fbpx
Таг: статистика

таг: статистика

Турците убедливо најбројни доселеници и странски туристи во земјава

Граѓаните на Турција се на врвот на листите на земји рангирани по број на доселени странци и по бројот на туристи од странство во Македонија, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Од вкупно 2.557 доселени странци во текот на минатата година 812 биле од Турција. Многу зад нив, на второто и третото место по бројот на доселени странци...

Македонија на европското дно според бројот на автомобили „по глава на жител“ (инфографик)

Сообраќајните гужви се секојдневие во Скопје и во останатите градови од земјава, но дел од статистичките податоци покажуваат дека бројката на автомобили што се движат во нашите градови допрва ќе расте. Нашата земја се наоѓа на самото европско дно со едвај 195 патнички автомобили на секои 1.000 жители изброени во 2017 година. Наспроти пресметката на Државниот завод за статистика, податоците...

Трошоците на животот во пораст, цените на мало опаднале во септември

Благо зголемување на трошоците на животот, но и опаѓање на цените на мало се регистрирани во најновите податоци на Државниот завод за статистика за септември 2019 година. Индексот на трошоците на животот во изминатиов месец, во споредба со септември 2018 година, забележал пораст од 0,3 отсто, но истиот бележи намалување од 0,6 отсто во однос на август 2019 година. Индексот на...

Железницата во земјава со драстично помал удел во транспортот на стоки споредено со ЕУ (инфографик)

Македонските железници се на самото дно на европските земји во кои се користат возовите за превоз на стока. Камионскиот транспорт во последниве години целосно го зема приматот во товарниот сообраќај, оставајќи им зад себе трошки на железницата. Само 3,1 отсто од вкупните остварени тонски километри во 2016 година биле остварени во железничкиот товарен превоз, додека преостанатите 96,9 отсто припаѓаат...

ДЗС: Во август забележан раст на прометот во трговијата

Прометот во трговијата во текот на август годинава забележал раст во однос на идентичниот период лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, минатиот месец во споредба со август 2018 година, е забележано зголемување на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 5,6 отсто, а реално за 3,6 отсто), во...

БДП лани со реален раст од 2,7 отсто споредено со 2017 година

Македонија лани забележала и номинален и реален раст на бруто - домашниот производ (БДП). Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и од други извори, БДП во 2018 година изнесувало 658.053.000.000 денари ( околу 11 милијарди евра) и во однос на 2017 година е номинално зголемен за 6,5 отсто. Реалната стапка...

Цените на тутунот, на туристичките аранжмани и на автомобилите ја подгреаа инфлацијата

kupuvanje shoping zheni potroshuvachka koshnichka
Умерена инфлација во нашата земја, но под ризик од притисокот на цените на странските пазари. Според најновите мерења, во август во споредба со jули трошоците на живот се зголемени за 0,3 отсто додека цените на мало за 0,2 отсто, се вели во неделната економска анализа на „Порталб.мк“. Сепак, позначајно зголемување на трошоците на живот е забележно кај туристичките аранжамни, авионскиот...

Останува поделбата на „женски“ и „машки“ институции, иако во просек жените се побројни во јавниот сектор (инфографик)

Фото: Борче Поповски/Kolektif.mk
Македонија има доминантно женски јавен сектор, покажуваат податоците од регистарот на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Повеќе од половина од вработените во јавниот сектор се жени, но, во овие анализи на извештаите од регистарот на вработените во јавниот сектор не влегуваат вработените во АРМ, полицијата и Агенцијата за разузнавање. За нив, во регистарот стои само број на...

Летово низ патарините минале 13,8 милиони возила – 740.000 повеќе од лани

На македонските патарини летово поминале над 13,8 милиони возила или за над 740.000 возила повеќе од лани, не вклучувајќи ги оние граѓани што го користеле електронскиот систем на наплата. Јавното претпријатие за државни патишта во текот на јуни, јули и август годинава од патарините остварило вкупни приходи од над 13,6 милиони евра, односно за над 660.000 евра повеќе во...

Јавниот превоз во Скопје во првото полугодие изгубил речиси 300.000 патници

И во 2019 година продолжил трендот на опаѓање на бројот на патници што го користат јавниот превоз во Скопје. Според последниот Финансиски извештај на ЈСП - Скопје, со градските автобуси во периодот јануари - јуни 2019 година патувале 22.271.180 патници, односно за 1,3 отсто помалку во однос на идентичниот период лани. Во скопскиот јавен превоз годинава биле превезени над...

Намалување на бројот на туристи во јули

По минатогодишната рекордна сезона на гости, бројот на туристи и остварени ноќевања изминатово лето се намалува. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), бројот на туристите во јули 2019 година изнесувал 171.862, кои оствариле 682.854 ноќевања. Бројот на туристите во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, е намален за 2,5 отсто, а бројот на ноќевањата...

Извозот во првите седум месеци бележи пораст од 7,4 отсто

Извозот на стоки од земјава расте побрзо во однос на увозот. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од државата, во периодот јануари – јули 2019 година, изнесувала 4.197.709 илјади американски долари и бележи пораст од 7,4 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесувала...

Возовите на пат да изумрат, бројот на патници минимален (инфографик)

Со помал број на возови што секојдневно сообраќале, Железници на РСМ – Транспорт во првото полугодие од годинава успеала да превезе речиси идентичен број на патници како лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, со воз биле превезени 277.000 патници или за 0,7 отсто помалку во однос на периодот јануари – јуни 2018 година. Статистичките податоци покажуваат дека во...

Градежништвото со севкупен позитивен пораст во август

Расте бројот на издадени одобренија за градење, на предвидената вредност на идните објекти, но и на бројката на станови што допрва ќе се градат. Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2019 година биле издадени 284 одобренија за градење, што е за 2,9 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење,...

Трошоците на живот и цените на мало пораснале во август

Растат трошоците на животот и цените на мало на производите и услугите што граѓаните ги користат во секојдневниот живот. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), индексот на трошоците на животот во август 2019 година бележи пораст за 0,3 отсто во споредба со претходниот месец, како и зголемување од 0,8 отсто во однос на идентичниот период лани. Индексот на цените...

Опаѓа бројот на новороденчиња – во вториот квартал за 10,6 отсто помалку од лани

Продолжува трендот на намалување на бројот на родени деца во земјава, кој се јавува паралелно со порастот на бројката на починати лица. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородени деца во второто тримесечје од годинава изнесувал 4.693, што претставува намалување од 10,6 отсто во однос на истиот период од претходната година. Статистичарите пресметале дека паралелно се зголемува...

Од патарина во првото полугодие собрани над 18,2 милиони евра

Јавното претпријатие за државни патишта остварило раст на наплатата на патарина во првите шест месеци од годинава. Од овој надоместок се инкасирани над 18,2 милиони евра, што претставува зголемување од 3,6 отсто во споредба со првото полугодие од 2018 година. Ова јавно претпријатие од патарини планира да собере над 44,6 милиони евра во текот на 2019 година, се наведува...

Македонија на европското дно според интернет пристапот до јавната администрација

Секој петти жител на Македонија лани преку интернет пристапил до јавната администрација, а еден од дваесет електронски (онлајн) пополнил службен формулар, покажуваат податоците на европската агенција за статистика ЕУРОСТАТ. За споредба, просечно во Европската унија секој втор граѓанин преку интернет пристапил до информации или услуги од државните органи и јавните претпријатија, а секој трет преку интернет поднел пополнет формулар за...

Просечната нето – плата во јуни изнесувала 25.205 денари

И во јуни продолжил порастот на платите на македонските граѓани. Просечната нето - плата во јуни изнесувала 25.205 денари. Индексот на просечната месечна исплатена нето - плата по вработен во јуни 2019 година во споредба со идентичниот месец лани изнесувал 104.1. „Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето - плата по вработен во секторите:...

Автомобилите ги сакаме безгранично, автобусите и возовите повремено (инфографик)

Автобускиот превоз во земјава е многу поразвиен од земјите - членки на ЕУ, но сето тоа за сметка на малиот број на патници што патуваат со воз и неразвиеноста на железничката инфраструктура во земјава. Идентично како и во ЕУ, македонските граѓани најмногу го користат автомобилот за патувања, иако процентот на нивно користење во нашата земја е нешто помал од...

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...