fbpx

Дескоска: Не можеме да го менуваме цензусот за референдум

-

Не можеме да го менуваме цензусот за референдум, истакна министерката за правда, Рената Дескоска, која денеска се обрати на третата сесија на Охридската школа на природното право на тема „Добро управување и правни реформи“, организирана од Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науката и уметностите.

-Битен елемент што го сочинува мозаикот на владеење на правото е супрематијата на Уставот. Видовме дека Уставот досега беше лист хартија кошта се газеше и не се почитуваше – заложбата на новата Влада е Уставот да биде свето писмо кое треба да го имплементираме во секојдневното живеење. Како правник и како министер сега, слушам различни прашања деновиве за тоа дали можеме со Законот за референдум да го менуваме цензусот за референдумот? Не може, затоа што цензусот е уставна категорија. Ако се залагаме за владеење на право и почитување на Уставот не можеме да менуваме нешто што е изрично уставно загарантирано – потенцираше Дескоска, која додаде дека Уставот е донесен со поширок консензус и како таков тој треба да ѝ ги врзе рацете на секоја власт којашто во момент ќе посака да излезе од неговите рамки.

Дескоска потоа се осврна на нарушувањето на поделбата на власта.

-Сега во овој момент имаме нарушување на системот поделбата на власта од страна на претседателот на државата. Кога тој со своите активности агресивно се меша во законодавната власт не почитувајќи го Уставот кога ќе биде отфрлено ветото, тогаш има нарушување на принципот – рече Дескоска, додавајќи дека никој не смее да биде над Уставот.

Уставниот суд, според Дескоска, е многу важен орган во остварувањето на супрематијата на Уставот, но според министерката за правда, истиот е ставен на маргините затоа што граѓаните не наоѓаат поддршка во неговото секојдневно работење како институција која ги штити човековите права.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...