fbpx
Таг: спорни гласачи

таг: спорни гласачи

Рангелова: Заев бегаше од избори зашто има страв од народот

„Со објавувањето на списокот на гласачи кои СДСМ ги прогласи за спорни, излегоа на виделина сите лаги со кои аболираниот Зоран Заев и неговите сопартијци со месеци ја манипулираа јавноста. Народот виде дека нема ниту половина милион фантоми, ниту 300.000 фантоми, ниту 200.000. Има само 40.000 гласачи кои се спорни за Заев и за неговите сопартијци“, изјави на прес-конференција...

Во ДИК досега се пријавиле 122 спорни гласачи

Државната изборна комисија соопшти дека досега, можноста за пријавување ја искористиле вкупно 122 граѓани чии записи во избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се покажале спорни. „Лично во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, вкупно се пријавиле пет граѓани, додека можноста за електронско пријавување ја искористиле 117 граѓани“, велат...

Визуелизација: Мапа на спорни гласачи – водат Чаир, Тетово и Гостивар

Државната изборна комисија на својата веб-страница го објави списокот на 39.502 спорни гласачи, кои ќе мораат да се пријават во ДИК доколку сакаат да бидат на избирачкиот список и да гласаат на наредните избори. Според списокот, најмногу спорни гласачи има во општина Чаир – 5.418 гласачи, потоа во општина Тетово – 3.183, општина Гостивар – 2.671, општина Сарај – 2.420...

Несогласувања во ДИК за веб-апликацијата за спорни гласачи

Иако од Државната изборна комисија најавија дека членовите се согласни за новиот начин на проверка на 39.502 гласачи, на денешната прес-конференција сепак се виде дека одредени членови имаат повеќе забелешки. За Субхи Јакупи, член на ДИК од ДУИ, спорно е тоа што нема рок до кога ќе им се одговори на тие гласачи што ќе решат електронски да ги достават податоците...

ДИК го објави списокот на 39.502 спорни гласачи

Државната изборна комисија на својата веб-страница го објави списокот со имињата и со презимињата на 39.502 гласачи кои се сметаат за спорни. Овие лица ќе имаат рок од 25 дена да се пријават во ДИК и да се запишат во избирачкиот список. Освен на официјалната веб-страница на ДИК, списокот е објавен и во подрачните одделенија на ДИК и во месните канцеларии на...

Спорните гласачи ќе можат да се пријават во ДИК од денеска до 19 август

Државната изборна комисија денеска на својата веб-страница ќе ги објави имињата и презимињата на спорните 39.502 гласачи и тие ќе имаат рок од 25 дена да се запишат на избирачкиот список, одлучи Комсијата на денешната седница. Запишувањето ќе се врши лично, со приложување на важечка лична карта или пасош во подрачните канцеларии на ДИК и во канцелариите на Управата за...

Чичаковски: Од 226.000 спорни гласачи, за 71.000 нема никаква евиденција

Од 226.000 спорни гласачи во избирачкиот список, за 71.000 гласачи нема никаква евиденција, изјавил денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски, по состанокот на работната група за избирачки список, пренесува „Утрински весник“. Според Чичаковски, допрва ќе се преговара што ќе биде со овие 71.000 гласачи за кои вкрстената проверка покажала дека не се наоѓаат во ниту една база...

ДИК ќе разговара и за гласачите од Пустец и за дијаспората

Со еден час задоцнување, почна јавната седница на Државната изборна комисија, на која треба да се усвои извештајот за досегашната работа на Комисијата во врска со прочистување на избирачкиот список и да се најдат модалитети за понатамошната постапка. Несoгласувањата помеѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во ДИК се виде уште на почетокот на седницата и преку различното толкување на...

ДИК ќе ја послуша ДЗЛП, ама ќе ги обжали решенијата пред Управен суд

Државната изборна комисија (ДИК) на вечерашната седница донесе одлука да постапи по двете решенија на Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП), односно да го повлече од својата интернет-страница списокот со спорни 89.000 гласачи за теренска проверка, како и избирачкиот списокот со вкупниот број на гласачи. Истовремено, како што пренесува „Телма“, членовите на ДИК одлучиле до Управниот суд да поднесат...

Списокот со спорни гласачи ДИК го објави на интернет

Државната изборна комисија (ДИК) денеска го објави списокот на гласачи кои се проверуваат теренски по име презиме и адреса на живеење. Списокот е достапен на официјалната интернет страница. Доколку сакате да го преземете списокот кликнете тука. На вчерашната седница на ДИК со 5 гласа „за“ и 4 „против“ беше усвоен предлогот на членовите од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и од ДПА, Бедредин Ибраими на...

ДИК: Анкетарите во Чаир треба да проверат 17.000 спорни гласачи

На територија на општина Чаир, Бутел и Шуто Оризари анкетарите треба да проверат 17.000 записи со податоци за спорни гласачи. Повеќе од 11.000 спорни гласачи има во Куманово и Липковскиот регион, речиси 7.000 во Центар и Аеродром, во Карпош и Тетово по 6.000, а 4.000 има во Битола. На денешната седница на ДИК со 5 гласа „за“ и 4 „против“...

Теренската проверка на спорните гласачи ќе почне до крајот на неделава

Најдоцна до крајот на неделава ќе почне теренската проверка на спорните гласачи во избирачкиот список. Вкупно ќе се проверуваат 100.436 записи (имиња, презимиња и адреси), а проверката ќе ја спроведат вкупно 374 овластени анкетари. Работата на анкетарите ќе ја контролираат раководителите на подрачните единици на ДИК. Теренските проверки ќе почнуваат наутро во 8.30 часот, а ќе траат до 19 часот. Набљудување на...

„Мост“ ја повика ДИК да го објави извештајот без интервенции

Граѓанската асоцијација „Мост“ ја повика Државната изборна комисија (ДИК) да го објави првичниот извештај од вкрстените проверки на избирачкиот список, онака како што тој е изработен и доставен од експертите, без никакви дополнителни интервенции. „Планот за спроведување на вкрстените проверки на податоците во избирачкиот список беше подготвен од експерти и донесен од ДИК, врз основа на методологијата за водење и...

Денеска во ДИК продолжува анализата на вкрстената проверка на податоците

Анализата од вкрстената проверка на податоците од избирачкиот список и на базите со податоци од државните институции продолжува и денеска, најавуваат од Државната изборна комисија. Се очекува да се усвои извештајот за резултатите од вкрстената анализа и да се знае колку гласачи се јавуваат како спорни. Нема информации дали вчера причина за неусогласеноста на ставовите на членовите на ДИК била бројката...

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...