fbpx
Таг: Унгарија

таг: Унгарија

Орбан: Го примивме Груевски, но не се мешаме во внатрешните работи на Македонија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, потврди дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски е во Будимпешта и дека тамошните власти го обработуваат неговото барање за азил во согласност со домашните и меѓународните закони. „Никола Груевски поднесе барање за азил до надлежните унгарски власти. Поранешниот македонски премиер ја соопшти својата намера да поднесе барање за бегалски статус во Унгарија“, се наведува во изјавата...

МВР потврди дека Груевски е во Унгарија, унгарскиот амбасадор повикан во МНР

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчеравечер потврди дека поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а актуелен пратеник, Никола Груевски е во Унгарија. Министерството за надворешни работи (МНР), пак, соопшти дека за да ја провери информацијата што Груевски ја изнесе на својата страница на Фејсбук, вчера го повикалo амбасадорот на Унгарија Ласло Дукс. Тој бил повикан на средба кај државниот...

Екстрадиција: Што треба и од кои земји може да се бара?

Министерството за правда попладнево соопшти дека ќе чека официјално известување од Министерството за внатрешни работи (МВР) дека осудениот пратеник и експремиер Никола Груевски е во бегство, па дури ќе може да се помине кон постапката за екстрадиција. Но станува збор за малку подолга постапка „Прво треба да добиеме известување од Министерството за внатрешни работи дека лицето е лоцирано, па дури...

Груевски: Во Будимпешта сум, побарав политички азил

Поранешниот премиер и екс лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по кого е распишана потерница, се наоѓа во Будимпешта и таму ќе бара политички азил. Ова самиот го соопшти на социјалната мрежа „Фејсбук“. „Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на...

Владата на Орбан лани потрошила 40 милиони евра на анти-Сорос пропагандата

Вкупно 40,5 милиони евра потрошила минатата година Владата на Унгарија на пропагандата против невладините организации и Институтот „Отворено општество“ на американскиот мултимилијардер роден во Унгарија, Џорџ Сорос, пишува унгарскиот центар за истражувачко новинарство „Atlatszo“, изнесувајќи ги резултатите од своето истражување. Притоа, истражувачките новинари утврдиле дека третина од тие пари завршиле во џебот на Леринц Месарош (Lőrinc Mészáros), близок пријател на...

Орбан му соопштил на Мицкоски дека ги поддржува евроинтеграциите на Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот на партијата, Александар Николоски, денеска во Будимпешта се сретна со унгарскиот премиер, Виктор Орбан. На средбата, досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и унгарската владејачка партија ФИДЕЗ била оценета како одлична и од двете страни било констатирано дека истата треба да продолжи да се развива и во иднина. Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Орбан изразил...

Сијарто: Сакаме ЕУ во февруари да одреди датум за почеток на преговори со Македонија

Следниот самит на НАТО е незамислив без прашањето на проширувањето, а сакаме и ЕУ во февруари да одреди датум за почеток на преговори со Македонија, изјави денеска министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, Петер Сијарто на заедничката прес-конференција со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. - Унгарија и натаму ќе дава поддршка за Македонија и земјите...

Шефот на унгарската дипломатија, Сијарто утре во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Како што соопштија од МНР, тие ќе разговараат за билатералните односи, европската и евроатлантската интеграција на Република Македонија, како и за внатрешно-политичката состојба во нашата земја и односите со соседите. Исто така,...

Орбан – Заев: Унгарија ќе продолжи да ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и кон НАТО

Премиерот Зоран Заев денеска, на маргините на Самитот на шефови на влади на Источна и на Централна Европа за соработка со НР Кина, на унгарскиот премиер Виктор Орбан му го претставил планот „3-6-9“, како и конкретните чекори што ги презема Македонија за подобрување на економската состојба и за привлекувањето на странски инвестиции. Во разговорот со Орбан, Заев посебно го нагласил...

Заев со владина делегација на Самитот 16+1 во Будимпешта

Премиерот Зоран Заев, со владина делегација, од денеска до вторник следната недела ќе претстојува во Будимпешта, Унгарија, каде ќе учествува на 6. Самит на шефови на влади од процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа, соопшти владината прес-служба. Во македонската делегација на самитот се и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за...

Орбан обезбедува „прибежиште за прорускиот лузер Груевски“, алармира унгарска партија

Виктор Орбан не само што се вклучи во кампањата на поддржуваниот од Русија поранешен премиер на Македонија, Никола Груевски, туку и сака нему и на врвните луѓе до него да им овозможи прибежиште во Унгарија, што во целост е против вредностите на само на ЕУ, туку и во Унгарија, алармира Виктор Сигетвари, претседател на Националниот политички совет на „Еѓит“...

Меркел: Неприфатливо е Унгарија да ја игнорира пресудата за бегалците

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека е неприфатливо Унгарија да ја игнорира пресудата на Европскиот суд на правдата, според која Будимпешта мора да ги прифати бегалците во рамки на програмата на Европската Унија за нивно релоцирање. - Неприфатливо е една влада да рече дека не ја интересира пресудата на Европскиот суд на правдата – вели Меркел за денешното издание на...

Македонски државјани повредени во сообраќајка кај Будимпешта

Пет македонски државјани се повредени во сообраќајна несреќа во близина на автопатот М5, во близина на Будимпешта, соопшти денеска портпаролот на бугарското Министерство за надворешни работи, Иван Димов, повикувајќи информации на бугарската амбасада во Будимпешта, која е во контакт со унгарските власти. „Во сообраќајната незгода учествувале автомобил „мерцедес“ со бугарски регистерски ознаки и возило „форд“ со германски регистерски ознаки. Мерцедесот,...

Нова дипломатска војна – Унгарија го повлекува амбасадорот од Холандија

Унгарија го врача амбасадорот од Хаг „на консултации“ после острите критики кои холандскиот амбасадор во Будимпешта ги упати кон унгарската влада. - Унгарија го повика на консултации својот амбасадор во Холандија – соопшти шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто. Холандскиот амбасадор, Гајус Шелем, кој го завршува својот мандат во Будимпешта, во интервју за еден унгарски неделник ги спореди методите на премиерот...

Стефановиќ: Не постои жица што ќе ги сопре мигрантите

Поединечните решенија на некои земји како Унгарија, не го решаваат проблемот со мигрантите, туку само го продлабочуваат, порача министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, откако вчера владата на Унгарија објави дека наредила пробно да се пушти во употреба новата „умна“ ограда на границата со Србија, која има струја под напон од 900 волти, за која тврди дека...

ЕК поведе прекршочни постапки против Унгарија, Полска и Чешка

Европската комисија одлучи да поведе прекршочни постапки против Унгарија, Полска и Чешка затоа што овие земји членки не ги исполниле своите обврски поврзани со прифаќањето бегалци. Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, соопшти дека Комисијата веќе една година испраќа повици за солидарност и за исполнување на законските обврски за релоцирањето бегалци од камповите во Грција и во Италија. На крајот, како што рече...

Унгарија доби закон за контрола на странските донации во граѓанскиот сектор

Унгарскиот парламент денеска усвои закон за граѓански здруженија кои се финансираат од странство. Законот, за кој гласаа пратеници од владејачката коалиција под водство на премиерот Виктор Орбан, предвидува здруженијата кои добиваат повеќе од 26.200 американски долари годишно од странство да ги пријават во судот. Со законот се предвидува организациите во своите печатени и интернет-публикации да ги објават своите финансии од...

Унгарска вечер утре во Прилеп

Унгарска вечер ќе се одржи утре во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Настанот се организира во соработка со Амбасадата на Унгарија во Македонија. Во 18.30 часот, во ликовниот салон ќе биде отворена историската изложба „Унгарците во логорите од Советскиот Сојуз 1944-1956“ во спомен на годината на унгарските политички затвореници депортирани на принудна работа. Изложбата ќе ја отворат амбасадорот...

Аврамопулос ја повика Унгарија да ги почитува правилата за азил

Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, денеска ја повика Унгарија да се однесува во согласност со правилата на ЕУ за постапување со азилантите. Аврамопулос на состанок со унгарските власти истакна дека експертите ќе расправаат за да осигураат дека новите унгарски правила за бегалци ќе бидат во согласност со правилата на ЕУ. Во меѓувреме, унгарскиот Хелсиншки комитет, кој ги застапува правата на подносителите...

Меркел: Засега нема санкции за Унгарија и за Полска

Германската канцеларка Ангела Меркел се надева дека напнатоста помеѓу Европската Унија и земјите членки, како што се Полска и Унгарија, ќе биде решена со дијалог. Таа додаде дека заканата со финансиски санкции не би била погодна засега. Канцеларката изјави дека Европската комисија треба да разговара со членките за суштината на нивните забелешки, иако не ги наведе експлицитно Полска и Унгарија. - Не мислам...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...