fbpx
Таг: Устав

таг: Устав

Коѕиас: Ако прифати ерга омнес, а не го смени Уставот, следната влада ќе го уапси Заев

Ние правилно направивме што го отворивме прашањето за ерга омнес, можевме да раководиме со преговорите, а со тоа да бидеме блиску, за првпат толку блиску, до договор. Но, и да не постои договор, нема ние да бидеме виновни и ова го знае вселената, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во интервју за емисијата „Историес“ на грчката телевизија „Скај“. Коѕиас...

Мицотакис: Не е можно решение без соседите да го променат Уставот

Решение не може да постои без претходно соседната земја да го промени нејзиниот Устав и комплетно и неповратно да ги отстрани сите елементи на иредентизмот, рече Кирјакос Мицотакис, лидерот на најголемата грчка опозициска партија, говорејќи пред одговорните на различните сектори во Нова демократија. Мицотакис смета дека начинот на кој владата управува со преговорите, предизвикува загриженост и уште еднаш го повтори...

Ѕанакопулос: Нема план „Б“, соседот треба да го промени уставното име

Промена на уставното име е една од правните обврски за да се постигне договор, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчката телевизија „Алфа“. Прашан за натписите во медиумите за евентуален грчки план „Б“ за потпишување договор со меѓународните организации, без да мине низ парламентите на двете земји, Ѕанакопулос вели дека „не постои...

Коѕијас: Грција не треба да се плаши од компромис со една мала држава

Името не треба да има иредентистички елементи, треба да биде сложено со географска одредница, со придавка и да разграничува дека не станува збор за грчката Македонија, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во обраќањето на промоцијата на книгата „Македонското прашање“ на Никос Мерѕос. - Треба да најдеме сложено име што ќе ја изразува посебноста и географската позиција на оваа...

Заев: Постои можност СДСМ да побара Уставен да реши за потписот на Иванов за законот

Една од можностите во ситуација кога претседателот не го потпишува Законот за јазиците е и пратеничката група на СДСМ да поднесе иницијатива до Уставниот суд за да се разгледа дали претседателот Ѓорге Иванов го почитува Уставот, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, на која ја соопшти владината одлука да го...

Ѕанакопулос: Се надевам дека набргу ќе стигнеме до заемно прифатливо решение

Портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, изрази надеж дека што е можно побргу ќе се најде заемно прифатливо решение за прашањето за името. Говорејќи за радиото „Сто Кокино“, објасни дека ова решение треба да биде во рамката што ја опишува Атина. Ѕанакопулос вели дека разговорите во Скопје поминале во многу добра клима, но дека сепак, сѐ уште...

Заев: Одлуката на Иванов е флагрантно кршење на Уставот

Законот за употреба на јазиците нема ништо да се промени во Македонија ниту ќе ја наруши нејзината заедничка иднина. Апелирам да се пушти законот да живее, да се почитуваат институциите, а Уставниот суд и Венецијанската комисија да се изјаснат по него, изјави премиерот Зоран Заев. – Да го оставиме законот за употребата на јазиците да го види денот. Мене ми...

Заев: Законот е уставен, да ги отфрлиме политиките на поделби, раздор и конфликт

Премиерот Зоран Заев во обраќање до јавноста рече дека Законот за употреба на јазиците е сериозен придонес во градењето на концептот „едно општество за сите граѓани“ кој што добил поддршка од мнозинството граѓани на последните парламентарни избори, но и на локалните избори. Заев истакнува дека Законот е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5, кои се донесени пред 17...

СДСМ: Иванов со непотпишувањето на законот го крши Уставот

Со најавите дека нема да го потпише указот за законот за употреба на јазиците, Ѓорге Иванов се обидува да се стави над Уставот на Република Македонија и делува како остаток на поразениот режим, велат од СДСМ како реакција на обраќањето на претседателот Иванов „Иванов е должен да постапува по членот 75 од Уставот на Република Македонија во кој е јасно...

Иванов: Уставот и совеста не ми дозволуваат да го потпишам Законот за јазиците

Претседателот Ѓорге Иванов вечерва во обраќање до граѓаните и пратениците рече дека нема да стави потпис на штотуку усвоениот Закон за употреба на јазиците. Иванов, со остра реторика, говореше за „закон со репресивна содржина, закон е израз на тиранијата на парламентарното мнозинство, за противуставен, анти-државен и суштински неправеден закон, кој не заслужува да се нарече закон“. - Уставот и совеста не ми...

Заев: Промената на Уставот не е неопходна оти не би значела конечна гаранција

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Фајненшл тајмс“ оценува дека Македонија и Грција се приближуваат кон решение за спорот за името и дека ова прашање би можело да биде затворено пред самитот на НАТО во Брисел во јули годинава. – Јас сум оптимист. Многу е тешко, и свесни сме за тоа. Но, би било добро за двете страни да најдеме...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со несериозниот пристап ги урива позициите во спорот со името

Зоран Заев за реномирани меѓународни медиуми изјавува дека е подготвен за одредени отстапки во однос на грчките барања за менување на Уставот, а потоа владата се обидува да го корегира и да ги појасни неговите позиции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека „Заев со несериозниот пристап ги урива позициите на Македонија во спорот и нанесува огромна штета на националните...

Заев за „Ројтерс“: Македонија има четири опции за промена на името

Македонија има на располагање четири опции за решавање на спорот за името со Грција, изјави премиерот Зоран Заев за американската новинска агенција „Ројтерс“. Македонија се надева дека спорот ќе се реши навреме за да добие препорака за почеток на преговори со Европската Унија во јуни и потврда на поканата за прием во НАТО во јули годинава, и предлага географска одредница...

Ѕанакопулос: Промената на Уставот е цврста преговарачка позиција на грчката Влада

Промената на уставот на соседната земја е цврста преговарачка позиција на Атина, вели портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за радиото „Риал фм“. Тој, како што јавува дописникот на МИА од Атина, уште еднаш ги повторил грчките позиции. – Грчката позиција е сложено име, кое ќе биде за сите употреби и ќе важи за сите. Нешто што значи дека...

Заев: Има приближување во три, од седумте точки во преговорите за името

Од првичните седум појдовни позиции во преговарачкиот процес за решавање на спорот за името, приближување во ставовите има во три од нив, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања за време на денешната посета на Неготино. Тој рече дека со вчерашната средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, на која присуствуваше...

Ѕанакопулос: Топката сега е на теренот на нашиот сосед

Топката во моментов е на теренот на нашиот сосед, кој ќе треба и во практика да покаже дека е промената реториката на Владата што може да доведе до опипливи резултати во односите на двете земји, изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос. Во врска со различните позиции на Скопје и Атина во однос на промената на македонскиот Устав, што грчкиот...

Заев: Сакаме решение за името, но не по секоја цена – Уставот еднаш го сменивме

Решението на спорот со името мора да го гарантира идентитетот и достоинството на двете страни. Ќе направиме се за да изнајдеме решение на овој горлив 25-годишен проблем, но не по секоја цена, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата. - Став на Владата е дека е прифатливо име со географска одредница. Тоа го темелам...

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот со цел промена на името

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека партијата нема да прифати промена на Уставот со цел промена на името. „Што се однесува до промена на Уставот, а со цел промена на уставното име на Република Македонија, таа позиција на партијата останува непроменета“, рече Мицкоски во гостувањето на телевизија „Сител“. Во однос на Законот за употреба на јазиците, тој го повтори ставот на...

Димовски: Собранието не може да го избегне разгледувањето на амандманите

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, смета дека Собранието не може да го избегне разгледувањето на поднесените амандмани за Законот за употреба на јазиците, а ако тоа се случи, би било целосно погазување на Уставот и на уставниот поредок. - Тоа ќе е конечно згазување на функцијата на Собранието. Мојот апел до претседателот на Собранието, Талат Џафери е да размислува во правец...

Џафери: До сега се преведени 17.000 амандмани, поднесени се за да направат блокада

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека до овој момент се преведени 17.000 амандмани, од вкупно 35.569 амандмани кои опозицијата ги поднесе за Законот за употреба на јазиците. „Има членови кои имаат и по 300 амандмани, како што е случајот со членот 5, за кој ќе треба време да се преведат. Очигледно е дека ова е политичко прашање и амандманите се донесени...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...