Трошоците на животот во пораст, цените на мало опаднале во септември

-

Благо зголемување на трошоците на животот, но и опаѓање на цените на мало се регистрирани во најновите податоци на Државниот завод за статистика за септември 2019 година.

Индексот на трошоците на животот во изминатиов месец, во споредба со септември 2018 година, забележал пораст од 0,3 отсто, но истиот бележи намалување од 0,6 отсто во однос на август 2019 година.

Индексот на цените на мало во изминатиот месец бележи намалување од 0,7 отсто во споредба со идентичниот период лани, како и опаѓање од 1,4 отсто во однос на август 2019 година.

Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 3,9 отсто, свежото и разладеното овошје за 2,8 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 1,9 отсто и другите прехранбени производи за 1,7 отсто.

Исто така, најзабележително намалување на индексите на трошоците на животот во изминатиов септември е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 20,2 отсто, туристичките пакет – аранжмани за 10,5 отсто, услугите за сместување за 6,5 отсто и гасот за домаќинствата за 2,3 отсто.

Пораст на индексот на трошоците на животот во септември 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај сирењето и урдата за 1,3 отсто, свежата и ладена риба за 0,6 отсто, другите пекарски производи за 0,5 отсто, месото за 0,4 отсто и јогуртот за 0,3 отсто. Во септември 2019 година, најголем пораст на индексите на трошоците на животот исто така е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 6,2 отсто и информатичката опрема за 1,7 отсто.

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...