fbpx
Таг: цена

таг: цена

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот поевтинува

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар, а за истиот износ поевтинуваат дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Литар „еуроспер БС-95“ ќе се продава за 69 денари, а „еуроспер БС-98“ за 71 денар. Новата цена на „еуродизел“ изнесува 61 денари. Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,13 проценти.

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се зголемуваат од еден денар до денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цената на „еуросупер БС-95“ се зголемува за 1,50 денари за литар, додека цените на „еуросупер БС-98“, дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар. Согласно најновата одлука на РКЕ, новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе...

За половина денар се зголемува цената на „eуросупер БС-98“ и дизелот

Малопродажната цена на дизелот, екстра-лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар. Цената на „еуросупер БС-95“ останува непроменета. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на „еуросупер БС-95“ останува 67 денари за литар, на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 69,50 денари, на „еуродизелот“ 60,50 денари, додека на екстра-лесното масло за домаќинство изнесува 50 денари. Референтните цени...

Бензинот „еуросупер БС-95“ поскапува, цената на другите горива останува иста

Бензинот „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 67 денари за литар. „еуросупер БС-98“ ќе продолжи да се продава за 69, а „еуродизел“ за 60 денари. Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на...

Горивата поевтинуваат од ноќеска на полноќ

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за три денари, додека цената на дизелот се намалува за 2,50 денари, одлучи Регулаторна комисија за енергетика. Новата цена на „еуросупер БС-95 е 66,50 денари, додека „еуросупер БС-98“ ќе се продава 69 денари за литар, дизелот ќе чини 60 денари за литар. Со оваа Одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во...

Цената на горивата се намалува од ноќеска на полноќ

Mалопродажната цена на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува од еден до денар и половина, одлучи Регулаторната комисијата за енергетика. За еден денар се намалува цената на „еуросупер БС 98“, додека за денар и половина поевтинуваат „еуросупер БС 95“, еуродизелот и екстра-лесното масло за домаќинство. Новата цена на „еуросупер БС 95“ ќе изнесува 69,50 денари за литар, „еуросупер...

Горивата поскапуваат од половина до три денари за литар

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 до три денари за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажна цена на бензинот „еуросупер БС-95“ се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 68,5 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ поскапува за три денари и ќе чини...

Бензините поскапуваат, а дизелот поевтинува

Бензинот „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ поскапува за 1,5 денари, а „еуросупер БС-98“ за денар, додека цената на дизелот  и на екстра-лесното масло за домаќинствата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулторната комисија за енергетика. Новата цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 66 денари за литар, а 67,5 денари на „еуросупер БС-98“, додека литар еуродизел ќе се продава за...

Односот долар – евро и падот на цената на нафтата – фактори за деловните проекции во 2019 година

Прогнозите за цената на нафтата, односот меѓу доларот и еврото во 2019 година можe да влијаат врз проекциите во деловниот сектор во Македонија. Во најновиот извештај за макроекономските показатели, Народната банка соопшти дека во најновите оцени за цената на нафтата за 2019 година е извршена надолна ревизија во однос на октомври. Во услови на очекувања за помала светска побарувачка и...

РКЕ: Ќе се намали цената за пренос на природен гас и за дистрибуција на гас во ТИР-зоните

Цената за пренос на природен гас ќе се намали за приближно 12 отсто, покажуваат пресметките на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), изјави денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, пред почетокот на подготвителната седница на која се разгледуваат предлог-одлуките за пренос на природен гас на АД ГАМА и три одлуки за дистрибуција на природен гас во Струмица, Куманово и ТИРЗ. Тоа според...

МЗШВ: Промена во цената има само на еден тип на леб

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја информира јавноста дека промената на цената на лебот се однесува на еден тип на леб и корекцијата ја имаат направено три компании производители на леб од Скопје и една компанија од Тетово, како поединечна одлука на фирмите. До овој момент големите фирми не ја имаат зголемено цената на лебот. „Сите останати информации се...

МЗШВ: Eдна третина од индустриското јаболко е откупена

Еден месец по воведувањето на новата интервентна мерка, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство информира дека откупена е една третина од индустриското јаболко. „Со цел производителите на јаболка да имаат рентабилно производство, Владата воведе нова интервентна субвенција за производителите на јаболка. Конкретно, производителите на јаболко кои ќе го предадат своето производство кај регистрирани откупувачи кои вршат извоз, ќе добијат субвенција...

Горивата поевтинуваат од ноќеска на полноќ

Цените на горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат од 1,5 до 3,5 денари. Цената на „еуросупер БС-98“ се намалува за 3,5 денари, „еуросупер БС-95“ се намалува за три денари, а дизелот и екстра-лесното масло за домаќинства за 1,5 денари за литар. Новата цена на „еуросупер БС-98“ ќе биде  73 денари, „еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 71,50 денари, а...

СКМ бара намалување на акцизата на пивото за еден денар

Акцизата на пивото да се намали од четири на три денари за литар алкохолен степен и наместо 32,5 да изнесува 24,4 евра, бара Стопанската комора на Македонија. Од таму оценуваат дека производството и продажбата на пиво изминатите десет години бележи негативен тренд, а најголеми причини за тоа се токму зголемената акциза од 2013 година, воведувањето на лиценците за продажба на...

Бензините поскапуваат од ноќеска на полноќ

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените се зголемуваат во просек за 2,33 проценти, одлучи Регулаторна комисија за енерегетика. Цената на бензинот „еуросупер БС-95“ се зголемува за еден денар и ќе изнесува 72 денари за литар. Бензинот „еуросупер БС-98“, дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство поскапуваат за 1,50 денари за литар.

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар, а на дизелот за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката, новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 72 денари, на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 74 денари. Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство по 52,50 денари...

МЗШВ ќе го откупува вишокот на домати, отежнат пласманот на странски пазари

Откупот на македонските домати е отежнат и затоа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство договара вишокот на домати да го откупат домашните преработувачките капацитети, информираат од таму. „Почетната откупна цена на доматите беше 25 до 30 денари за килограм, а сега е 10 до 15 денари за килограм. Точно е дека во моментов е отежнат откупот, заради тоа што расте понудата...

Цената на литар дизел пораснала за 15,5 денари во споредба со лани

Цената на барел нафта од 2011 година до сега бележи опаѓање, но цената на литар дизел во Македонија во последните седум години не е значително намалена, покажува најновата анализа и визуелизација на „Дата“. Во 2011 година барел нафта чинел 117,74 долари, а литар дизел 66,5 денари. Во 2018 година, цената на барел нафта се намалила на 74,95 долари за барел,...

Горивата поевтинуваат за 1,5 денари

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 72 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 74, a „еуродизел“ за 63,5 денари. Како причина за намалувањето на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,75 отсто пониската просечна цена на суровата...

Анѓушев: Никој не може да каже дали струјата ќе биде поевтина

Никој со сигурност не може да каже дали цената на електричната енергија во иднина ќе биде пониска. Тоа е како да прашате, дали цената на нафтата или на некој метал ќе биде пониска, одговори денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев на новинарско прашање во врска со цените на струјата согласно новиот Закон за енергетика. - Сепак можам да гарантирам дека...

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...