fbpx
Таг: цена на струја

таг: цена на струја

Струјата не поскапува, Регулаторна им одобри на компаниите зголемување од само шест денари

Досегашните износи на сметките за струја на домаќинствата ќе останат речиси исти. Од побараното зголемување за 50 денари на сметка од 1.000 денари, од страна на сите енергетски компании што ги регулира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, РКЕ, регулаторите одобриле само 6 денари покачување. Врз непроменетата цена на струјата најмногу има влијание одлуката на Владата за намалување...

РКЕ во иднина нема да ја определува крајната цена на струјата, туку само тарифата за пренос и дистрибуција

Големи се изгледите дека наскоро Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги повеќе нема да ја има улогата на регулатор на пазарот на електрична енергија, кој влијае врз крајната цена на струјата што ја плаќаат домаќинствата и малите компании, најавува претседателот Бислимоски. РКЕ во иднина ќе го регулира само тарифниот систем, односно дистрибутивната маржа, а цената на струјата ќе се...

Бислимоски: РКЕ има влијание врз 38 отсто од крајната цена на струјата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има надлежност за ревидирање на трошоците за електрична енергија во 38 отсто и во тој дел ќе ги преземеме сите законски дозволени мерки, да нема зголемување на крајната цена –со процесот на либерализација на пазарот на струја. Ова го посочи претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, на онлајн предавањето со студентите од...

ЕСМ ќе ја пресметува цената на јаглерод за да се забрза транзицијата кон климатски одржлив енергетски сектор

АД „Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ја извести Енергетската заедница дека ќе започне со внатрешно пресметување на „цената на јаглеродот” како подготовка на компанијата сѐ до воведувањето на задолжителното законодавство. Тоа, усогласено со европските и со светските енергетски и климатски трендови, ќе наметне повисоки цени за електричната енергија која ќе се произведува од јаглен, соопштија од ЕСМ. „За интерни потреби...

Владата ќе ја разгледа препораката на ЕЕЗ за намалување на ДДВ-то на струјата

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција со помошникот државен секретар за енергетика и ресурси на САД, Франсис Фенон рече дека намалувањето на ДДВ-то на цената на струјата од 18 на пет проценти Владата ќе го разгледа, за да се види каков ќе биде импактот врз економијата. „Сè што е добро за граѓаните е прифатливо. Но треба да пресметаме што тоа...

РКЕ: Вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ е директен притисок врз нашата работа

Откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на 21 јули годинава донесе одлука за зголемување на цената на струјата за 4,7 денари за киловат-час, во Скопје и во повеќе други градови низ земјава речиси секојдневно се одржуваат протести и собири на граѓани и здруженија со кои се бара враќање на старата цена и се нагласува дека со ниските плати и...

Мицкоски во среда повикува на протест, од СДСМ му возвраќаат дека е очаен губитник

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција соопшти дека нивната партија почнува со протести што ќе се одржуваат во следниот период. Првиот тој го закажа за во среда од 18 часот, а повод е поскапувањето на струјата. Протестниот марш ќе го одржат од Министерството за правда до Регулаторната комисија за енергетика, а Мицкоски на учество ги повика не...

Парното нема да поскапи претстојнава сезона, Регулаторна незначително ги намали цените

И покрај барањата на Балкан Енерџи Груп (БЕГ) за поскапување на цената на парното греење за претстојната грејна сезона, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои вкупната цена на испорачаната топлинска енергија на трите компании во Скопје во просек незначително се намалува. Од РКЕ се огласија со соопштение во кое посочуваат дека сметките што ќе...

Колку се споредливи цените на струјата и просечните плати во европските земји?

Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на струјата за 7,4 отсто предизвика лавина реакции во јавноста. Реагираа скоро сите општествени чинители, од претставници на политички партии, преку здруженија и синдикати па сè до анонимни корисници на социјалните мрежи. Сите со свои ставови и математики. Но, се чини дека најгласен е аргументот дека цената на струјата...

ЕВН: Сметки за струја на албански јазик воведовме уште пред 5 години

До корисничкиот „Енерго центар“ на ЕВН во Тетово вчера биле доставени барањата на здружението на албански електричари „Дрита“, кои, како што соопштуваат од компанијата, ќе ги разгледаат и ќе одговорат на оние кои се во нивна надлежност. „Барањата ќе бидат разгледани од наша страна и соодветно постапено во деловите што се однесуваат на работата и надлежноста на ЕВН Македонија“, стои...

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...