fbpx
Таг: средби

таг: средби

Адеми во Братислава: ЕУ не треба да ја заборави политиката на проширување

Вицепримерот задолжен за европски прашања, Арбер Адеми, на покана на Словачкото претседателство со Европската Унија, учествувал на неформалниот состанок на министри за европски прашања, организиран во рамките на Советот за општи работи на Европската Унија, кој се одржал во Братислава на 24 и на 25 јули. На состанокот, како што информираат од кабинетот на вицепермиерот Адеми, учествувал и евокомесарот за...

Заменик-претседателката на шведскиот парламент во посета на Македонија

Заменик-претседателката на Риксдагот (Парламент) на Кралството Шведска, Изабел Дингисан, денеска со делегација ќе престојува во посета на Македонија. За време на посетата, Дингисан ќе има средби со потпретседателот на македонското Собрание, Антонио Милошоски, со пратеничката група за соработка со парламентот на Шведска, како и со претседателката на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и на мажите, Даниела Рангелова....

Преговорите завршија, партиите не постигнаа договор

Завршија маратонските преговори на претставниците на политичките партии во резиденцијата на Европската Унија во Пржино, но договор ниту денеска не е постигнат, јави „Нова ТВ“. Како што изјави амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, договор не е постигнат само поради едно прашање, но ниту по инсистирањето на новинарите, тој не откри за кое прашање станува збор. Неофицијално, партиите не можат да се...

Викторија Нуланд утре во Скопје ќе се сретне со политичките лидери и со граѓанскиот сектор

Помошникот државен секретар на САД за европски и за евроазиски прашања, Викторија Нуланд, утре ќе допатува во Скопје. Предвидено е таа да се сретне со политичките лидери и со претставници на граѓанското општество, со кои ќе разговара за билатерални и за регионални прашања, како и за потребата од решавање на политичката криза, поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство и од создавање...

Јолевски на Самитот на НАТО порача дека Македонија заслужила место во Алијансата

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, во своето обраќање на НАТО-самитот во Варшава, на состанокот посветен на Платформата за интероперативност на министри за одбрана, рече дека Македонија е целосно подготвена за интеграција во НАТО и дека државата има капацитет да ги преземе сите обврски и одговорности за да придонесе кон сигурноста и стабилноста на Балканот и на евроатланската област, соопштија од...

Груевски во Брисел на средби со лидери на народни партии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска, придружуван од претставници од партијата, е во дводневна работна посета на Брисел. За време на посетата, како што соопштуваат од партијата, Груевски ќе се сретне со високи претставници на матичната европска партија, Европската народна партија (ЕПП), како и со други европски политичари. Груевски, кој е придружуван од министрите за надворешни работи и за здравство, Никола...

Шилегов: Исполнети се условите за преговори за избори наесен

Со повлекувањата на аболициите и со одложувањето на изборите се исполнети минимални услови за организирање на фер и демократски избори, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска во Собранието на Република Македонија. - Сметаме дека веќе треба да се почне со преговори и со договарање на условите за да може наесен да се организираат фер и демократски избори. Ако почнеме...

Германска амбасада: Хајндл утре и задутре во посета на Скопје

Aмбасадорот Јоханес Хајндл, специјален пратеник на сојузниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штаjнмаер за Македонија, ќе биде во посета на Скопје од 7 до 8 jуни 2016 година, соопштија од Амбасадата на Германија во земјава. „Надоврзувајќи се на неговите две посети од минатите недели, амбасадорот Хаiндл одново ќе разговара со партиите потписнички на Договорот од Пржино, како и со претставници...

Хајндл се сретна со Ахмети и Тачи во Тетово

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, утрово во Тетово, се сретна со германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл. По средбата Ахмети не сакаше да даде изјава. Хајндл се сретна и со лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Целосно поништување на аболицијата, како што порачаа ЕУ, САД и целата меѓународна заедница, брзи и регуларни избори, со претходно исполнување на клучните предуслови, од страна на Влада којашто ќе има...

Хајндл утре повторно во Скопје

Специјалниот пратеник за Македонија на германското Министерство за надворешни работи, Јоханес Хајндл, утре ќе допатува во дводневна посета на Скопје, соопшти денеска германската амбасада. „Надоврзувајќи се на неговата посета од минатата недела, aмбасадорот Хаjндл одново ќе разговара со партиите-потписнички на Договорот од Пржино како и со претставници на меѓународната заедница. Предвидени се и разговори со претседателот на државата, Ѓорге Иванов,...

Села до Хајндл: Во разговорите да се вклучи и албанската опозиција

Зијадин Села, лидер на Движењето за реформи - ДПА, во писмо до германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Хајндл, вели дека досега преговорите се одвивале нетранспарентно и смета дека овојпат јавноста задолжително треба да се информира за одвивањето на процесот, а во разговори треба да биде вклучена и албанската опозиција. „Во врска со Изборниот закон, сметаме дека на Македонија задолжително ѝ...

Денеска истекува рокот – во ДИК нема пријави за независни пратеници

Денеска е последниот ден за собирање потписи за предлог на листа на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија од група избирачи за изборите на 5 јуни. Како што дознаваме, досега до подрачните одделенија на ДИК нема пријавено ниту една листа од група избирачи, а со оглед на тоа дека вечерва на полноќ истекува рокот за собирање потписи, не...

Пахор: Ќе напишеме извештај за забелешките и за препораките од посетата на Македонија

Словенечката амбасада во земјава испрати нефицијален превод од изјавата на претседателот на Словенија, Борут Пахор, во врска со заедничката посета на Македонија со неговата хрватска колешка, Колинда Грабар-Китаровиќ. Пахор, меѓу другото, вели дека за средбата со својот домаќин, претседателот Иванов, и со лидерите на политичките партии, ќе напишат извештај што ќе го испратат до сите лидери на процесот Брдо-Бриони, до претседателот...

Грабар-Китаровиќ, Пахор и Иванов утре во посета на кампот „Винојуг“

Претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ, кои утре доаѓаат во посета на Македонија, заедно со нивниот домаќин, Ѓорге Иванов, ќе го посетат привремениот прифатен центар за мигранти „Винојуг“ кај Гевгелија, потврдија за „Мета“ од кабинетот на македонскиот претседател. Како што е најавено, Пахор и Грабар-Китаровиќ доаѓаат во дводневна посета на земјава, како лидери на процесот...

Пахор и Грабар-Китаровиќ утре во посета на Македонија

Претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ, утре доаѓаат во дводневна посета на Македонија, каде ќе имаат средби со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и со лидерите на четирите политички партии. Пахор и Китаровиќ, како што јавува словенечката новинска агенција СТА, во земјава доаѓаат како лидери на процесот Брдо-Бриони, во кој учествуваат претседателите на земјите од...

Новинарските здруженија тврдат дека власта одбегнува разговори за медиумските реформи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски, го игнорираат нашето барање за средба, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети, нè извести дека немал време да разговара со новинарите за медиумските реформи, информираат од ЗНМ, ССНМ, МИМ, СЕМ и од ИКС. - Со жалење констатираме дека власта одбегнува сериозни разговори за медиумските реформи. Минимум политичка култура наложува...

Деловни средби помеѓу македонски и шпански компании во Стопанската комора на Македонија

Билатерални средби помеѓу македонски и шпански компании се одржаа денеска во Стопанска комора на Македонија, информираат оттаму. На средбите биле присутни шпански компaнии од областа на фармацевтскатa, електрометалната и од агроиндустријата, градежништвото, како и 16 македонски компании од овие сектори. Директорката на дирекцијата на регионални комори и за меѓународна соработка, Снежана Камиловска-Трповска, истакна дека средбите во Стопанската комора се исклучително значајни...

Спасовски: Уставниот суд да не носи партиски одлуки

Покренувањето на иницијативата на Уставниот суд за законот за помилување и носење на една таква одлука ја потврдува констатацијата за немање на слободни, фер и демократски избори, рече министерот за внатрешни работи од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски помеѓу жителите на Гевгелија. -Го повикувам Уставниот суд навистина да носи одлука врз основа на уставните одредби, врз основа на законот, не...

Иванов во официјална посета на Египет

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, и неговата сопруга Маја од денеска престојуваат во официјална посета на Арапската Република Египет. Иванов во Каиро ќе оствари средба со Претседателот на Арапската Република Египет Абдел Фатах Ал Сиси, а ќе се сретне и со Претседателот на Парламентот Али Абдел-Ал. Во рамки на официјална посета на Арапската Република Египет, Иванов утре ќе учествува на...

Ванхауте: До изборите ќе нема средби на работните групи

Нема преговори за медиумите, работните групи не се заинтересирани да продолжат, изјави за телевизијата „Алсат М“, белгискиот посредник, Питер Ванхауте. - Мислам дека нема да има средба на работните групи пред изборите. Ако претставниците на една партија одбиваат да учествуваат на преговорите бидејќи не им се допаѓа консензуалниот пристап и тоа партиите да се договорат за едно прашање, тогаш не...

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...