со доза на прикриен шовинизам кој покажува дека Македонците не се тие кои што гласале на овој референдум „за“, пишува „Вистиномер“. Во обраќањето до јавноста...

Сувереноста на граѓаните најдиректно се докажува на референдумско изјаснување

Суверенитетот на граѓаните најдобро се потврдува со партиципација на референдумското изјаснување, како форма на директно демонстриран суверенитет на луѓето во сопствената држава. Покрај индиректниот, т.е. пренесување на нивната сувереност врз пратениците. Оттука, пораката дека Иванов ќе бојкотира, е всушност порака до граѓаните да се откажат од своето суверено право да одлучуваат, пишува „Вистиномер“. Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов во...

МВР за „Вистиномер“: Ќе се гради нов објект на Прифатниот центар, а не нов бегалски камп

По шпекулациите во јавноста дека се планира целосно нов центар за азиланти во Визбегово, од Министерството за внатрешни работи (МВР) за „Вистиномер“ ги негираат гласините, велејќи дека е планирано само да се изгради нов објект за постоечкиот Прифатен центар за странци, кој сега се наоѓа во поранешната детска градинка на Гази Баба и е во катастрофална состојба и не...

„Вистиномер“: Владата ги надминува ингеренциите околу МРТ и ААВМУ

Владата на Република Македонија, најблаго речено, малку ги надминала ингеренциите што ги има во однос на Јавниот радиодифузен сервиси и Агенцијата за медиуми и на својата 69. Седница oдржана на 23.05.2018 година, донела заклучок да му даде на Собранието негативно мислење околу годишните извештаи за работата на ААВМУ и на Македонската радио телевизија (МРТ) за 2017 година, стои во анализата на „Вистиномер“. Заклучокот...

Шилегов: Ќе го решавам проблемот со воздухот и ќе ги изградам тунелите под Кале!

Со проекти во вредност од 300 до 350 милиони евра во текот на неговиот мандат, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов очекува дека ќе ги реши во целост или барем во голем дел најголемите проблеми на градот, како што се загадениот воздух, преоптоварениот сообраќај, притоа плаќајќи, како што вели, разумни суми, за разлика од претходното раководство. Фасадата на Сити Галери...

Јованоски: Во Прилеп работиме на сите полиња и на сите ветени проекти

Советот на Општина Прилеп работи непречено. Се донесуваат одлуки, се штитат интересите и потребите на граѓаните. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги очекува голема работа, се подготвуваат проекти… Дали и како ќе гласаат, сепак, тоа е нивна одлука, секој треба да си ја понесе својата одговорност,  вели градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски во интервјуто за „Вистиномер“ направено во рамките на...

Бочварски: Ветените капитални проекти планирам да ги спроведам

Благој Бочварски, градоначалникот на Штип,  во интервјуто на „Вистиномер“ направено во рамките на проектот „До отчетни општини преку активни граѓани“, спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“, а поддржан од американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy), вели дека нема да се откаже од проектот за брана на Отиња, едно од неговите најголемите ветувања. Оваа брана со децении беше ветувана и од...

Денеска е Меѓународен ден на проверка на фактите

Меѓународната мрежа за проверка на фактите во соработка со сродните организации од целиот свет денеска го одбележуваат Меѓународниот ден за проверка на фактите. „Веруваме дека проверката на фактите не е работа со која треба да се занимаваат само професионалци, туку за прецизен информациски екосистем секој треба да го даде својот придонес“, порачуваат од Меѓународната мрежа за проверка на фактите. Дел од...

Владата вети и воведе „Отчетномер“

Владата на Република Македонија на прес конференција на 21.03.2017 година претстави електронска алатка (што ние неофицијално ја нарековме Отчетномер), за „мерење“ на трошоците на министерствата и другите институции од централната власт, што го оценуваме како исполнето предизборно ветување и ветување наведено во програмата за работа, пишува Теофил Блажевски на „Вистиномер.мк“. Ветување: (Владата) Ќе воведе принцип на т.н. „активна транспарентност“ на институциите,...

Недоследности и популизам околу „Мерцедесот“

Одлуката која што ја донесе Владата на својата 57 седница во врска со стопирањето на продажбата на „Мерцедесот на Груевски“, е недоследна и е последна епизода во сторијата која се повеќе се користат и популистички манири, пишува „Вистиномер.мк“. Приказната за „Мерцедесот“ започна уште со емитувањето на снимките од прислушуваните телефонски разговори до кои дојде СДСМ во 2015 година. Потоа, на...

Контролорите на судството од порано знаеле што се случува во Кривичниот суд во Скопје

Извештајот за состојбите во Кривичниот суд во Скопје што го испратил Стојанче Рибарев – в.д. претседател на судот од март до крај на октомври 2017 година, потврди дека тие што се задолжени да ги контролираат судовите, а тоа се Врховниот суд и Судскиот совет знаеле се од порано, та сепак даваат изјави, „ништо помпезно, ништо страшно“, пишува „Вистиномер.мк“ Новинарите од...

Маневски ги смеша датумите: Македонија падна на индексот на корупција во време на ВМРО-ДПМНЕ!

За само осум месеци од доаѓањето на власт на СДСМ и коалицијата со ДУИ, Македонија падна во однос на индексот на корупцијата од 66-то место на 90-то место. Тоа е влошување за цели 24 места, со што Република Македонија се става во друштво со некои африкански држави. Оваа изјава на актуелниот советник во Град Скопје и поранешен министер за правда...

Ќе поминат ли законските измени со кои ќе се скратат патните трошоци за пратениците

Пратеничката група на СДСМ на 12 јануари 2018 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, достави предлот-измени на Законот за плата и други надоместоци за пратениците и другите избрани и именувани лица и Законот за пратеници, со кои се предлага надоместокот, односно висината на сумата за патни трошоци да изнесува максимум 20 отсто од цената на горивата, наместо 30...

Нема хунта – има легална власт!

Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ во насока дека власта е хунта и дека лицата поврзани со настаните од 27.04.2017, кои се притвор, таму се ставени неосновано, не се нови, но, бидејќи се повторуваат во континуитет, оправдано е да се оцени нивната вистинитост, пишува „Вистиномер“. Зборот „хунта“ е специфичен збор со шпанско потекло, Junta, кој, пак, потекнува од латинскиот израз junctus… Ова, според...

Градоначалничките кандидати за Струга за проблемите со водата и во сообраќајот

Лавдрим Елмази од Беса, Васил Ашталкоски од СДСМ и Зијадин Села од Алијанса за Албанците на вчерашната дебата на дебатниот карван „Живот во Македонија“ (#Debatpernime), кој го организираат „Порталб“, „Калѕо“ и „Вистиномер“, порачаа дека имаат решенија за најгорливите проблеми на Струга. Понудија неколку решенија за кои ветуваат дека ќе ги реализираат ако граѓаните им ја дадат довербата и освојат...

Бизнисмени во трка за градоначалничка функција

Вклучувањето на бизнисмени во партискиот и во политичкиот живот има повеќе аспекти. Од една страна, ако станува збор за успешни бизнисмени, нивната кандидатурата е и политички профитабилна, особено на локални избори кога мал број гласови прават голема разлика. Освен што нивните вработени се и нивни потенцијални гласачи, фактот што се успешни работодавци праќа добра порака и кон сите други...

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на својата суверена држава. Во објавата произволно се тврди дека биле испратени 300 милијарди долари и...