fbpx

Летово низ патарините минале 13,8 милиони возила – 740.000 повеќе од лани

Јавното претпријатие за државни патишта во текот на јуни, јули и август од патарините остварило вкупни приходи од над 13,6 милиони евра, односно за над 660.000 евра повеќе во споредба со летните месеци лани

-

На македонските патарини летово поминале над 13,8 милиони возила или за над 740.000 возила повеќе од лани, не вклучувајќи ги оние граѓани што го користеле електронскиот систем на наплата. Јавното претпријатие за државни патишта во текот на јуни, јули и август годинава од патарините остварило вкупни приходи од над 13,6 милиони евра, односно за над 660.000 евра повеќе во споредба со летните месеци од минатата година.

Традиционално, најмногу возила (околу 5,3 милиони) минале низ патарините во август, кога најголем дел од граѓаните и патуваат на одмор. Приходите од плаќањето на овој надоместок во август достигнале речиси 5 милиони евра, не вклучувајќи ги оние возачи што плаќаат со електронските уреди.

Приходите кои државата ги собира од патарина во наредниот период се очекува да се зголемат. Кон крајот на август беше пуштена во употреба новата патарина во Гевгелија на Коридорот 10, а допрва треба да се градат двете патарини на автопатот Миладиновци – Штип.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...