Ѕанакопулос: Се надевам дека набргу ќе стигнеме до заемно прифатливо решение

-

Портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, изрази надеж дека што е можно побргу ќе се најде заемно прифатливо решение за прашањето за името.

Говорејќи за радиото „Сто Кокино“, објасни дека ова решение треба да биде во рамката што ја опишува Атина.

Ѕанакопулос вели дека разговорите во Скопје поминале во многу добра клима, но дека сепак, сѐ уште има долг пат кој треба да се помине и дека е потребно доста работа за постигнување договор. Тој смета дека постојат политички предуслови за решение, но останува да се најдат и техничките предуслови.

– Политичката волја е декларирана и од двете страни. Сепак, уште постојат технички прашања, правни прашања и прашања на реална спротивставеност на ставовите за низа прашања. Знаете дека власта на поранешната југословенска Република Македонија поставува некои прашања во однос на уставната ревизија, ние од наша страна инсистираме на ревизија на Уставот во однос на името на соседот, бидејќи тоа е потребно за да важи условот ерга омнес. Во оваа рамка продолжуваат разговорите и се надевам што е можно поскоро ќе стигнеме до заемно прифатливо решение во рамката што многу пати беше опишана од грчката влада – вели Ѕанакопулос.

Портпаролот на грчката влада објаснува дека она што во овој момент е важно, не е сложеното име, туку да се најде решение за сите останати политички и технички прашања за двете страни да стигнат до договор.

Во однос на тоа дали владата би имала мнозинство за евентуалниот договор да биде изгласан во парламентот, Ѕанакопулос вели дека доколку се постигне решение за сложено име што ќе важи за сите и за севкупна употреба, тогаш ќе се обезбеди поширок парламентарен консензус.

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници и палестински...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници...