fbpx

Трошоците на живот и цените на мало пораснале во август

-

Растат трошоците на животот и цените на мало на производите и услугите што граѓаните ги користат во секојдневниот живот.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), индексот на трошоците на животот во август 2019 година бележи пораст за 0,3 отсто во споредба со претходниот месец, како и зголемување од 0,8 отсто во однос на идентичниот период лани.

Индексот на цените на мало минатиот месец се зголемил за 0,2 отсто во споредба со јули 2019 година, но останал на истото ниво во однос на ланскиот август.

Пораст на индексот на трошоците на животот во август 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 6,4 отсто, маслото и маснотиите за 1,6 отсто, другите преработки од месо за 0,9 отсто, свежото и разладеното овошје, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,7 отсто, месото за 0,6 отсто, рибата и морските плодови за 0,5 отсто, лебот и житата, сушеното, соленото и чаденото месо за 0,4 отсто, јогуртот за 0,3 отсто, а млекото и другите прехранбени производи поскапеле 0.2 отсто.

Позабележителен пораст на индексите на трошоците на животот во август 2019 година исто така е забележан и кај туристичките пакет – аранжмани за 4,1 отсто, авионскиот превоз на патници за 4 отсто, услугите за одржување на домот за 3,3 отсто, дисковите, касетите, дискетите, ЦД – ромовите, филмовите за 3,1 отсто и услугите за сместување за 2,8 отсто.

Најголемо намалување на индексите на трошоците на животот во август е забележано кај централното греење за 6,4 отсто, гасот за домаќинствата за 4,3 отсто, информатичката опрема за 2,7 отсто, обувките за 2,5 отсто, услугите за рекреација и спорт за 2 отсто.

Воедно, намалување на индексите на трошоците на животот, во споредба со претходниот месец, е забележано кај минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1,1 отсто, јаjцата за 0,4 отсто, сувото овошје и јаткастите производи, безалкохолните пијалаци за 0,3 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...