fbpx
Таг: статистика

таг: статистика

Проектите во Босна ги крепат македонските градежници

Босанскиот пазар и во наредниот период ќе остане главниот странски пазар за македонските градежни компании. Според податоците на Државниот завод за статистика, градежниците од земјава остануваат зависни од активностите што ги реализираат во Босна и Херцеговина, на што се должат и севкупните придвижувања во периодот јануари - јуни 2019 година. Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во првото...

За седум години двојно намален бројот на патници во меѓуградскиот превоз (инфографик)

Со зголемувањето на бројот на автомобили и рапидниот раст на дивите таксисти, македонските граѓани сè поретко патуваат со автобус меѓу градовите. Како што покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во меѓуградскиот автобуски превоз е двојно намален во изминативе седум години. Во 2012 година, со автобуси меѓу македонските градови биле превезени над 15 милиони патници,...

Во превозот доминираат стари возила – за секој нов увезуваме девет стари автобуси (инфографик)

И по неколкуте сообраќајни несреќи во земјава во кои учествуваа автобуси, македонските превозници продолжуваат да увезуваат половни автобуси и минибуси од странство. Според податоците на Царинската управа на РСМ, во првите шест месеци од годинава се увезени 133 автобуси и минибуси, од кои дури 120 веќе биле употребувани во странство. Сепак, информациите за 2019 година говорат дека се зголемила...

Сообраќајките со мопед и мотоцикл многу посмртоносни отколку оние со автомобил (инфографик) 

Стапката на смртност кај учесниците во сообраќајот со мопед и мотоцикл е драстично повисока отколку кај возачите на патничките моторни возила, покажа анализата на  податоците од Државниот завод за статистика која ја направи тимот на Мета.мк.   Иако гледано во апсолутни бројки загинати мотоциклисти има многу помалку од загинати возачи на автомобили, стапката на смртност при сообраќајни несреќи е за 7,5 пати повисока за возачите на мотоцикли. Пресметките се...

Просечната нето-плата во мај изнесувала 25.270 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесувала 25.270 денари и е за 3,1 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во мај била 37.520 денари. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите транспорт и складирање (10 отсто), градежништво...

Пробниот попис завршува в недела, законот фаќа прашина во Собранието

ulica Makedonija Stara Zheleznichka stanica lugje toplo minuvachi
На 30 јуни треба да заврши пробниот попис во државата кој Државниот завод за статистика почна да го спроведува во 13 општини на 10 јуни годинава иако Законот за попис на населението, кој е со европско знаменце се уште не е усвоен во Собранието. Главна причина за одлагањето на собраниската дебата и усвојувањето на овој закон се несогласувањата меѓу власта...

На просечната плата и недостигаат уште 100 евра да порасне до 500 евра

Премиерот Зоран Заев 2019 година ја прогласи за „економска година“, укажувајќи дека просечната плата од 500 евра е граница која е остварлива, но во јавноста се отвари дилемата дали постои реална можност за достигнување на тој износ. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2019 година изнесува 24.785 денари или околу...

Просечната месечна нето-плата во април изнесувала 24.785 денари

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, во април изнесува 24.785 денари и е за 3,5 проценти повисока од истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Бруто-платата пак е 36. 796 денари и е зголемена за 4,8 проценти. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите дејности на здравствена и социјална...

Дури 269.000 возила во земјава се постари од 18 години

Од 466.000 регистрирани возила во земјава, заклучно со 2017 година дури 269.000 биле произведени пред 2002 година. Математиката покажува дека повеќе од половина од возилата кои секојдневно се возат на улиците во нашата држава се постари од 18 години. Според правилникот за олдтајмери на Министерството за економија, статус на возило со посебна музејска вредност (олдтајмер) се доделува на возило што...

Извозот во првиот квартал зголемен за 7,7 проценти во однос на лани

Вкупната вредност на извозот на стоки, во првиот квартал годинава изнесува 1.735.738.000 долари и бележи пораст од 7,7 проценти во однос на истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, првото тримесечие од годинава изнесува 2.256.298.000 долари, што е за 2,8 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари...

За 18 години се загубиле 40 милиони патници од јавниот транспорт (инфографик)

Извор на фотографија: Општина Прилеп
Бројката на превезени патници во јавниот превоз во Македонија опаѓа низ годините, но сè повеќе македонски општини се одлучуваат да воведат редовен линиски превоз во градовите. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани услугите на градско - приградскиот превоз ги користеле 71.410.000 патници, додека со јавен транспорт во 2000 година биле превезени 111.408.000 патници. Статистичките податоци укажуваат на...

За 5 години, бројот на патници на ЈСП опаднал за 8 милиони (инфографик)

Опаѓа интересот за користење на јавниот градски превоз во Скопје. ЈСП - Скопје во изминативе 5 години изгубило околу 8 милиони патници годишно. Услугите на ова претпријатие лани ги користеле 44.726.781 патници, додека во 2014 година со автобусите на ЈСП - Скопје биле превезени 52.990.214 патници, се наведува во годишните финансиски извештаи за работењето на јавното сообраќајно претпријатие. Ваквата ситуација...

Рекорден број доктори по општествени науки во 2018 година

Рекордни 243 лица се стекнале со звањето доктор на науки минатата година што претставува зголемување за 16,3 отсто во споредба со 2017 година. Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки, 34,9 отсто, потоа на медицинските науки, 28,8 отсто, следат хуманистичките науки со 18,5 отсто, а останатите лица докторирале во областа на техничко-технолошките науки, природно-математичките науки и биотехничките...

Просечна плата во јануари изнесувала 24.517 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари изнесувала 24.517 денари, а бруто-платата 36.386 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари годинава во однос на јануари лани, е зголемена за два отсто, а бруто-платата за 3,3 отсто. Растото се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите дејности на...

Просечната нето-плата во декември изнесувала 25.784 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2018 изнесувала 25.784 денари, а бруто-платата 37.704 денари, објави Државниот завод за статистика. Зголемување на нето-платата во декември во однос на 2017 година е 8,1 проценти. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите информации и комуникации (28 проценти), уметност, забава и рекреација (24,3 проценти) и...

Просечната нето-плата во октомври изнесувала 24.817 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври изнесувала 24.817 денари и во однос на истиот месец лани е зголемена за 6,3 проценти објави Државниот завод за статистика. Бруто-платата изнесува 36.488 денари и има зголемување за 6,5 проценти во однос на октомври лани. Ваквото зголемување се должи, пред се на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и...

Стапката на пораст на БДП во третиот квартал е три проценти

Стапката на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) во третиот квартал изнесува три процeнти, објави Државниот завод за статистика. Во третото тримесечје од 2018 година, најголем пораст од 17 проценти е забележан во секторите уметност, забава и рекреација, други услужни дејности, дејности на домаќинствата како работодавачи и друго. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата номинално расте...

Просечната месечна исплатена нето-плата во септември изнесува 24.355 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во септември изнесува 24.355 денари, а бруто-платата 35. 794 денари, објави Државниот завод за статистика. Порастот на септемвриската нето-плата во однос на истиот период лани е 4,8 процнети. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен 21,9 проценти, информации и комуникации 15,2 проценти и...

Градежниците очекуваат пад на бројот на вработени

Намалени порачки, пад на бројот на вработени и влошена економска состојба во градежниот сектор очекуваат раководителите на градежните компании во Македонија, открива најновата анкета на Државниот завод за статистика. Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата. Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност...

Индустриското производство во првите осум месеци зголемено за 5,1 проценти

Индустриското производство во првите осум месеци од годината е зголемено за 5,1 проценти во однос на лани, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2018 година, во однос на истиот месец лани бележи пораст од еден процент, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,6 проценти, а во...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...