fbpx

Тунрбул: 15-годишен тинејџер изврши терористички напад

-

Премиерот на Австралија, Малком Тунрбул, изјави дека нападот во Сиднеј, во кој 15-годишен тинејџер уби цивил вработен во полиција, најверојатно е терористички акт.

Полицијата наведе дека напаѓачот, кој не е именуван, е убиен во размена на оган со полицијата откако го убил Куртис Ченг пред седиштето на полицијата во западниот дел на Сиднеј.

Австралиските медиуми пишуваат дека тинејџерот, за кој полицијата тврди дека е со ирачко-курдско потекло, извикувал верски пароли пред да го застрела Ченг во главата.

Сведоците изјавиле дека виделе вооружан човек во црна облека како брзо оди и вика пред полициското седиште, непосредно пред да чујат низа истрели.

– Изгледа дека ова е чин на политички мотивирано насилство и тероризам. Тоа е шокантен злочин, ладнокрвно убиство, а особено е шокантно што тоа го направи 15-годишен човек. Не смееме да ја напаѓаме или обвинуваме целата муслиманска заедница поради потезите на мал процент поединци кои се насилни екстремисти. Муслиманската заедница е многу важен партнер во бробата против таквиот вид екстремисти – изјави Тунрбул.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...