сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: УНДП | 74 резултати

По ГТЦ, Домот на градежници ќе го добие вториот зелен покрив во Скопје

декември 18, 2020

Градот Скопје во соработка со УНДП почна со уредување на вториот зелен покрив во центарот на градот – покривот на Домот на градежници. Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри ќе бидат засадени повеќе од 30 различни видови садници – дрвја, средно и ниско зеленило кое ќе биде функционално распоредено, ќе има тревна […]

УНДП во Индексот за човеков развој ги вклучи емисиите на јаглерод диоксид и материјалниот отпечаток на земјите

декември 16, 2020

Извештајот за човековиот развој на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) годинава вклучи нов експериментален индекс за човековиот напредок, во кој се земени во предвид количеството на емисии на јаглерод диоксид и материјалниот отпечаток на земјите во светот. „Пандемијата предизвикана од ковид-19 е најновата криза со која светот се соочува, но доколку луѓето не […]

ФИТР: Пет пилот општини ќе може електронски да плаќаат сметки кон општината и јавните претпријатија

ноември 6, 2020

За полесен пристап и поквалитетни услуги на локално ниво преку развој на дигитални алатки и решенија, Фондот за иновации и технолошки развој и УНДП реализираа јавен повик за дигитализација на општините, соопштија од ФИТР. Избраното решение на компанијата Ентер од Охрид – Е-платформа LUCA E-LSG PLATFORM – ќе ги опфати алатките за Воспоставување на електронски […]

Ќе се испитуваат изворите на загадување на воздухот во Карпош и Лисиче

октомври 28, 2020

На две локации во општините Карпош и Аеродром во Скопје во следната година ќе се мониторира квалитетот на воздухот за да се утврдат изворите на загадувањето. На овие локации, во рамките на проектот „Справување со загадувањето во Скопје“, поставени се уреди кои во следните 12 месеци ќе собираат примероци од воздухот 24 часа на ден. […]

Порталб: За време на пандемијата, децата со посебни потреби посетуваат три форми на настава

октомври 13, 2020

Во отсуство на дефектолози, кои според законот треба да ги има секое основно училиште, повеќето општини го компензираат ова преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Во услови на пандемија, учениците со посебни потреби го започнаа образовниот процес без проблеми, истовремено со другите ученици, и тоа на три начини, пишува Порталб.мк. Во Општина Тетово […]

Вандали оштетија инструменти за рано предупредување од поплави во Вардар кај тетовско Сараќино

октомври 6, 2020

Штета во висина од 5.000 до 10.000 евра е направена врз инструментите за рано предупредување од поплави на хидролошката станица „Саракинци“ поставена во реката Вардар кај тетовското село Сараќино. „Минатата недела наша екипа ја посети станицата во Сараќино со цел да утврди зошто нема податоци на нашата веб страна, при што беа забележани оштетувања на […]

Повик на ФИТР и УНДП за дигитализација на општините за подобрување на јавните услуги

октомври 2, 2020

Од денеска, па до 15 ноември ќе трае јавниот повик на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и УНДП (Програма за развој на ОН) за дигитализација на општините, чија цел се развој на дигитални алатки и решенија за подобри и поквалитетни услуги. УНДП ги обезбедува средствата во висина од 4 милиони денари, а спроведувањето […]

Грантови до 10.000 долари за подобрување на енергетската ефикасност на куќи во Лисиче

август 25, 2020

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), објави повик за избор на домаќинства во скопската населба Лисиче, коишто ќе бидат поддржани со грант во висина до 10.000 американски долари, во денарска противвредност, со цел да преземат мерки за зголемување на енергетска […]

Град Скопје ќе ја уредува северната страна од кејот на Вардар од Лепенец до Аеродром

јуни 17, 2020

Екипите на Град Скопје денеска почнаа акција за чистење и уредување на северната страна од кејот на Вардар, на потегот од реката Лепенец до Аеродром. Во текот на наредниот месец на терен ќе работат екипите на јавните градски претпријатија „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Водовод и канализација“ и „Улици и патишта“. Тие прво ќе го […]

Се родија првите еленчиња во репродуктивниот центар на Галичица

јуни 3, 2020

Во репродуктивниот центар за европски елен во Националниот парк Галичица, се родија првите еленчиња. Во периодот кој следи, од паркот очекуваат на свет да дојдат уште нови младенчиња. Овој центар е распространет на стотина хектари, во кој се донесени 24 женки и шест мажјаци од овие елени. Тој е опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, […]

УНДП: Стапката на човековиот развој годинава ќе почне да опаѓа за прв пат од 1990 година

мај 21, 2020

Стапката на глобалниот човеков развој, која може да се измери како комбинација од стандардите на образование, здравство и живеење низ светот, годинава може за прв пат да опадне, откако концептот беше воведен во 1990 година, предупреди Програмата за развој на обединетите нации (УНДП). „Светот се има соочено со многу кризи во изминатите 30 години, како […]

Лицата со попреченост и старите лица ќе добијат помош за време на корона кризата

април 7, 2020

Лицата со попреченост и старите лица од 27 општини низ земјава ќе добијат помош во периодот на корона кризата. Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека околу 200 невработени лица ќе се вклучат во проектот за да им помагаат на 1.540 граѓани со попреченост и постари лица. „Локалните општински тимови обучени за справување […]

Македонија ќе побара поголем број на странски полицајци за чување на границата кон Грција

март 3, 2020

Македонската влада на денешната седница го разгледа извештајот на Управувачкиот комитет за координација и справување во системот за управување со кризи за состојбата со мигрантската криза во нашата земја, информираат од владината прес – служба. Владата донела повеќе заклучоци кои тргнуваат од фактот дека Македонија веќе има воспоставен систем за управување со мигрантската криза кој […]

И извештајот на УНДП укажува на административците кои воопшто не одат на работа

октомври 14, 2019

Стотина вработени во подрачните единици на Министерството за одбрана ја напуштиле јавната служба во минативе две години, информираше министерката за одбрана Радмила Шекеринска на минатонеделниот брифинг со новинарите. – Инсистиравме да одат на работа – едноставно објасни Шекеринска како Министерството спонтано се справило со вишокот во корпусот од 350 административци во подрачните, денес регионални, единици, […]

Aнализата на УНДП уште пред година и пол препорачала кратење на инспекторатите и на државните институции

октомври 9, 2019

Сите државни институции имаат еден месец за да направат функционална анализа, по што ќе се утврдат конкретните мерки за реформата на јавната администрација, најави вчера министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Тој нагласи дека веќе е спроведена функционална анализа на инспекциските служби. – На овој процес, претходеше и функционална анализа спроведена на инспекциските […]

Наскоро репродуктивен центар за елени и арборетум во националниот парк „Галичица“

април 4, 2019

Почнати се почетните активности за изградба на репродуктивен центар на елени (на простор од 102 хектари) и арборетум (на простор од 2 хектари), и веќе е изработена Студија за активно управување со високо-планински пасишта и објавен тендер за изградба на арборетум. Тоа беше соопштено на состанокот во седиштето на Националниот парк „Галичица“, на кој учествуваа […]

„Зелениот покрив“ на ГТЦ е премалку зелено решение, велат урбанистите и граѓаните

февруари 20, 2019

Понуденото решение за покривот на Градскиот трговски центар не е она што јавноста го очекуваше и не може да се нарече „зелен покрив“, се најчестите реакции на јавноста откако градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, заедно со градоначалникот на Општина Центар, Сашa Богдановиќ и со претставници на УНДП го промовираа проектот за идниот зелен покрив на […]

ГТЦ ќе добие зелен покрив од 1.800 квадратни метри

февруари 19, 2019

Гратскиот трговски центар во Скопје ќе добие зелен покрив со површина од 1.800 квадратни метри на која ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници, најави денеска градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов. Проектот „Зелен покрив на ГТЦ“ со кој постојниот покрив кој е сега неискористен ќе стане зелена површина […]

Децата од домот „11 Октомври“ до средината на месецов ќе преминат во групни домови

јануари 2, 2019

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека до средината на јануари целосно ќе се трансформира Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. „Дел од децата веќе се сместени во два групни дома во Скопје, а до крајот на неделата дел од децата ќе се згрижат во мал групен дом во Штип. Последната […]

Се доцни со законот за Водно, УНДП ќе помага со експертиза

октомври 8, 2018

УНДП – Агенцијата за развој на Обединетитие нации – ќе учествува со своја експертиза во изготвувањето на закон за заштита на парк-шумата Водно, со што треба да се заокружи заштитата на ова подрачје од витално значење за град Скопје. Тие, исто така, на своја иницијатива, ќе учествуваат во подготвувањето на закон за заштита на пределот […]

Страна 3 од 4