fbpx
Таг: Устав

таг: Устав

Вељаноски: Немате двотретинско мнозинство за промена на Уставот

Собранието е институција, а пратениците се народни претставници кои ќе ја донесат одлуката и ќе ја спроведат волјата на граѓаните и порачувам да не потклекнат на каков било притисок, затоа што решаваме децениски спор за да ja извлечеме земјата од изолација, рече премиерот Зоран Заев за време на обраќањето на Комисијата за уставни прашања, каде што го образложува предлогот...

Почна седницата на Комисијата за уставни прашања, Заев ќе го образложи предлогот

Почна првата седница на Комисијата за уставни прашања на Собранието, со единствена точка на дневен ред, предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија. Седницата ја води претседателот на Собранието, Талат Џафери кој истовремено е и претседател на Комисијата за уставни прашања. Премиерот Зоран Заев е претставникот на Владата кој ќе го образложи предлогот, а присутен е и...

Собранието на 15 октомври ќе одржи седница за расправа за уставните промени

Според веб-страницата на Собранието, претседателот на законодавниот дом Талат Џафери в понеделник, 15 октомври во 11 часот ја закажа седницата на која на дневен ред ќе биде Предлогот за пристапување кон уставни измени. Се очекува истиот ден да биде свикана и Комисијата за уставни прашања на која би почнал претресот по предлогот. Комисијата за Предлогот за пристапување кон уставни измени...

Заев: Дали има мнозинство ќе се види на гласањето, но нема поткуп

Не се нудат пари на пратениците за да гласаат за уставните измени, а најдобрата опција во моментот е Собранието, а не предвремени избори, порача премиерот Зоран Заев пред новинарите денеска. Тој рече дека дали има двотретинско мнозинство за да се направат уставните измени ќе се види дури во процедурата во парламентот, но изрази оптимизам дека може да се постигне мнозинство....

Владата ги подготви уставните измени и ги испрати во Собранието

На вчерашната 92-седница, Владата ја донела одлуката за уставните измени, односно во Собранието да ги достави измените за кои ќе бара поддршка. Тоа се случува во период кога уште не е дефинирано дека е подготвен теренот за менување на Уставот, оти за тоа е потребно двотретинско мнозинство во парламентот, односно 80 пратеници. „Владата на РМ го утврди текстот усогласен согласно...

Трнлив и долг е патот до промени на Уставот (инфографик)

Промената на Уставот со уставни амандмани не е ни малку лесна и едноставна процедура. На предлагачот на измените, во овој случај на Владата, во два наврати и е потребно двотретинско мнозинство. Еднаш за да го отвори и еднаш за да го затвори Уставот, процедура која трае неколку месеци. Според Уставот, одлука за пристапување кон измена на Уставот донесува Собранието со двотретинско...

Вонредна седница на владата за уставните измени

Владата денеска во 16 часот ќе одржи вонредна седница на која што единствена точка на дневен ред ќе биде - Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија. Засега е непознато дали Владата обезбедила двотретинско мнозинство во парламентот за уставни измени со цел применување на Договорот од...

Заев: Деновиве ќе се знае дали ќе има договор со опозицијата или ќе се оди на избори 

За неколку дена ќе се знае дали постои амбиент за постигнување договор со опозицијата за двотретинско мнозинство кое е потребно за да се изгласаат уставните измени во Парламентот кои произлегуват до Договорoт со Грција. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев во изјава дадена по свечениот час на новозапишаните студенти на ФИНКИ. Заев истакна дека денеска е ден за сублимирање на...

ДИК: Излезноста на референдумот 36,27 проценти, „за“ гласале 91,33 отсто

Според обработените 88,50 проценти од податоците, од страна на ДИК до 23 часот, на референдумот излегле 569.871 гласачи, односно 36,27 проценти од запишаните во Избирачкиот список. „За“ гласале 520.461 односно 91,33 проценти, против 32.801 или 5,76 проценти од гласачите. Ова се неофицијални податоци од Државната изборна комисија, а официјалните се очекува да бидат соопштени утре, откако, како што информираше претседателот на...

ОМД: Бојкот е единствениот достоинствен одговор на референдумот

Ние сме против референдум за промена на уставното име и затоа ја поддржуваме и се приклучуваме кон кампањата на глобалното непартиско движење „Ние Сме Македонија" за бојкот на референдумот распишан за 30 септември, соопшти Обединетата македонска дијаспора. „Вчера, на незаконски начин претседателот на Собранието Талат Џафери распиша консултативен референдум со 68 гласови „за“ и без ниту еден глас „против“ или...

Села ќе бара во Уставот и во пасошите да стои „Албанци/граѓани на Северна Македонија“

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, на прес-конференција во Собранието порача дека го поддржува договорот со Грција, но дека има забелешки. Тој рече дека при менувањето на Уставот, неговата партија ќе бара во пасошите и во Уставот за македонските Албанци да стои „Албанци/граѓани на Северна Македонија“. Села рече дека е незадоволен од постигнатото на лидерските средби и дека албанскиот...

Дескоска: Не можеме да го менуваме цензусот за референдум

Не можеме да го менуваме цензусот за референдум, истакна министерката за правда, Рената Дескоска, која денеска се обрати на третата сесија на Охридската школа на природното право на тема „Добро управување и правни реформи“, организирана од Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науката и уметностите. -Битен елемент што го сочинува мозаикот на владеење на правото е супрематијата на...

Ахмети: Албанците се на нивното место и во нивната држава

Во Република Македонија, живеат Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи… Ние сме дел од Уставот на РМ и нема никаква дилема дека Албанците се во нивното место и во нивната држава, рече вчера претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М, одговарајќи на новинарско прашање, дали името Република Северна Македонија го одразува и идентитетот на сите Албанци. Тој...

Иванов: 534.910 граѓани ми дадоа мандат да не го потпишам Договорот со Грција

Врз основа на член 75 од Уставот, донесов одлука да не го потпишам Договорот со Грција, вели претседателот Ѓорге Иванов во писмото до Собранието, што беше денеска препратено до медиумите. Тој набројува пет причини зошто нема да го потпише Договорот и потенцира дека во извршувањето на функцијата Претседател на Република Македонија секогаш постапува одговорно и дека своите права и должности...

Иванов: Нема да потпишам ваков штетен договор, нема да ме поколебаат закани и уцени

Договорот помеѓу Македонија и Грција не го обединува општеството туку дополнително го поларизира. Ќе се залагам за решение кое нема да го нарушува достоинството на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, рече претседателот Ѓорѓе Иванов во обраќање до јавноста во кое соопшти дека нема намера да го потпише договорот кој Скопје и Атина го постигнаа. -На Заев и Димитров...

Иванов ја прекинал и напуштил средбата со Заев и Димитров, најави обраќање

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров се обиделе да го информираат претседателот Ѓорге Иванов за постигнатиот договор за името, но од кабинетот на претседателот велат дека средбата траела две минути. „Во текот на денешниот ден претседателот Иванов ќе има обраќање до македонскиот народ и граѓаните на Македонија“, велат од кабинетот на Иванов. Во соопштението испратено од Владата се...

Џафери: Несериозно би било да се размислува за предвремени избори

Би било несериозно било кој да размислува за предвремени парламентарни избори оваа година, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на редовниот брифинг со новинари. - Избори може да има секогаш кога пратениците ќе одлучат да се самораспуштат. Но, во сериозна држава во која сериозни работи треба да се случат, несериозно би било било кој да размислува за предвремени парламентарни избори...

Заев: Не може да се очекува уставна промена за било кое име

Среќен сум затоа што добив ослободителна пресуда и конечно ја докажав мојата невиност и дочекав правда, рече премиерот Зоран Заев по објавувањето на пресудата за случајот „Поткуп“. Тој побара од институциите јавно да ја објават целата снимка од ПИ-мерките и рече ако му ја достават, тој самиот ќе ја објави за да се види дека не барал поткуп. За спорот со...

Павлопулос: Ново име и промена на уставот, па интеграција во ЕУ и НАТО

За интеграција на ПЈРМ во НАТО и ЕУ потребно е решение на името, за што предуслови се промена на уставот и елиминирање на иредентизмот, рече претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос. – Постои еден начин за да оди напред интеграцијата на ПЈРМ во НАТО и ЕУ. Прво, претходна промена на нејзиниот Устав, нешто што го сигнализира почитувањето што Грција, Европската Унија и...

Заев: Очекувам решение за името до крајот на јуни, Уставот ќе се отвора пред влезот во ЕУ

Со овие продемократски, прозападни и проевропски манири со коишто се однесуваме и двете страни во разговорите верувам дека ќе смогнеме сили до самиот крај да изнајдеме решение кое биде од корист на двете страни. Верувам дека може Македонија заедно со Грција да постигне решение пред одржувањето на Советот на министри, односно Советот на Европа. А веднаш после него е...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...