fbpx
Таг: средби

таг: средби

Хелбах: Иванов да биде мудар и да овозможи брзо формирање влада

Специјалниот ополномоштеник на Министерството за надворешни работи на Германија за Југоисточна Европа, Турција и за ЕФТА-државите, Кристијан Хелбах, по средбата со претседателот Ѓорге Иванов, шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, и со лидерите на политичките партии во Македонија, рече дека е потребно брзо формирање влада која ќе биде посветена на имплементирање на реформските приоритети. Хелбах рече дека ставот на Германија...

Маглата во Сараево ги помести средбите на Могерини во Скопје

Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, поради магла во Сараево слета во Скопје и порано ја почна неколкучасовната посета на Македонија. Могерини своите планирани средби ќе ги одржи порано, односно прво во 14 часот ќе има средба со претствниците на граѓанскиот сектор, во 15 часот во Собранието на Република Македонија ќе се сретне со претставниците на...

Британскиот министер за Европа и за Америка, Ален Данкан, ја почнува дводневната посета

Британскиот државен министер за Европа и за Америка, Ален Данкан, денеска ја почнува дводневната посета на Македонија, во рамки на која ќе има средби со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, лидерите на парламентарните политичките партии, специјалната обвинителка Катица Јанева, претставници на институциите, како и на граѓанскиот сектор. Главен фокус на средбите на Данкан...

Заев ќе оди кај Иванов, Ахмети „ќе види“

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска треба да одржи поединечни средби со политичките партии, во рамките на консултациите што од неговиот кабинет ги најавија завчера, во врска со доделувањето на мандатот за состав на нова влада. Од кабинетот на Иванов вчера потврдија дека средбите со политичките партии следуваат по состаноците што претседателот на државата ги имаше со претседателот на Уставниот суд, Никола...

Ахмети, Касами и Села на средби со косовскиот претседател Хашим Тачи

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска имал средби со лидерите на албански партии од Македонија - ДУИ, Беса и Алијанса на Албанците, кои обезбедија пратенички мандати во Собранието, на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Тачи, како што соопштуваат од неговиот кабинет, на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, и на лидерот на Алијансата на...

Ахмети, Тачи, Касами и Села на постизборна средба со албанскиот премиер Рама

Албанскиот премиер Еди Рама се сретна со лидерите на албанските партии во Македонија, односно со претседателите на Движењето Беса и на Алијансата на Албанците, Билал Касами и Зијдин Села, а за денеска се закажани средби и со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Средбите на Рама со лидерите на четирите партии следуваат два дена по...

Политичките партии денеска ќе одржат митинзи во Скопје, Охрид, Куманово и во Кочани

Политичките партии влегуваат во последната недела од изборната кампања со митинзи и со средби со граѓаните, на кои ги претставуваат политичките програми за изборите на 11 декември. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе одржат митинзи во скопските општини Кисела Вода и Центар, а Kоалицијата за живот во Македонија предводена од СДСМ вечерва ќе биде во Дебар, Струга и во Охрид. Коалицијата Алијанса за Албанците...

Европратениците порачаа да не се гледа СЈО како да зазема страна во изборите

Европарламентарците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едвард Кукан денеска во Скопје, по средбите со политичките партии, граѓанскиот сектор и со Специјалното јавно обвинителство, изразија задоволство од подготовките за спроведување на изборите закажани за 11 декември, како и од изборната атмосфера. - Средбите со партиите покажаа дека тие се подготвени за фер и транспаретни избори, кои ќе се одржат во атмосфера...

Бриселската тројка на средби со Катица Јанева и со партиите

Тројцата известувачи на Европарламентот за напредокот на Македонија, европратениците Кнут Флекенштајн, Едвард Кукан и Иво Вајгл, утринава пристигнаа во Скопје и ги почнаа средбите со македонските претставници, при што разговараа за подготовката за изборите и за текот на изборната кампања. Европратениците во моментов имаат средба со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а потоа е предвидено да имаат средба со лидерот на...

Закони за фискална и за амнестија на затворениците Албанци, најави лидерот на ДПА

Донесување на закон за фискална амнестија со кој сите Албанци ќе бидат ослободени од долговите кон државата и закон за амнестија на затворениците Албанци, најави лидерот на ДПА и носител на кандидатската листа за пратеници во шестата изборна единица, Мендух Тачи, на вечерашниот собир во гостиварското село Вруток. - Ова е многу важно и затоа тоа ќе биде првото што...

Хан ги почна средбите во Скопје, прв на агендата е граѓанскиот сектор

Еврокомесарот за проширување и за доборосетска политика, Јоханес Хан, утринава со средба со претставниците на граѓанскиот сектор ја почна посетата на Македонија. Хан, по средбата со претставниците на невладините организации, ќе се сретне со премиерот Емил Димитриев, во седиштето на Владата. Средбите со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, лидерот на ДПА, Мендух Тачи и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе...

Хан утре ќе се сретне со обвинети, обвинители и со политичари на црни листи

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, утре доаѓа во Скопје, каде, според најавената агенда, ќе има средби со лидерите на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, специјалната јавна обвинителка и со претставници на невладиниот сектор. За разлика од претходните средби, интересно е што овојпат ќе разговара со лица за кои има ефективни обвиненија, во судска...

Министерот Миноски учествуваше на годишните средби на Светска банка и на ММФ

„Најголем дел од приоритетите што ги има Владата во економијата се целосно усогласени со приоритетите на Светската банка. Размислуваме за проекти во кои главниот фокус ќе биде развојот на приватниот сектор, поврзувањето на домашните со компаниите во слободните економски зони, проекти во областа на изградба на патишта, јакнењето на енергетската ефикасност“, изјавил министерот за финансии, Кирил Миноски, на средбата...

Бејли: Со ЕУ работиме да осигураме дека договореното ќе биде исполнето пред изборите

Заедно со Европската Унија работиме на исполнување на тоа што политичките партии го договорија во јули, а го дополнија во август. Работиме на тоа да осигураме дека договореното ќе биде исполнето во пресрет на изборите. Ова синоќа го изјавил американскиот амбасадор Џес Бејли во Штип на свеченост по повод доаѓањето на нова група од 50 волонтери на Мировниот корпус. - Но, на крајот од...

Иванов и Попоски ќе присуствуваат на годинешното Генерално собрание на ОН

Делегацијата на Македонија на Генералното собрание на ОН годинава ќе биде предводена од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Иванов ќе има обраќање на генералната дебата на 71. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации на тема „Одржливи развојни цели: Универзален притисок за трансформирање на нашиот свет“. Тој ќе се обрати и на пленарната сесија на состанокот на високо ниво на...

Груевски: На сестринските партии во Берлин им објаснивме за состојбата во Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска по средбата со Андреас Шојер, генерален секретар на Христијанско-социјална унија (ЦСУ), сестринска партија на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Ангела Меркел, изјави дека во Берлин отишле за на сестринските партии да им ја објаснат состојбата во Македонија. „Во пресрет на изборите, сакавме да ги објасниме сите работи што се случуваа во минатото, оние што се...

Попоски на неформален министерски состанок во Братислава

Никола Попоски, заменик-претседател на владата и министер за надворешни работи, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и наземјите-кандидати за членство во ЕУ (GYMNICH), кој се одржа на 2 и на 3 септември 2016 година во Братислава. Од Министерството за надворешни работи информираат дека на состанокот се дискутирало за борбата против тероризмот и...

Попоски во Потсдам: ОДИХР да обезбеди темелно набљудување на изборниот процес

Темелно набљудување на изборниот процес од страна на ОДИХР, била една од темите на кои било разговарано на денешните средби меѓу вицепремиерот и шеф на македонската дипломатија, Никола Попоски, и европските партнери, на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ, што се одржа во Потсдам, Германија. Попоски, кој денеска учествуваше на неформалниот состанок,...

Заглави ад хок телото за медиуми, средбите продолжуваат од понеделник

Членовите на привременото ад хок тело за следење на работата на медиумите за време на изборите, не постигнаа договор за избор на петтиот член, а средбите ќе продолжат од понеделник. Четворицата членови не успеаја да постигнат консензус, иако рокот за изборот на петтиот член, кој треба да биде Албанец, истече во средата. Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ, и...

Коѕиас пред амбасадорите: Нема да дозволиме надворешни мерки и санкции за Македонија

Македонија и Грција ја надминуваат недовербата и се на добар пат за дополнително да ги зацврстат меѓусебните врски, истакна денеска пред македонските амбасадори, конзули и дипломати, шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Коѕиас се обрати пред Амбасадорскиот совет и претставниците на македонските дипломатско-конзуларни претставништва по средбата со премиерот Емил Димитриев и со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски. Зачестените контакти меѓу...

Љупчо Палевски – Палчо спроведен во Кривичниот суд

Љупчо Палевски-Палчо, кој на 15 мај годинава беше екстрадиран од Турција во Македонија, по 6 дена поминати во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, денеска со силно полициско обезбедување...