fbpx
Таг: ВеликаБританија

таг: ВеликаБританија

Лабуристите во септември ќе го избираат наследникот на Милибанд

Лабуристичката партија, која е во опозиција, на 12 септември ќе избира нов лидер, соопштено е денеска во Лондон, шест дена по поразот на парламентарните избори. Кандидатурите ќе се поднесуваат до 15 јуни. Лабуристите на парламентарните избори минатиот викенд доживеаја катастрофален пораз освојувајќи 100 пратеници помалку од конзервативците, кои првпат по 18 години сами формираат влада. Лидерот на опозициските лабуристи, Ед Милибанд, поднесе оставка по...

Лондон ги одби мигрантските квоти на ЕУ

Британија денеска соопшти дека нема да учествува во планот на ЕУ за разместување бегалци, користејќи квоти за секоја, велејќи дека наместо тоа своето внимание ќе го насочи кон борбата против трговијата со луѓе. „Нема да учествуваме во каков било наметнат систем кој предвидува раселување и релокација“ соопшти денеска британското Министерство за внатрешни работа. Во соопштението се наведува дека Британија во својата...

Милибанд, Клег и Фараж си дадоа оставки од лидерските функции

Лидерот на лабуристите, Ед Милибанд, лидерот на либералдемократите, Ник Клег, и лидерот на антиевропската и антиимигрантската Партија за независност на Обединетото Кралство (УКИП), Најџел Фараж, денеска поднесоа оставки откако синоќа на британските парламентарни избори претрпеа тежок пораз од конзервативците на Дејвид Камерон. Либералдемократите освоија само осум места, со што изгубија 49 места во Долниот дом. Аналитичарите велат дека причината за...

Конзервативците на Камерон ја одбранија власта

Конзервативецот Дејвид Камерон на изборите во Велика Британија, според излезните анкети, освоил 329 пратенички места од вкупно 650 во Долниот дом на Парламентот, додека лабуристите освоија 233 места. Покрај лабуристите, неочекуван крах претрпеа и либералите на Ник Клег, додека шкотските националисти – СНП достигнаа историски успех. Според анкетите, шкотските националисти – СНП ќе добијат 56 мандати, а следат либералдемократите со скромни осум,...

Евакуирани повеќе од 2.000 лица поради голем пожар во Лондон

Повеќе од 2.000 лица се евакуирани во Лондон поради голем пожар кој избил во зградата на Управата за цивилно воздухопловство, соопштија локалните власти. Како што јавуваат британските медиуми, пожарникарите сè уште се обидуваат да го изгаснат огнот поради кој без електрична енергија се неколку околни згради. 2,000 people moved from #Holborn buildings after fire under pavement, London Fire Brigade says http://t.co/j751zwDmC1 pic.twitter.com/8pyFbvtf43 —...

Велика Британија го распушта парламентот и почнува изборната кампања

Британскиот премиер Дејвид Камерон побара од кралицата Елизабета Втора да го распушти парламентот, со што и официјално ќе почне предизборната кампања за парламентарни избори, закажани за 7 мај. Денот на одржувањето на изборите е одреден уште во 2010 година, кога Камерон ја оформи коалицијата со центристичките либерални демократи. Исходот од претстојните избори е неизвесен бидејќи конзервативците и лабуристите се еднакви според...

Шест лица уапсени за упад во синагога во Лондон

Шест мажи се уапсени во Велика Британија по насилно влегување во синагога, што полицијата го опиша како антисемитистички инцидент. Како што пренесува „Би-Би-Си“, полицијата соопштила дека уапсените во пијана состојба ја напуштиле забавата, која се одвивала во близина, и тргнале кон синагогата на Стамфорд Хил, на северот на Лондон. Еден човек се обидел да ги запре, при што добил удар...

Четворица британски судии санкционирани оти гледале порнографија на службените компјутери

Тројца британски судии биле отстранети од своите работни места, а уште еден си поднел оставка по истрагата која утврдила дека гледале порнографски материјал на службените компјутери во своите канцеларии, пишува лондонски „Гардијан“. Дисциплинската постапка, која ја спровела канцеларијата за истрага на судското работење, утврдила дека имало „неоправдана злоупотреба“ на службената ИТ-опрема. Членовите на комисијата, како што пренесува „Гардијан“, сепак биле задоволни...

Експлозија и пожар во училиште во Велика Британија

Во основно школо во Вејбриџ, на југоистокот на Велика Британија, денеска одекна експлозија, по која изби пожар, но, според соопштението на локалната полиција, сите ученици и вработени се на сигурно. Корисниците на социјалните мрежи објавија дека слушале бука и виделе огромен црн чад над школото „Сент Џорџ“. Противпожарните екипи биле повикани нешто по 12 часот по локално време и се ангажирани осум...

Браун: Британија без ЕУ ќе стане европска Северна Кореја

Доколку ја напушти Европската унија и остане без пријатели и влијание, Обединетото Кралство ќе стане европска Северна Кореја, смета некогашниот британски премиер Гордон Браун. Браун истакна дека Британија е на пат во следните десет години од Германија да ја преземе титулата најмоќна европска економија, но излегувањето од ЕУ ќе го загрози тоа. - Актуелниот став на премиерот Дејвид Камерон кон унијата,...

Велика Британија: Уапсени тинејџери осомничени за тероризам

Двајца тинејџери се уапсени вчера под обвинение за тероризам во британскиот град Мослиј, јавува „Манчестер ивнинг њуз“. Момчето и девојката, двајцата на возраст од 16 години, се уапсени поради вмешаност во подготовка и во поттикнување терористички чин и се наоѓаат во притвор. Во рамките на истрагата се пребаруваат и нивните домови, јавува весникот. - Сè уште не сме пронашле докази кои укажуваат...

МИ5: Сириските исламисти подготвуваат напади на Запад

Шефот на британското внатрешно разузнавање МИ5, Ендрју Паркер, изјави дека сириска исламистичка група подготвува големи атентати на Запад. Според Паркер, нападите може да бидат изведени од борците на различни групи, кои се враќаат од Сирија, а кои се поврзани со Исламска држава или со Ал Каеда. Шефот на МИ5 исткна дека ИД се заканува со убивање Британци во Сирија, но и...

„Епл пеј“ наскоро пристига и во Европа

Компанијата „Епл“ би можелa на почетокот од следната година да ја воведе својата услуга за плаќање со мобилен телефон „епл пеј“ и во Европа. Според информации на порталот „Зон-нумерик“, информатичката куќа е во преговори со британските банки за да го понуди сервисот во Велика Британија. Британскиот весник „Телеграф“ пишува дека најголемите финансиски установи во Велика Британија се заинтересирани за соработка со „Епл“, за да понудат...

Драма над Лондон: Авион не може да слета, му откажале тркалата

Авион на „Врџин Атлантик“ беспомошно кружи над југоистокот на Англија, откако при полетување му откажа десната страна од опремата за слетување. Летот „ВС43“ од Лондон за Лас Вегас кружи над Лондон додека експертите се обидуваат да најдат начин како „боинг 747“ безбедно да се приземји без едно тркало. Портпаролот на аеродромот „Гетвик“ кратко потврди дека авионот се враќал поради „мали технички...

ЦЕБИ: Велика Британија ќе стане најсилна економија во ЕУ до 2030 година

Велика Британија до 2030 година ќе стане најсилна европска економија, престигнувајќи ја Германија, оценува Центарот за економски и бизнис-истражувања (ЦЕБИ) со седиште во Лондон. Во годишниот извештај, во кој се занимава со анализа на 30 најголеми економии на светот, ЦЕБИ оцени дека падот на популацијата и најверојатното слабеење на еврото неповолно ќе влијае врз економските перформанси на Германија, пренесуваат белгиските медиуми. Од...

Снегот ја парализираше Европа

Обилните врнежи од снег предизвикаa голем метеж во Европа, а најмногу се погодени француските Алпи, каде 15.000 лица се завеани. Снежната бура остави околу 100.000 лица без струја, додека на замрзнатите автопатишта во Германија се излизгаа камиони. Во регионот се одложени авионските летови. Во Германија, поради застој на патот во близина на Штутгарт, се формираше колона долга 20 километри, на најголемиот аеродром во земјата, Франкфурт,...

Албански мигранти се криеле под новогодишни елки

Француската царина откри 16 државјани на Албанија, скриени меѓу извозните новогодишни елки. Уапсените се обиделе, од Дијеп, на северозападот на Франција, да прејдат во Велика Британија, соопшти денеска полицијата. „Слепите патници“ се пронајдени во камион со двајца возачи од Полска, кои минатиот викенд се подготвувале да се натоварат на брод, кој пловел преку Ла Манш. За време на рутинската царинска контрола, откриена...

Халуциногени печурки растат во градината на кралицата Елизабета

Печурка со халуциногени својства, која се нарекува „мухара“, е пронајдена во градината на Бакингемската палата. Засега, никој не се сомнева дека кралицата Елизабета одгледува „волшебни печурки“. Печурката „amanita muscaria“ е пронајдена во дивините на големата градина што ја опкружува палатата, за време на подготовките за снимање телевизиска емисија. Халуциногените својства на оваа печурка се одамна познати, а овој вид често се користи и за...

„Метеоролошка бомба“ предизвика тревога во Велика Британија

Велика Британија се подготвува за првото зимско невреме, а вечерва метеоролошката служба издаде неколку предупредувања за „метеоролошки бомби“ јужно од Гренланд. Силни ветрови би можеле да го зафатат Обединетото Кралство од вторник навечер и да траат до четврток наутро, соопшти британската метеоролошка служба, која издаде жолта тревога за централниот и за северниот дел на земјата и портокалова (втора по ниво...

Велика Британија: Уапсени седум осомничени терористи

Седум осомничени терористи се уапсени во Велика Британија, од кои пет во Велс, а двајца во Лондон, соопшти полицијата. Велшката полиција соопшти дека петмината уапсени се осомничени за поддршка на забранети организации. Во Лондон е уапсен 33-годишен маж, под сомневање за вмешаност во тероризам и 40-годишен маж под сомневање за посредување при вадење лажни документи. Полицијата во Лондон соопшти дека апсењата се...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...