fbpx
Таг: вакцинација

таг: вакцинација

МЗ: Од 416.614 вакцинирани лица со две дози, само 167 се заразиле, а 11 биле хоспитализирани

Министерството за здравство (МЗ) информира дека заклучно со 5 август, од 416.614 лица вакцинирани со две дози на вакцина против ковид-19, 167 лица се заразиле 14 дена по примена втора доза вакцина, а само 11 од нив биле хоспитализирани. „Ова е показател дека бројот на заразени од вакцинирани е многу мал, што потврдува дека вакцината е корисна, односно е единствениот...

Вистиномер: Не е вистина дека има поголем број новозаразени од лани ова време

Бројот на новозаболени сега не е поголем отколку минатата година во истото време. Ако се споредат двата периода се доаѓа до заклучок дека оваа година имало речиси двојно помал број на новозаразени на речиси четирипати поголем број на тестирања, пишува „Вистиномер“ во својата анализа, што подолу ја пренесуваме во целост:   Преку објава на Фејсбук се тврди дека истиот овој период...

Досега вакцинирани 528.117 граѓани во земјава, вчера биле дадени 10.179 вакцини

Министерството за здравство информира дека вакцинацијата против ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 528.117 граѓани. Прва доза вакцина против ковид-19 вчера примиле 3.993 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.179 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани...

МЗ: Достапна апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство

Министерството за здравство информира дека е достапна апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство. CommonPass е унифициран дигитален сертификат кој се презема од апликација од Google Play Store/App Store со кој се потврдува вакциналниот статус на секој граѓанин. „Со овој сертификат во моментот може да се патува најчесто во САД и Канада каде се користи најмногу. Покрај патувањето и...

Вистиномер: Нема докази дека млад Французин починал од вакцината – обдукцијата не е завршена

Во моментот на објавување на постот што го рецензираме, врската меѓу вакцината и смртта на момчето не е воспоставена. За случајот има обдукција, меѓутоа таа не е завршена и резултатите не се познати. Поради тоа, не е точно тврдењето дека резултатите од обдукцијата покажале дека станува збор за смрт како последица на вакцината. Исто така, француските медиуми објавуваат дека...

Во земјава досега вакцинирани 519.106 граѓани, вчера биле дадени 12.939 вакцини

Министерството за здравство информира дека на вакциналните пунктови во земјава и со теренската вакцинација, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 519.106 граѓани. Прва доза вакцина против ковид-19 вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно досега се дадени 920.442 дози вакцини, а ревакцинирани се 401.336 граѓани. Со последните бројки 64 отсто од населението над...

Вистиномер: Дури и ако се разболат, вакцинираните многу полесно се справуваат со ковид-19 од невакцинираните

Во постот што го рецензираме, со испуштање на важни информации, се креира погрешен впечаток. Дури и да има заразени со ковид по 2 примени дози од вакцината (има такви случаи во сите земји од светот, па и во нашата), тие во најголем дел се со полесна клиничка слика, ретко умираат и ретко се хоспитализирани со тежок тек на болеста....

Досега вакцинирани речиси 60 отсто од вработените во градинките и училиштата

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска објави дека 59 отсто од вработените во градинките се вакцинирани. Таа ги повика и останатите 40-тина проценти кои не се вакцинирани да го направат тоа за да има безбеден престој на децата во градинките. „Во изминатиов период вработените во градинките, воспитувачки, негувателки и технички персонал, сериозно пристапија кон процесот на вакцинирање и...

Филипче: Вакцинацијата е единствениот начин да го вратиме животот назад

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека, по зголемувањето на бројките на новозаразени лица со Ковид 19 се разгледуваат повеќе сценарија, од кои едно е и препорака за трета доза вакцина. Филипче потенцира дека вакцинацијата на граѓаните е единствениот начин нормално да функционираме и животите да ги вратиме назад. „Очигледно е дека нема да запре трендот на појава на...

Вистиномер: Бил Гејтс нема план масовно да ги убие луѓето во светот со вакцина

Монтирaно и извадено од контекст е видеото во кое се споделува лажен наратив дека Бил Гејтс спроведува масовна вакцинација со цел да го намали бројот на живи луѓе во светот. Вакцините, напротив, ги спасуваат животите на луѓето и доколку нечија скриена агенда беше да се намали светската популација, тогаш воопшто немаше да има вакцини, туку коронавирусот ќе беше оставен...

Во Израел почна вакцинирањето со трета доза против ковид-19

Израел ќе ги вакцинира со трета доза вакцини против ковид-19 луѓето над 60-годишна возраст, односно оние кои втората доза ја примиле пред најмалку пет месеци, јавија светските агенции. Во земјата што прва ја заврши вакцинацијата на населението, трета доза досега примиле околу 2.000 лица со ослабен имун систем, а сега, како што соопшти премиерот Нафтали Бенет, таа ќе се дава...

Вистиномер: Не е точно дека 60 отсто од хоспитализираните во Британија биле вакцинирани со 2 дози

Наспроти тврдењето во постот, вистината е дека 60 проценти од хоспитализираните поради компликации од ковид-19 во Велика Британија се невакцинирани. Ова се гледа од исправката којашто на Твитер ја напиша британскиот научник Патрик Валанс, кој ја коригира својата грешка во статистиките коишто претходно ги навел прес-конференцијата со британскиот премиер Борис Џонсон, пишува Вистиномер.мк.   Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е даден линк...

Вистиномер: Не е точно дека лажица се лепи за рамо поради вакцинација

Медицински експерти во повеќе наврати се изјаснија дека вакцините немаат магнетизирачко дејство и немаат магнетизирачки компоненти. Предмети на раката може да се залепат поради фрикција (триење), лепило, селотејп, природната пот на кожата на раката, но не и поради вакцинација. Истите луѓе кои можат да залепат магнетни предмети на нивните тела може да залепат и немагнетни предмети со истата леснотија....

МЗ ги најави селата во кои утре ќе се врши теренската вакцинација

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека утре - 26.07.2021, теренската вакцинација против ковид-19 ќе се одвива во следните населени места: Тетово – Палчиште, Новаке, Камењане, Синичани, Урвич, Јеловјане Гостивар – Равен, Здуње, Јеловце, Печково Берово – Будинарци Свети Николе – Дорфулија, Каратманово Струга – Мислешево, Мороишта Неготино – Тимјаник Пробиштип – Неокази Кочaни – Бели Кичево – Колибари, Трапчин Дол, Длапкин Дол Битола – Могила, Радобор, Д.Чарлија, Будаково, Трап Македонски...

МЗ: Само 96 граѓани биле позитивни на ковид по втората доза вакцина

Министерството за здравство информира дека од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини 96 биле позитивни на ковид по примена втора доза вакцина. Од таа бројка заразени, 13 биле хоспитализирани. Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни иако еден од нив е со тешко хронично заболување „Тоа значи дека само 0,02 отсто се заразиле со...

Вистиномер: Нема да има никаков отстрел на невакцинираните со вакцинална муниција

Невистинито е тврдењето изнесено во постот што го рецензираме, дека е можен вакцинален отстрел на граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат преку „безопасни куршуми“ на чиј врв ќе има ампула за имунизација. Техника за имунизација како гореспоменатата не постои никаде во светот, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост на Фејсбук којшто инсинуира присилна вакцинација на населението со непостоечка метода, во...

Кавадарци со 43,5 проценти вакцинирани предничи во имунизацијата, Кичево на дното со 15,8 отсто

Најмногу вакцинирани лица против ковид-19 има во Кавадарци, додека најмал број на имунизирани жители се регистрирани во Кичево и Тетово, каде што во изминатиов период е регистрирано и зголемување на бројот на новозаболени лица. Министерството за здравство информира дека на територијата на цела држава досега барем една доза вакцина примиле 27,5 проценти од граѓаните. Притоа, во Кавадарци 43,5 проценти од...

Филипче: Не може сите да страдаме зашто некој не се вакцинира

Иако вакцинацијата не е задолжителна, во исто време размислуваме да воведеме некакви ограничувања од септември или октомври доколку се соочиме со нов бран. Сепак, не можеме сите да страдаме затоа што некој не се вакцинира. Ние не можеме да живееме затворени. Мора светот да функцинира, затоа е и вакцината измислена, за да се врати животот во нормала. Ова го...

МЗ: Вчера се аплицирани 17.343 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 463.048 граѓани, соопшти Министерството за здравство. „Прва доза вакцина вчера примиле 6.608 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.343 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 747.728 дози вакцини, а ревакцинирани...

Вистиномер: Камуфлиран сарказам може да ги одврати луѓето од вакцините против ковид

Хуморот и сатирата се форми на комуникација кои спаѓаат во општо-човечкото универзално право на слобода на говор. Сепак, прикриениот сарказам и претставен како сатира, кој не секогаш се разбира како таков, туку се сфаќа како порака дека се прави нешто незаконски и лошо (во случајот теренска вакцинација против ковид), не е ништо друго туку антиваксерски пост насочен против јавното...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...