fbpx

МВР потврди дека Груевски е во Унгарија, унгарскиот амбасадор повикан во МНР

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчеравечер потврди дека поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а актуелен пратеник, Никола Груевски е во Унгарија.

Министерството за надворешни работи (МНР), пак, соопшти дека за да ја провери информацијата што Груевски ја изнесе на својата страница на Фејсбук, вчера го повикалo амбасадорот на Унгарија Ласло Дукс. Тој бил повикан на средба кај државниот секретар Виктор Димовски, со цел проверка на информацијата и по дипломатски канали. Димовски притоа нагласил дека Македонија е цврсто определена да опстои на вредностите на градење на правната држава, фунционирање на независното судство и борбата против организираниот криминал и корупцијата на сите нивоа, вклучувајќи ги и највисоките.

МВР вчеравечер соопшти дека од унгарското МВР добила потврда дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил. Потоа до Основен суд Скопје 1 информацијата е пренесена, и сега судот треба да распише меѓународна потерница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...