fbpx
Таг: ВеликаБританија

таг: ВеликаБританија

Кале: Се помалку мигранти поради оградата

Бројот на мигратите кои се обидуваат да дојдат до терминалот Евротунел, во близина на простаништето Кале е намален од 2.000 на ѓ150, јави утринава „Би-Би-Си“. Велика Британија финансираше покревање дополнителна ограда со цел да го отежни пристапот на мигрантите кон терминалот Евротунел, кој го поврзува Фокстон во Велика Британија со Кокел во Франција. Француската полиција за „Би-Би-Си“ изјавила дека оградата е...

Недостиг од храна поради климатските промени

Климатските промени со екстремните временски услови, како силни бури, суши и топлотни бранови, во иднина ќе предизвикаат тежот недостиг од храна, предупредуваат британски и американски научници. Во извештајот кој бил изработен на барање на владата на Велика Британија, научниците, меѓу другото, расправаат и околу тоа дека преголемото потпирање врз глобалната трговија би можело дополнително да влијае на недостигот од храна во иднина. „Многу...

Англиската мафија шверцува мигранти од Франција во Велика Британија

Британски трговци со луѓе се вмешани во шверцот на мигранти од Франција во Обединетото Кралство, преку каналот Ла Манш, изјавил за „Би-Би-Си“, градоначалникот на францускиот град Тетегем, близу Данкирк. Во дел од репортажата на британскиот национален сервис, нивната екипа забележала автомобили со британски регистарски таблички, во непосредна близина на кампот за мигранти на периферијата на Данкирк, град на северот на...

Околу 350 мигранти се обиделе да преминат во Велика Британија

Околу 350 мигранти се обиделе минатата ноќ да минат од францускиот град Кале преку тунелот Ла Манш во Велика Британија, соопштија полициски извори. Според истите извори, 200 мигранти се спречени да го преминат тунелот, а 140 се фатени откако го минале и се пуштени, додека 10 се уапсени. Ова е значително помал број мигранти кои се обиделе да стигнат во Британија...

Велика Британија и Франција бараат помош од ЕУ за мигрантската криза кај Кале

Велика Британија и Франција побарале од другите земји-членки на Европската унија (ЕУ) да помогнат во решавањето на основните причини што доведоа од мигратската криза кај францускиот град Кале, јавува „Би-Би-Си“. Мигрантите во Кале деноноќно се обидуваат да го преминал каналот Ла Манш и да стигнат до Велика Британија, притоа предизвикувајќи застој во сообраќајот преку Евротунелот. Министрите за внатрешни работи на Велика Британија...

Членови на семејството на Бин Ладен загинале во авионска несреќа во Британија

Членови на семејството на Осама бин Ладен биле во авионот кој вчера попладне се урна во Хемшир, Велика Британија, соопштиле од амбасадата на Саудиска Арабија во Лондон, јавува „Би-Би-Си“. Приватниот авион се урна во близина на аеродромот „Блекбуш“, а во несреќата загинаа пилотот и сите тројца патници. Во изјава, објавена на „Твитер“, саудискиот амбасадор во Велика Британија, принцот Мохамед бин Наваф...

Камерон: Британија нема да стане „безбеден рај“ за мигрантите

Велика Британија нема да стане „безбеден рај“ за мигрантите во Кале, изјави британскиот премиер, Дејвид Камерон, по обидите на стотици мигранти да го минат тунелот под Ла Манш и да стигнат до островот. Премиерот Камерон ги предупредил илегалните мигранти дека ќе бидат остранети од Велика Британија. Од друга страна, дел од мигрантите, пак, за „Би-Би-Си“ изјавиле дека се цврсто решени...

Камерон загрижен поради навалата на мигранти од Кале

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изрази загриженост поради обидот на 2.000 имигранти насила, пеш да минат низ железничкиот тунел под каналот Ламанш, меѓу Кале во Франција и брегот на Велика Британија. - Тоа е особено загрижувачко - рече Камерон за време на посетата на Сингапур и додаде дека Британија ќе направи сè за да се избори со мигрантската криза во Кале. Британскиот...

Главниот осомничен нема да сведочи за смртта на рускиот агент Литвиненко

Главниот осомничен во истрагата за смртта на поранешниот руски агент Александар Литвиненко, за „Би-Би-Си“ изјавил дека нема да сведочи и да дава докази за случајот што го водат британските правосудни органи. Дмитри Ковтун е еден од двајцата осомничени за кои британските власти веруваат дека го отруле Литвиненко со радиоактивната супстанца полониум 210 во лондонски хотел во 2006 година. Котвун, кој ги...

Обама за „Би-Би-Си“: Законите за оружје во САД се мојата најголема фрустрација

Претседателот на САД, Барак Обама, во интервју за британскиот национален медиумски сервис „Би-Би-Си“, изјавил дека неуспехот да го спроведе законот за контрола на носењето оружје во САД е најголемата фрустрација во неговиот претседателски мандат. Во интервјуто, Обама рекол дека е вознемирувачки тоа што нема прогрес по ова прашање и покрај тоа што земјата „се соочува со масовни убиства што се...

Во Британија пронајдени делови од Куранот стари 1.370 години

Фрагменти од Куранот, стари најмалку 1.370 години, се пронајдени во универзитетската библиотека во Бирмингем. „Би-Би-Си“ јави дека станува збор за дел од колекција што од Иран е донесена во Британија во 1920 година, а за која не се сметало дека е антиквитет. Делови од текстот, кој е испишан на кожа, се напишани во раниот облик на арапскиот јазик, а според анализите, датитраат...

Мигранти скокаат во приколки од камиони во обид да стигнат до Велика Британија

Стотици мигранти во францускиот град Кале илегално скокаат во приколките од камиони-шлепери, обидувајќи се да влезат во Велика Британија, пренесува „Би-Би-Си“. Безбедноста на северената граница на Франција, во врска со настаните, кои траат веќе неколку дена, е засилена, но полициските сили тешко се справуваат со големиот број мигранти, кои очајнички се обидуваат да стигнат до островот. Вчера, поради настанатата ситуација, пристаништето...

Велика Британија слави 800 години од „Магна карта“

Велика Британија со бројни настани денеска одбележува 800 години од првиот англиски уставен документ. Големата повелба на слободата или „Магна карта лебертатум“, потпишана е на 15 јуни 1215 година, а била прв чекор кон долгиот историски процес кој довел до правна држава. „Магна карта“ ја потпишал англискиот крал Џон, а тогаш бил практичен документ, мировен договор со побунетото благородништво, но...

Британија ги повлекла своите шпиони поради документите на Сноуден

Британското разузнавање ги повлекло своите агенти бидејќи Русија и Кина ги имаат тајните информации што откриваат како тие оперираат, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на информации добиени од висок владин извор. Според весникот „Сандеј тајмс“, Москва и Пекинг успеале да ги дешифрираат документите што ги украде поранешниот агент на Националната безбедносна агенција на САД (НСА), „шепкачот“ Едвард Сноуден. Владиниот извор за „Би-Би-Си“ рекол...

Половина милион мигранти чекаат да го преминат Средоземно Море

Британските власти предупредија дека дури 500.000 луѓе би можеле летово да се обидат да го минат Средоземно Море и да допловат до Европа. Тврдењето доаѓа по најновите акции на италијанската крајбрежна стража, во кои беа спасени околу 3.500 мигранти по должината на брегот на Либија. Мигрантите беа спасени вчера, откако беа пронајдени на околу 60 километри од либискиот брег, во...

Меркел подготвена на отстапки во интерес на останувањето на Велика Британија во ЕУ

Челниците на Европската унија можеби ќе мораат да разговараат за измени на договорите за да се спроведат реформите што ги бара Велика Британија пред одржувањето на референдумот за останување или излегување од ЕУ, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел во интервју за „Би-Би-Си“. „Ако тоа навистина е потребно, ќе мораме да размислиме“, вели Меркел во одговор на прашањето дали ќе се изменат договорите...

Британија до крајот на 2017 година ќе се изјасни за членството во ЕУ

Велика Британија ќе одржи референдум за членството во ЕУ до крајот на 2017 година, изјави денеска кралицата Елизабета Втора, изнесувајќи го законодавниот план на новоизбраната влада во парламентот. - Ќе биде донесен закон кој би обезбедил референдум за членството во Европската унија пред крајот на 2017 година. Мојата влада ќе преговара за односот на Обединетото Кралство со Европската унија и...

Камерон почна преговори за односите на Велика Британија со ЕУ

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска најави дека во Рига, со своите колеги од Европската унија, ќе почне разговори за реформите во ЕУ и за иднината на британските односи со Унијата, потврдувајќи дека за тоа Британците ќе одлучуваат на референдум. - Последниот пат кога се сретнав со европските челници, изразив надеж дека ќе можам на британските граѓани да им дадам право...

Фелон: Русија и Исламска држава се најголеми закани за мирот

Британскиот министер за одбрана, Мајкл Фелон, денеска изјави дека светот се наоѓа пред иста опасност како за време на Втората светска војна и оти заканата доаѓа од Русија и од Исламска држава. Најавувајќи ги приоритетите за одбрана во наредните пет години, Фелон рече дека од суштинско значење е тоа што Велика Британија е подготвена да одговори на „идни истовремени кризи...

Спречен атентат врз принцот Чарлс

Шест лица се уапсени во Ирска под сомневање дека ковале план за атентат на принцот Чарлс и на неговата сопруга, војвотката од Корнвол, Камила Паркер Боулс, за време на нивната посета на зелениот остров закажана за следната недела. Се претпоставува дека уапсените се поврзани со ИРА или некоја друга илегална сепаратистичка организација, какви има сè повеќе во Ирска и кои,...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...