fbpx
Таг: средби

таг: средби

Груевски во Брисел на самит на ЕПП

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со пратениците Никола Попоски и Владимир Ѓорчев од денеска ќе присуствува во тридневна работна посета на Брисел, каде се предвидени средби со претставници на Европската Унија како и учество на Самитот на Европската народна партија (ЕПП). Груевски попладнево треба да оствари билатерална средба со претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент Дејвид...

Владина делегација на чело со Заев утре и задутре во посета на Бугарија

Утре и задутре владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а во која ќе бидат и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, ќе престојува во официјална работна посета на Република Бугарија. Заев утре изутрина ќе се сретне со претседателот на владата на...

Превозниците од Заев ќе бараат осигурување, лиценци и регулирано работно време

Превозниците веќе доставиле барања за средба со претставници на новата влада, односно со премиерот, министерот за транспорт и врски и министерот за финансии, вели за „Мета“, Билјана Муратовска од Здружението на превозници „Макам-транс“. Таа вели дека од нив ќе побараат што е можно побрзо да се завршат измените во Законот за работно време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите...

Димитров: Новата Влада е цврсто решена Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО

Новата реформска влада на Република Македонија е сериозно подготвена и цврсто решена нашата земја да стане дел од евроатлантските интеграции. Ова го истакнал министерот за надворешни работи Никола Димитров на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан што се одржа вчера во рамките на самитот на лидерите од Процесот Брдо - Бриони, во Брдо кај Крањ,...

Џафери денеска на средби со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и со новинари

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе се сретне со амбасадорите од земјите членки на Европската Унија во земјава, како и со претставници на медиумите. Во сала 5 во Собранието, Џафери во 11 часот ќе се сретне со амбасадорката на Австрија, Ренате Коблер, амбасадорот на Бугарија, Иван Петков, на Хрватска, Данијела Баришиќ, на Чешка, Мирослав Рамеш, претставниците на француската и...

Пирс: Владата да раководи во име на сите граѓани, опозицијата да биде силна и лојална

Идната влада на Република Македонија треба да раководи во име на сите граѓани, а опозицијата треба да биде силна и лојална, изјави политичкиот директор при Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство, Карен Пирс, по нејзините средби со политичките лидери во Собранието. Пирс рече дека дошла во земјава за да ги поддржи демократијата, македонските граѓани и интеграцијата на Македонија во НАТО...

Хојт Ји: Избран е претседател на Собранието, лидерите да расправаат во парламентот

Заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија на САД, Хојт Брајан Ји, во својата изјава по дводневните средби во Скопје, го осуди насилството во Собранието и порача дека е избран нов претседател на парламентот. За него нема дилеми околу тоа и собраниското мнозинство има одговорност да формира нова влада, но истовремено порача дека за сите дилеми политичките лидери...

Хојт Ји денеска со Иванов, Џафери, Груевски, Заев и со невладините

Заменик-помошникот на американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Хојт Брајан Ји, кој од вчера престојува во Македонија, денеска, како што е предвидено, треба да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев. Потоа Ји ќе разговара и со претставници...

Хојт Ји денеска на средби со претставници на албанските политички партии

Заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, денеска пристигна во Скопје каде што веќе одржа средби со лидерите на албанските политички партии. Ји во резиденцијата на заменик-амбасадорот на американската амбасада, која се наоѓа во скопската населба Бардовци, прво се сретна Весел Мемеди од Алијансата за Албанците, потоа средба имаше со Билал Касами од...

Хојт Ји денеска и утре на средби со Иванов, Џафери и со лидерите на партиите

Заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, денеска пристигнува во Скопје, каде во текот на денешниот и на утрешниот ден треба да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, лидерите на политичките партии и, како што велат од Амбасадата на САД, со „претседателот на Собранието Талат Џафери“. Од американската амбасада информираат дека Ји освен...

Иранскиот претседател во посета на Москва

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, денеска во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а глвна тема на разговорите, според најавите, треба да бидат војната во Сирија и економската соработка, јавуваат светските агенции. Рохани, кој во својата прва посета на Москва пристигна вчеравечер, веќе имаше средба со рускиот премиер, Дмитриј Медведев. По состанокот тој изразил надеж дека неговата...

Груевски замина на конгрес на сестринските партии на Малта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од денеска па во наредните неколку дена, заедно со партиска делегација ќе присуствува на конгресот на Европската народна партија (ЕПП), што се одржува на Малта, потврди за „Мета“, директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски. Посетата на Груевски на Малта и учеството на конгресот на ЕПП, доаѓа во време кога Собранието треба да...

ЛДП: Ако ЕУ ни воведе санкции, тие да бидат за поединци, а не за сите граѓани

Либерално-демократската партија стравува и воедно предупредува дека блокирањето на евроинтеграциските процеси се најголемата закана за унитарноста на Република Македонија, се вели во соопштението на партијата по вчерашните разговори на еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, со лидерите на парламентарните политички партии во земјава. „Желбата на 75 отсто од граѓаните, Македонија да биде членка на Европската Унија и...

Заев: Пораките на Хан се јасни – процесите мора да се забрзаат

Пораките на еврокомесарот и на европратениците се јасни како бел ден, процесите мора да се забрзаат, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, и со европратениците, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн. Заев истакна дека остануваат на барањето претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да му го додели мандатот...

Ахмети: Ние сме дел од мнозинството и нема да го прекршиме договорот

Ние сме дел од мнозинството и нема да го прекршиме договорот, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, и со тројцата европратеници, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, во Собранието. - Ние ги дадовме нашите потписи за парламентарно мнозинствo и не планираме да ги прекршиме нашите ветувања –...

Хан ги почна средбите со пораки: Нема време за губење, итно е потребна нова влада

„Нема време за губење, итно е потребна нова влада, патот на Македонија кон Европската Унија е отворен“, твитна еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, соопштувајќи дека почнал со разговорите со лидерите и со претставниците на парламентарните политички партии. „Почнаа разговорите во Скопје. Итно е потребна нова влада за реформи. Нема време за губење“, напиша Хан на „Твитер“. https://twitter.com/JHahnEU/status/844176137228050432 Во друг...

Вангеловски се сретна со Зврлевски и со Додевски, Јанева му одложи

Новиот претседател на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, денеска во највисокиот суд во државата, на негова покана, имаше оделни средби со републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, и со претседателот на Адвокатската комора, Никола Додевски. Вангеловски во 13 часот требаше да одржи средба и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но поради неодложни обврски Јанева го одложи состанокот. Вангеловски...

Чавков: Пратениците утре ќе имаат непречен пристап во Собранието

Утре пратениците ќе имаат безбеден и непречен пристап во парламентот, вели за „Дојче веле“ директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков. Утре, во 12 часот, во Собранието треба да се одржи координација на парламентарните политички партии за формирање на Комисијата за избори и за именување, како основа за продолжување на конститутивната седница за избор на претседател на Собранието. Утре напладне...

Иванов денеска во работна посета на Унгарија

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе престојува во работна посета на Унгарија, соопштија утринава од неговиот кабинет. „Претседателот Иванов во Будимпешта ќе се сретне со претседателот на Унгарија, Јанош Адер, со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, и со претседателот на парламентот на Унгарија, Ласло Ковер“, стои во соопштението. Иванов минатата недела беше во дводневна посета на Азербејџан, каде учествуваше на Форумот...

Иванов денеска и утре во работна посета на Азербејџан

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Баку, Република Азербејџан, по повод учеството на петтиот Глобален форум, во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“, соопштија денеска од кабинетот на Иванов. Иванов во Баку ќе има обраќање на претседателската сесија на форумот на тема „Иднината на меѓународните односи: Моќ и интереси“, а за време на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...