fbpx
Таг: убиство

таг: убиство

Српски државјанин баран од Интерпол поради убиство, приведен на Табановце

Државјанин на Србија, кого Интерпол Австрија го бара со потерница, вчераутро бил приведен на граничниот премин Табановце при влез во Македонија, соопшти полицијата. Станува збор за С.Ќ. (37) од Белград, кого Интерпол го бара со меѓународна потерница поради основан сомнеж дека извршил убиство. По приведувањето, српскиот државјанин бил предаден на полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка.

Немири во Атина на протестот за Григоропулос

Атина пламна во експлозии на молотови коктели и потона во солзавец за годишнината од убиството на Алексис Григоропулос. Протестот за убиството на Григоропулос во 2008 година, кое стана симбол за борбата против полициското насилство, ескалираше во атинскиот кварт Ексархија и доведе до 35 приведени лица и 13 уапсени. Во борбите меѓу демонстрантите и полицијата и размената на молотови коктели, камења...

Убиен 43-годишен жител на тетовското село Лисец

Со прострелна рана во срцето, попладнево околу 15.30 часот во Мала Речица убиен е 43-годишниот Хасмир Хасани од тетовското село Лисец. Убиството се случило во угостителски објект на улицата Љуботенска. - Лицето Хасани е убиено со еден куршум, истрелан од пиштол кон срцето, а смртта настапила веднаш - изјави јавниот обвинител Борислав Нешоски од Основното јавно обвинителство во Тетово. Осомничениот за убиството, кој...

Двајца убиени при вооружен напад во село Грчец

Две лица се убиени, а едно се наоѓа во критична состојба, по вооружен напад што се случил синоќа околу 23 часот во скопското село Грчец. - Вчера во село Грчец било пукано во патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое имало три лица. Две лица се починати, а едно лице е со тешки телесни повреди и е преместено во...

САД: Убиени 20 лица при пукање во Калифорнија

Засега непознат број лица убиле 20 луѓе во близина на голф-терен во градот Сан Бернандино во Калифорнија, објави „Би-Би-Си“. Полицијата ги предупреди граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот. Пожарникарската служба на Сан Бернандино на „Твитер“ сподели информација дека нејзините единици реагирале за инцидент во кој има 20 жртви и дека се работи на расчистување на случајот. https://twitter.com/SBCityFire/status/672131690978906112 Портпаролката на полицијата во Сан...

Протести во Истанбул по убиството на про-курдскиот адвокат Тахир Елчи

Над 2.000 луѓе попладнево се собрале во центарот на Истанбул на протестти поради убиството на истакнатиот про-курдски адвокат Тахир Елчи, кој беше застрелан денеска во градот Дијарбекир, на југоистокот на Турција, јавуваат светските медиуми. Бројот на демонстранти кои пристигаат во центарот на Истанбул, како што пренесува „Раша тудеј“ постојано се зголемува, а полицијата се обидува со солзавец и водени топови...

Одбележан денот против насилството врз жените

Со транспаренти во рацете како потсетник за жртвите на семејното насилство, со крвави лица и облека, активистките во Скопје денеска го одбележуваа 25 ноември, Меѓународниот ден против насилството врз жените. Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден против насилството врз жените, од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство најавија дека ќе продолжат со кампањата „365 дена активизам против насилство...

По мистеризната смрт на Софески: Нашите разузнавачи страдаат во „чудни“ несреќи

Смртта под засега неразјаснети околности на воениот разузнавач Горан Софески, повторно на површина ја извади опасноста на оваа професија. Откако вчеравечер бил пријавен за исчезнат, поранешниот воен разузнавач утринава е пронајден мртов во шумскиот појас во близина на селото Раштани, пет километри од Кичево. Во историјата на Македонија, пак, под неразјаснати околности загинаа повеќе разузнавачи. Истрагата за нив не довела...

Убиени двајца војници во БИХ

Двајца припадници на вооружените сили на БИХ се убиени во предградие на Сараево, потврдија локалната полиција и министерството за одбрана на БИХ. Војниците се убиени кога напаѓачот упаднал во обложувалница во населбата Рајловац и отворил оган. Уште еден војник е повреден во пукањето. Нападот се случил во локална обложувалница, а напаѓачот, откако ги убил војниците, излегол надвор и отворил оган и...

Да си го одземеш животот е избор, но да земеш на душа и друг е тешка дијагноза

За само неколку дена во Скопје се случија две самоубиства и еден обид за убиство. Пред два дена, мајка од скопски Хиподром, својот шестгодишен син го фрли од четвртиот кат, по што и таа се обиде да си го одземе животот. Денеска, пак, 42-годишен маж во центарот на Скопје се заканувал дека ќе се фрли од скеле, кое било поставено покрај...

Палестинец убиен во болница во Хеброн

Палестинец осомничен за еден антиизреалски напад, синоќа е убиен во болница во Хеброн, во интервенција на израелските специјални сили, соопшто палестинското министерство за здравство. „Израелските специјални сили го убија Абдулах Азам Шаладех (27) во болница во Хеброн“, се наведува во соопштението на министерството, кое го пренесуваат светските агенции. Израелските безбедносни сили ја потврдија веста и додале дека пукале во Шаладех кога...

Во Јордан полицаец уби двајца Американци и еден Јужноафриканец

Јордански полицаец денеска отворил оган во американскиот центар за обука во предградие на градот Аман, при што убил двајца Американци и еден Јужноафриканец, пред да биде убиен, соопшти Мохамед Момани, портпарол на јорданската влада. Момани за новинската агенција „Петра“ изјавил дека уште двајца државјани на САД и четворица државјани на Јордан биле ранети за време на нападот, додавајќи дека еден...

За убиството на младиот радовишанец осомничен негов братучед

Полицијата го расчистила убиството на 26-годишниот Јашар Р., чие безживотно тело во четвртокот минатата недела беше пронајдено во куќа во Радовиш, соопшти Министерството за внатрешни работи. Кривична пријава е поднесена против Д.С. (28) од Прилеп, братучед на убиениот, кому судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од 30 дена. Според МВР, убиството се случило минатиот понеделник (2 ноември), а причина било...

Лекарите во знак на револт се собраа во кругот на Клинички центар

Во кругот на Клинички центар „Мајка Тереза“ попладнево, група лекари се собраа во знак на револт против посегнувањето по животот на нивни колега. Претходно тие има координативен состанок во амфитеатарот на клиничкиот центар. Според лекарот психијатар Викторија Вујовиќ, тој што кренал рака на бел мантил, исто како да кренал рака врз целиот свет. - Тоа што се случи утрово е недозволиво. Сите ние...

Хаџиски отфрла вина и тврди дека не се сеќава на убиството на Јошевска

Скопјанецот Миле Хаџиски, против кој во Основниот суд Скопеј 1 денеска почна новото судење за бруталното убиство на Мери Јошевска, пред 22 години, во двочасовното сведочење ја отфрли вината за убиството на Јошевска, тврдејќи дека не се сеќава на ништо. „Се сеќавам дека отидов кај неа дома за да ми даде пари за набавка на цигари, кои ги препродавав во скопските...

Протест пред Влада поради молкот за смртта на Мартин Нешковски

Мал број активисти половина час вечерва ја блокираа улицата пред објектот на Владата, на протест организиран на иницијатива на братот на починатиот Мартин Нешкоски, објави „Нова ТВ“. Велат дека причините за протест се многу, но појдовна точка е расветлување на смртта на младиот Мартин Нешковски, враќање на институциите на државата и оставка од целокупната Влада. - Денешниот протест е поради четири...

Убиени двајца кинески дипломати на Филипини

Двајца кинески дипломати се убиени, а трет е ранет во вооружен напад во ресторан во филипинскиот град Себу, соопшти денеска полицијата. Заменик-конзулот и финансиски службеник на кинескиот конзулат се убиени, а генералниот конзул е ранет. По нападот уапсени се двајца кинески државјани, маж и жена, која работела во конзулатот. На местото на нападот е запленет полуавтоматски пиштол, марка „колт“. Келнерите соопштија дека...

Писториус во домашен притвор

Во домашен притвор е пуштен поранешниот параолимпиец на Јужна Африка, Оскар Писториус, кој беше осуден на пет години затвор поради убиство на неговата девојка, Рива Стенкамп, во нивниот дом. Пред точно една година беше осуден на затворска казна, но законот во неговата држава дозволува откако обвинетиот ќе одлежи една шестина од казната, да може да го напушти затворот и останатиот...

Ја убил сопругата со секира

Синоќа, 49-годишен жител на село Врапчиште, Гостиварско, нанесувајќи ѝ удар со секира во вратот, ја убил својата 44-годишна сопруга. Убиството го извршил во спалната соба од семејната куќа. Според првичните информации, сторителот и жртвата подолго време биле во лоши брачни односи, а имаат две полнолетни деца. По убиството, осомничениот самиот се пријавил во полициска станица во Гостивар. На местото на настанот извршен е увид...

Тунрбул: 15-годишен тинејџер изврши терористички напад

Премиерот на Австралија, Малком Тунрбул, изјави дека нападот во Сиднеј, во кој 15-годишен тинејџер уби цивил вработен во полиција, најверојатно е терористички акт. Полицијата наведе дека напаѓачот, кој не е именуван, е убиен во размена на оган со полицијата откако го убил Куртис Ченг пред седиштето на полицијата во западниот дел на Сиднеј. Австралиските медиуми пишуваат дека тинејџерот, за кој полицијата...

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...