Mалопродажната цена на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува од еден до денар и половина, одлучи Регулаторната комисијата за енергетика.
За еден денар се намалува цената на „еуросупер БС 98“, додека за денар и половина поевтинуваат „еуросупер БС 95“, еуродизелот и екстра-лесното масло за домаќинство.
Новата цена на „еуросупер БС 95“ ќе изнесува 69,50 денари за литар, „еуросупер БС 98“ ќе се продава по 72 денара за литар, „еуродизелот“ по 62,50 денари, екстра-лесното масло 52 денари.