fbpx
Таг: Устав

таг: Устав

Изгласани два нацрт-амандмани за промена на Уставот, денеска продолжува расправата

Во Собранието на Република Македонија денеска продолжува расправата по двата преостанати нацрт-амандмани за уставните измени, согласно Договорот од Преспа. Синоќа пратениците со 65 гласа „за“, 18 „против“ и 8 воздржани го усвоија нацрт-амандманот со кој одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од АСНОМ и се вметнува Охридскиот рамковен договор. Претходно, пратениците со 67 гласа „за“ го усвоија и нацрт-амандман,...

Комисијата за уставни измени ги усвои сите нацрт-амандмани за промена на Уставот

Комисијата за уставни прашања викендов го усвои и четвртиот нацрт амандман со што заврши расправата по нацрт-амандманите на Уставот согласно Договорот од Преспа, помеѓу Македонија и Грција. Пленарната седница на која ќе се разгледуваат нацрт-амандните е закажана за 1 декември 2018 година. Расправата по амандманите во Комисијата почна на 7 ноември и беше предвидено да трае 12 дена, односно по...

Првиот амандман помина на Комисијата за уставни прашања со 10 гласа „за“

Заврши расправата за првиот од предложените амандмани за промена на Уставот. Членовите на Комисијата за уставни прашања со 10 гласа „за“ и 5 „против“ го изгласаа амандманот 33. Овој амандман гласи: Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36. Во продолжение на комисиската седница,...

Бошњаковски: Химната нема да се менува, АСНОМ ќе остане во преамбулата на Уставот

АСНОМ останува во преамбулата на Уставот, и наместо еднаш ќе биде спомнат двапати. Останува Прогласот на АСНОМ со сите донесени одлуки, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, оценувајќи ги како неточни информациите што се шират по социјалните мрежи. Одговарајќи на новинарски прашања, Бошњаковски нагласи дека во однос на амандманот 35, измените кои ќе бидат направени во член 3...

Комисиската расправа за нацрт-амандманите на Уставот почнува денеска

Собраниската Комисија за уставни прашања денеска ќе ја започне расправата за четирите нацрт-амандмани на Уставот што ги достави Владата согласно Договорот од Преспа, со што започнува втората фаза од постапката за уставни измени. Расправата може максимум да трае 12 дена односно по три дена за секој амандман. Пленарната седница на која ќе се разгледуваат нацрт-амандманите, претседателот на Собранието Талат...

На 1 декември пленарна седница за нацрт-амандманите за промена на Уставот

Седницата за нацрт-амандманите за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа, кои Владата ги објави денеска, ќе се одржи на 1 декември. В среда, пак, на 7 ноември, нацрт-амандманите ќе се најдат пред пратениците на Комисијата за уставни прашања. Според Деловникот, претресот во матичните комисии може да трае најмногу три работни дена по текстот на нацртот на секој амандман одделно. Собранието...

Канческа – Милевска: Власта ги прифати нашите предлози за амандманите

Власта ги прифати нашите барања за нацрт-амандманите за измена на уставот. Баравме амандман со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет во Уставот, со обврска на републиката да го штити културното и историското наследство на македонскиот народ. Второто наше барање е доколку Грција не го ратификува Договорот и повторно блокира, да има поништување на сите уставни амандмани, рече Координаторката на...

Заев: Уставот ќе се менува со четири амандмани, во нив е и Охридскиот договор

Владата низ инклузивен и транспарентен процес изготви текст за четири нацрт-амандмани за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа, информираше премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата. -Првиот амандман ќе биде замена на името Македонија со Северна Македонија во целиот Устав, освен во членот 36 каде има историски аспект. Вториот се однесува на Преамбулата на Уставот, каде одлуките на АСНОМ се...

Нацрт-амандманите треба да се достават денеска, Заев најави помеѓу 4 и 7 амандмани

Денеска истекува рокот кога Владата треба да ги достави до Собранието нацарт-амандманите за промена на Уставот според Договорот од Преспа. Нацрт-амандманите денеска ќе се најдат на владина седница, а потоа ќе бидат доставени до Собранието. Вчера премиерот Зоран Заев имаше уште една средба со осумтемина пратеници од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија". Тој рече...

Нацрт-амандманите за промена на Уставот до петок ќе се достават во Собранието

Нацрт-амандманите за измена на Уставот на Република Македонија, согласно договорот од Преспа, во Собранието треба да стигнат до крајот на неделата. Во нив ќе бидат инкорпорирани и барањата на осумтемина пратеници од опозицијата, кои дадоа поддршка на отпочнувањето на процесот за уставни измени. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера рече дека пратениците од опозицијата кои дале поддршка за уставните измени,...

Беса ќе поднесе четири амандмани за Уставот, очекува Владата да ги прифати

Пратеникот Фадил Зендели од Беса изјави дека тие ќе поднесат четири амандмани за Уставот – концепт на граѓанска држава, албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик, државата да се грижи за сите нејзини граѓани во дијаспората, како и тоа претседателот на државата по второто гласање на закон или друг акт во Собранието да нема право на вето, како...

Поминаа пет, останаа уште 10 помалку неизвесни чекори до промени во Уставот

Промената во Уставот, процес кој не е ни малку лесен и едноставен, има вкупно 15 фази. Владејачкото мнозинство до сега ги помина првите пет чекори, а до целосното завршување на процесот остануваат уште два пати по толку - 10. Најтешкиот чекор до сега, беше отворањето на Уставот, односно гласањето за потребата од уставни измени за кој беше потребно двотретинско мнозинство...

Тезите за поткуп на пратениците пласирани и на бугарски левичарски портал

Бугарскиот левичарски портал „Поглед“ се приклучи на редицата онлајн-медиуми што ги објавија шпекулациите за притисоци и поткуп на пратениците во македонското Собрание. Притоа статијата објавена вчера пренесува шпекулации појавени уште од пред гласањето за почеток на уставните измени во Собранието во петокот. Статијата се повикува на информативната агенција на англиски јазик „Мина“ и на Миленко Неделковски, обвинувајќи го официјален Вашингтон...

Заев: Денеска е историски ден, заедно испишавме историја

Денеска е историски ден, заедно испишавме историја рече премиерот Зоран Заев во Собранието, по гласањето за пристапување кон уставни измени произлезени од Договорот од Преспа. Тој им се заблагодари на сите пратеници, посебно на тие од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, бидејќи како што рече, се ставиле над партиските интереси и покрај притисокот од раководството. Притоа, како што одговори на новинарско прашање...

ВМРО-ДПМНE: Договорот од Преспа е правно-политички мртов

Иако над еден милион и 200 илјади граѓани рекоа не за промена на името, Заев не се откажува, и со тоа директно ја крши волјата на граѓаните, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата на премиерот Зоран Заев. „Во оваа фаза, договорот е чисто правно прашање, а како такво треба да се гледа низ призма на правото, законите и...

Тунтев: Мицкоски е антизападен лидер, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат „за“

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, денеска на прес-конференција во Собранието рече дека гласањето за предлогот на владата да се направат промени во Уставот најверојатно ќе се одржи утре и уште еднаш истакна дека се надева на обезбедување на двотретинско мнозинство. -Како пратеници имаме можност во Собранието да ги донесеме измените кои ќе го зајакнат нашиот идентитет и...

Бошњаковски: Владата сака амандманите да ги дефинира со опозицијата, заради консензус

Владата ќе пристапи на изработка на уставните амандмани дури откако ќе заврши работата во Собранието со изгласување на потребата за нивно изготвување и најдобро е тие да се подготват заедно со опозицијата односно да се постигне национален консензус, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција. – Потребно е да се изгради национален консензус бидејќи, како што вели и премиерот,...

Собраниската седница за уставни измени почна

Почна собраниската пленарна седница на која на дневен ред e Предлогот на Владата за уставни измени кои произлегуваат од Договор со Грција. Владиниот предлог за уставни измени ќе го образложи премиерот Зоран Заев. На седницата се присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ помеѓу кои е и поранешниот премиер Никола Груевски, кој утрово побара одложување на денешното судско рочиште на СЈО, „Т.Н.Т“ за да...

Комисијата за уставни прашања го усвои предлогот на владата за уставни промени

Со 10 гласа „за“ и 7 „против“ Комисијата за уставни прашања го усвои предлогот на Владата за пристапување кон менување на Уставот според Договорот од Преспа. Комисијата ја задолжи Владата во рок од 15 ден да подготви и достави текст со нацрт амандмани и да ги земе предвид забелешките изнесени на седницата на Комисијата. „За“ гласаа 10 пратеници од парламентарното мнозинство...

Путин ќе ја посети Србија во јануари

Претседателот на Русија, Владимир Путин изразил желба да ја посети Србија во јануари, му пренел рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин на српскиот претседател Александар Вучиќ, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Како што соопштиле од кабинетот на српскиот претседател, било договорено, подготовките за доаѓање на Путин во Белград да почнат веднаш, „за посетата да го потврди традиционалното пријателство на...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...