понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: УНДП | 74 резултати

Во 56 општини ќе се вработат 650 асистенти за инклузија на децата со посебни потреби

септември 28, 2018

15 нови асистенти за деца со посебни потреби ќе бидат ангажирани во училиштата во општина Тетово, како дел од проектот кој УНДП го реализира со општината, информираа од УНДП на денешната прес-конференција. Се работи за програма во која е вклучена корисна работа, чија цел е децата со посебни потреби да се вклучат во наставата, односно […]

Шилегов учествува на регионална конференција против корупција во Тирана

декември 8, 2017

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, присуствува на регионалната конференција што вчера и денеска се одржува во Тирана. На регионалната конференција, главна тема е превенција од корупција на локално ниво. Регионалната конференција е организирана од УНДП, антикорупциска мрежа на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ).

Град Скопје изработи анализа за можностите за намалување на ризикот од поплави

ноември 30, 2017

„Анализа на можностите за намалување на ризикот од поплави во Скопскиот Регион“ е името на студијата што Град Скопје ја изработи во соработка со УНДП, а денеска беше презентирана пред јавноста. – Градот Скопје почнува нова практика во начинот на работењето, во смисла на споделување на резултатите од научните студии со јавноста. Сакам да нагласам дека Градот […]

2,3 милиони евра од ЕУ за подобрување на услугите на општините

јули 27, 2017

Европската Унија ќе ѝ помогне на Македонија со 2,3 милиони евра за проектот „Унапредување на општинското владеење“. Проектот ќе се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии и општините во текот на наредните 30 месеци. „Европската Унија континуирано ѝ помага на […]

Со пари од странски организации ќе се уредува депонијата Русино

април 6, 2017

Со пари од УНДП и на швајцарската агенција за развој, ќе се уредува регионалната депонија Русино. Ова денеска го изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, по средбата со министерот за животна средина и за просторно планирање, Башким Амети. Проектот, како што рече Арифи, има цел целосно да го реши проблемот со сметот во Полошкиот Регион. […]

Кларк: Во интерес на земјата е да се најде излез од политичката криза што е можно побргу

април 2, 2017

„Од гледна точка на Обединетите нации, ние навистина би сакале да видиме брза разврска на кризата во согласност со уставниот поредок, бидејќи гласачите очекуваат нивната волја да биде почитувана“, вели генералниот потсекретар на Обединетите нации и администратор на УНДП, Хелен Кларк, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа.“ Таа вели дека во интерес на земјата е […]

Странски и домашни донатори лани го помогнале развојот на Источна Македонија

јули 12, 2016

Со пари од странски донатори, локалната и од централната власт, во Источна Македонија во 2015 година се реализирале околу 500 проекти. Ова е податокот од годишниот извештај на Центарот за развој на Источно-планскиот регион (ИПР), кој беше презентиран денеска во Штип. Пред претставници од 11 општини, невладиниот сектор и од бизнис-заедницата, Емил Василев, координатор на проекти, […]

Награда од 10.000 долари за борба против климатските промени

јуни 24, 2016

Девет тимови викендов во Скопје, на климатскиот камп, ќе се натпреваруваат за награда од 10.000 долари за борба против климатските промени и поттикнување на урбаната отпорност. УНДП и УСАИД, во април годинава, објавија предизвик до сите граѓани да предложат иновативни идеи за справување со климатските промени. Предизвикот, кој беше организиран во партнерство со Амбасадата на […]

Доделени наградите за најдобрите фотографии за климатските промени во Македонија

ноември 20, 2015

Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, француската амбасадорка Лоренс Оер и постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон, денеска ги доделија наградите од првиот фото-конкурс за климатските промени во Македонија, насловен „#Делувај сега“. Изаири ги поздрави учесниците во конкурсот и ја истакна важноста за зачувување на животната средина. Дваесетте победнички фотографии во 10 […]

Регионална конференција за вработување

април 16, 2015

Дводневна регионална конференција за вработување денеска почнува во Скопје, а главни теми ќе бидат создавањето работни места за поттикнување еднаквост и просперитет. На конференцијата, која е организирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Меѓународната организација на трудот (МОТ), ќе учествуваат стотина креатори на политики и експерти од Југоисточна Европа и од Турција.

Страна 4 од 4