fbpx

Aнализата на УНДП уште пред година и пол препорачала кратење на инспекторатите и на државните институции

-

Сите државни институции имаат еден месец за да направат функционална анализа, по што ќе се утврдат конкретните мерки за реформата на јавната администрација, најави вчера министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Тој нагласи дека веќе е спроведена функционална анализа на инспекциските служби.

– На овој процес, претходеше и функционална анализа спроведена на инспекциските служби, што беше и основа на изработка на нов Закон за инспекциски надзор. Анализата покажа, дека е потребно е да има вкупно 12 инспекциски служби (11 државни инспекторати и една агенција), наместо досегашните 28 инспекциски служби. – рече Манчевски.

Намалувањето на бројот на инспекциските служби, односно спојување на слични инспекторати, но и спојување на сите јавни институции кои работат во исти области се дел од препораките на функционална анализа на јавниот сектор која веќе била извршена, по налог на УНДП, и објавена во мај лани, за да му се помогне на Министерството за информатичко општество и администрација да ги почне реформите.

„Да се направи анализа на малите тела на државна администрација и да се земе предвид спојување на најголемиот дел од нив за да се создадат поголеми, поспособни тела“, гласи една од препораките на оваа анализа, а за мерката е предложен рок од една година, или до мај годинава.

Покатаму, во Извештајот за резултатите од мапирањето на институциите од јавниот сектор, фунцкионална анализа и препораки за започнување на процесот на реформа на јавната администрација, направен за само седум недели по налог на УНДП, се предлага и спојување на инспекторатите, но и на сите тела кои работат во исти области:

„Во подоцнежна фаза на реформата на јавната администрација, да се разгледа спојување на агенциите кои делуваат во иста област, и спојување на инспекторатите кои делуваат во иста област“, гласи препораката со рок на примена од две години, или до 2020 година.

Функционалната анализа содржи 11 клучни заклучоци и 28 препораки од тоа што се е опфатено во рамката на јавната администрација, хиерархијата, поделбата на функции меѓу телата на државната администрација, до ефикасна употреба на човечките ресурси. Препораките се собрани во акциски план со предложена временска рамка и кратко до среднорочни активности со рокови меѓу 3 месеци и 3 години.

„Целта е да му помогне на МИОА да почне со систематска, структурна и функционална реформа на јавната администрација, која ќе води до администрација со поголема демократска контрола, ефикасност и ажурност, инклузивност, како и транспарентност и одговорност.“, се наведува во анализата.

Задача на анализата била да постави листа на конкретни препораки, во линија со принципите на Обединетите нации и заложбите на ЕУ, кои ќе го почнат процесот на реформи и ќе му овозможат да земе значителен замав, и мапирање на институциите на јавната администрација и анализа на правната рамка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...