fbpx
Таг: упад

таг: упад

Утре ќе се знае дали ќе има судски процес за упадот во Собранието

Во текот на утрешниот ден ќе биде познато дали ќе им се суди на обвинетите за насилството што се случи на 27 април 2017 година, во Собранието. Од Кривичниот суд информираат дека денеска била одржана седница за оценка на обвинителниот акт, а утре ќе биде позната одлуката. Доколку обвинението добие позитивна оценка, тоа значи дека набрзо ќе се закаже и...

Џафери: Упадот на 27 април е најлошото нешто што му се случило на Собранието

Не сум оптоварен временски кога ќе го пуштам законот за јазиците во Службен весник без потписот на претседателот на државата Ѓорге Иванов. Кога ќе оценам дека треба да се пушти, ќе го пуштам, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите. - Доколку законот стапи во сила без потписот на Иванов, тоа нема да значи дека тој...

Апелација го потврди притворот на Митко Чавков

Скопска Апелација го потврди решението на Кривичниот суд со кое поранешниот министер за внатрешни работи и екс директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков останува во притвор. Од Апелација велат дека е отфрлено и барањето за обезбедување гаранција за пуштање да се брани од слобода, бидејќи тоа било некомплетно. Чавков заедно со уште четири лица беа вратени во притвор на...

Манчевски: Прославија дека Села е мртов, па тргнаа кон нас

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во своето сведочење пред судот препозна двајца обвинети кои го удирале Села, а за останатите рече дека биле на различни страни во собраниската прес-сала за време на упадот на 27 април. За обвинетите Никола Војминовски и Кире Ѓорѓиевски, Манчевски посочи дека биле меѓу десеттемина кои го удирале Села на средина од салата,...

Талат Џафери во судница препозна петмина од напаѓачите на Села

Претседателот на Собранието, Талат Џафери како сведок за обидот за убиство на Зијадин Села во парламентот на 27 април лани, препозна пет од 10-те обвинети, кои на денешното судење во Основниот суд Скопје 1 беа донесени од притвор. Џафери ги посочи обвинетите Стојан Павлески, Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Кире Ѓорѓиевски и Оливер Ошавковски. -Тие беа првите кои влегоа во прес-салата на...

Џафери, Кирацовски и Манчевски ќе сведочат за обидот за убиство на Села во Собрание

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Алексадар Кирацовски и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, по велигденските празници ќе сведочат во судот на рочиштето за нападот над пратеникот и лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на 27 април во Собранието. Собранискиот спикер Џафери бил и претходно поканет да сведочи, но со претходна...

Груевски негира дека од Виена дал налог за упад во Собранието

По одложувањето на расправата за случајот „Титаник“ во Кривичниот суд, поранешниот премиер Никола Груевски рече дека „интензивниот распоред на судења за случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е одраз на силен притисок, за да се дефокусира јавноста од актуелните теми во државата како што е спорот за името.“ - Како што можевте и денеска да видите, денеска се чувствуваше  притисокот којшто...

Судот ги врати во притвор Чавков и уште четворица обвинети за упадот во Собранието

Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во времето на крвавите настани во Собранието, Горан Ѓошевски, од обезбедувањето на поранешниот спикер Трајко Вељановски, Душко Лазаров и Оливер Поповски од МВР и Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање синоќа повторно се приведени, и се пренесени во Истражниот затвор Шутка. Кривичниот совет делумно го прифатил барањето на Обвинителството за организиран...

ОЈО поднесе обвинение против 30 лица за упадот во Собрание на 27 април

Обвинителството поднесе обвинение против 30 лица за настаните кои се случија на 27 април кога беше извршен упад во Собранието и беа нападнати пратеници, новинари и собраниски службеници. Од вкупно 35 осомничени, обвинението е поднесено против 30 лица, од нив 28 се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а двајца се обвинети за помагање при вршење на...

Поради насилствата на 27 април, суспендирани четворица вработени во МНР

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека суспендирало четворица вработени кои биле во Собранието на Република Македонија при упадот и бруталните насилства на 27 април годинава. Како што се вели во соопштението, за ова Министерството за внатрешни работи (МВР) доставипо известување до Основното јавно обвинителство – Скопје. „Министерството цени дека со нивните дејствија односно нивното неовластено влегување и присуство во Собранието...

Русија тврди дека САД упаѓа во нивните дипломатски претставништва

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека американските специјални служби се обидуваат да влезат во дипломатските претставништва на Русија во Сан Франциско. Министерството објави снимки на кои, како што се наведува, се гледаат американските специјални служби како се обидуваат да упаднат на дипломатскиот имот. Стејт департментот на крајот на август соопшти дека САД го затвора рускиот конзулат во Сан Франциско,...

„Тврдокорни“ протестираа за аболиција на напаѓачите во Собрание

Граѓанското здружение „Тврдокорни“ денеска во Скопје протестираше против најавениот закон за двојазичност, населување мигранти и побара да не се дели Македонија меѓу Бугарија и Грција. „Тврдокорни“ со транспаренти „Слобода за патриотите, затвор за предавниците на Македонија“, побараа аболиција на, како што велат, „уставобранителите“, односно учесниците во насилниот упад во Собранието на 27 април. Протестот почна со едноминутна молитва во дворот на...

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ го окупираше синдикатот

СДСМ стави рака врз синдикатот кој треба да ги штити интересите на вработените. Додека граѓаните чекаат просечна плата од 30.000 денари и минимална плата од 16.000 денари, СДСМ наместо да го испорача ветувањето, го презема синдикатот за да се осигура дека ќе биде задушен секој револт од катастрофалните економски политики, обвини ВМРО-ДПМНЕ претпладнево. „Партиската полиција на Оливер Спасовски, даде асистенција за...

Милошоски: Нухиу да не врши притисок без основа да се апсат што повеќе луѓе

Институциите што се грижат за владеење на правото не смеат да приведуваат недолжни луѓе, брзајќи да покажат некаков резултат по немилите настани што се случија во Собранието, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на извршниот комитет на партијата, Антонијо Милошоски, на прес-конференција. Тој побара правосудството да внимава и да ги користи истите стандарди како во случаите со припадниците на „Шарената револуција“...

ВМРО-ДПМНЕ: Недозволиво е МВР да приведува лица што не сториле никакво кривично дело

ВМРО-ДПМНЕ преку пратеникот Драган Данев на прес-конференција денеска порача дека приведувањата за немирите во Собранието на 27 април се обид за заплашување и хајка на недолжни граѓани, притоа нагласувајќи дека „тоа што одредени граѓани влегле во Собранието револтирани од нелегалниот обид за избор на претседател на Собрание, од кршењето на Уставот, деловникот, од антидржавните провокации кои ги прави СДС,...

Радев ќе бара ЕУ да се ангажира во Македонија, Борисов разговарал со Иванов, Груевски и со Заев

Бугарија ќе настојува ЕУ повеќе да се ангажира за Македонија и да има јасна перспектива за иднината на сите земји од Западен Балкан, изјави денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев, при посетата на авиобазата „Граф Игнатиево“, известуваат бугарските медиуми. Радев порача дека решението за Македонија треба да се бара во рамките на ЕУ и на НАТО и рече оти претпоставува...

Внатрешната контрола на МВР негира дека обезбедувањето на Груевски упаднало во „ТВ 21“

Личното обезбедување на поранешниот премиер Никола Груевски не влегло во дворот на „ТВ 21“ и не му наложило на новинарот Кристијан Ландов да избрише снимки од мобилниот телефон. Ова било наведено во одговорот на Секторот за внатрешни контрола и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи на барањето на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) да биде поведена дисциплинска...

ЗНМ бара МВР да го казни обезбедувањето на Груевски за упадот во „ТВ 21“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска доставило претставка до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи за упадот на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во „ТВ 21“. Во претставката, ЗНМ бара да биде поведена постапка против двајцата припадници на обезбедувањето на Груевски, кои минатата недела упаднаа во просториите на телевизијата и го...

СДСМ: Одговорност за упадот во „ТВ21“ мора да има

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска најостро го осудува вандалскиот упад во „ТВ 21“ од обезбедувањето на Никола Груевски и побара одговорност за нарачателите и за извршителите на овој чин. „Овој вандалски чин е уште една потврда до кој степен е загрозена слободата на известување и на изразување во Македонија, покажува колку е урнисана демократијата во земјава. Никола Груевски и неговите...

Премиерот на Ирак бара турската војска да се повлече од нивната територија

Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади го осуди турското распоредување на војска во Северен Ирак, во близина на градот Мосул, и побара војниците итно да ја напуштат територијата. Во соопштението испратено денеска, Абади наведува дека влегувањето на турската војска во северната провинција Ниневех е нарушување на ирачкиот суверенитет. Ирачкото министерство за надворешни работи го опиша влегувањето на околу 150 турски војници со 25...