fbpx

Досега вакцинирани 528.117 граѓани во земјава, вчера биле дадени 10.179 вакцини

-

Министерството за здравство информира дека вакцинацијата против ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 528.117 граѓани.

Прва доза вакцина против ковид-19 вчера примиле 3.993 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.179 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 944.731 дози вакцини, а ревакцинирани се 416.614 граѓани.

Со последните бројки 65 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 58 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 47 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Од Министерството за здравство велат дека граѓаните без закажан термин може да се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктови низ државата. Воедно, процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место и населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...