fbpx
Таг: спор за името

таг: спор за името

Коѕиас оптимист дека до јуни може да има решение за името

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас во интервју за „Ројтерс“ изразува убеденост дека до јуни, оваа година ќе се реши прашањето за името и дека тоа е во интерес и на Грција и на регионот, пренесува македонската државна новинска агеција МИА. – Во животот, Александар Велики докажа дека треба да ги сечеме Гордиевите јазли. Во еден момент, треба да завршиме...

Нимиц: Секогаш добивам добри совети од лидерот на ДУИ

Медијаторот на Обединетите нации во спорот за името, Метју Нимиц ја оцени како конструктивна средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од кого, како што рече секогаш добивал добри совети. - Го известив за моите активности во Атина и претходно денеска во Скопје во Владата , како и за напорите што ги правам во рамките на ОН за решавање...

Иванов до Нимиц: Сакаме решение за името кое нема да задира во идентитетот

Македонија ќе продолжи и понатаму конструктивно да учествува во процесот за изнаоѓање на решение на наметнатиот спор од страна на Грција, кое нема да задира во идентитетот на македонскиот народ и нема да го наруши достоинството на македонските граѓани, истакнал претседателот Ѓорге Иванов на средбата со медијаторот Метју Нимиц. На средбата, како што соопштија од кабинетот на Иванов, била разгледана...

„Тврдокорните“ му порачаа на Нимиц да си замине од земјава и да си поднесе оставка

Стотина членови на неколку граѓански здруженија и нивни поддржувачи вечерва одржаа протест пред Собранието на кој го повикаа медијаторот во спорот со името, Метју Нимиц, да си замине од земјава, бидејќи, како што порачаа, немало да дозволат наметнато решение и промена на државното име. „Нимиц да се повлече од срамната, недостоинствена и за нас недозволива позиција на посредник во наметнат...

Нимиц: По Атина, очекувам добри разговори и во Скопје

Имавме добри средби во Атина. Се надеваме дека ќе имаме добри средби и тука. Се радувам на средбите во Владата и со другите лидери, изјави посредникот на Обединетите нации (ОН) Метју Нимиц по пристигнувањето во Скопје, пренесува државната новинска агенција МИА. Тој претпладнево, со своите соработници, беше во скопскиот хотел „Холидеј Ин“. Средбите на Нимиц со македонскиот државно-политички врв се закажани за утре. Како што беше...

Мицкоски му се пожали на Хан дека нема напредок во реформите и повика на консензус за името

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Брисел имал средба со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, на која било разговарано за реформските процеси во земјава, во кои и „покрај ветувањата на Владата, сè уште нема суштински напредок“, особено во клучните области - економијата, судството и владеењето на правото. - Говоревме за реформите и реформските процеси кои што...

Нимиц: Средбата меѓу Заев и Ципрас е од историско значење, има динамика за решение

Позитивна, важна и од историско значење е средбата на Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос, вели медијаторот во преговорите за решавање на спорот за името, Метју Нимиц во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, во пресрет на неговата посета на Атина и на Скопје, следната недела. Нимиц вели дека постои динамика за решение и оти е оптимист дека во...

Ахмети предлага името да се реши по моделот на Договорот со Бугарија – без референдум

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ предлага прашањето за името да се реши според моделот на Договорот за добрососедство со Бугарија, со консензус меѓу двете влади и со ратификација во двата парламенти, пренесува македонската државна новинска агенција МИА. - Најдобар начин за затворање на ова прашање е моделот на Договорот за добрососедство меѓу Скопје...

Фрчкоски: Нема да има консензус за името, власта треба да ја понесе одговорноста

Нема да се создаде национален консензус за спорот за името, за решението ќе биде одговорна политичката елита која го носи процесот и тоа секогаш и во секое општество било така, вели универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. - Нема да се создаде таков консензус. Политичката желба околу консензусот е разбирлива, таа секој политичар ја посакува...

Заев: Оптимист сум дека е можен национален консензус за прашањето за името

Јас сум оптимист дека е можно да се најде национален консензус по ова важно прашање, изјави премиерот Зоран Заев по петчасовниот координативен состанок на државно-политичкиот врв на кој беа разгледувани предлозите на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името. - Вечерва имавме информативна средба на политичките претставници на која беа презентирани и дискутирани предложените идеи од медијаторот...

Ципрас: Направен е напредок, но сè уште е долг патот до договор за името

Се обврзувам дека во следниот период со патриотска одговорност ќе се стремам кон заемно прифатливо решение на прашањето за името, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во обраќањето до јавноста по денешните средби со лидерите на политичките партии во Грција, пренесува македонската државна новинска агенција МИА. Ципрас рече дека е направен напредок, но оти сѐ уште е долг патот до договор....

Почна координативниот состанок на државниот врв за предлозите на Нимиц

Почна координативниот состанок на државниот врв на кој ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на спорот за името, која ја предложи медијаторот Метју Нимиц. Во Клубот на пратеници пристигнаа претседателот Ѓорге Иванов, со двајца претставници на неговиот кабинет, премиерот Зоран Заев заедно со министрите за одбрана и за надворешни работи, Радмила Шекеринска и Никола Димитров, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан...

Мицотакис не му даде поддршка на Ципрас за прашањето за името

Претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, по средбата со грчкиот премиер, Алексис Ципрас ја отфрли можноста да и даде поддршка на владата за формирање на поширок национален консензус за прашањето за името, јавува македонската државна новинска агенција МИА. Мицотакис по средбата со Ципрас упатил критики за начинот на кој грчката влада управува со конкретното прашање....

Државниот врв денеска на координативен состанок за предлозите на Нимиц

Државниот врв денеска на координативен состанок ќе ја разгледува иницијалната рамка за решавање на спорот за името, која ја предложи медијаторот Метју Нимиц. Состанокот, кој вчера и официјално беше најавен од Министерството за надворешни работи, ќе се одржи во 18 часот, во Клубот на пратениците. На состанокот ќе учествуваат претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи,...

Борисов го охрабри Заев да продолжи со преговорите за решавање на спорот за името

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов денеска во Давос ја поздрави волјата на македонскиот премиер Зоран Заев со која работи за евроатлантските интеграции и го охрабри да продолжи со преговорите со Грција за изнаоѓање на конечно решение за спорот за името, пренесува „БГНЕС“. Борисов и Заев денеска имаа средба на маргините на Светскиот економски форум. „Дискутираме за иднината на Европа и за...

Нимиц: Со новиот пакет предлози за името идентитетот ви е безбеден

Посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц, во интервју за „Сител“ вели дека, според него во новиот пакет предлози на решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција, идентитетот на државата и народот е безбеден и верува дека со неговите идеи тој е повеќе зајакнат отколку оштетен. - Сметам дека договорот е сеопфатен, се обидов да ги опфатам најголемите прашања,...

Заев e oптимист дека ќе се најде решение за името достоинствено за двете страни

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е оптимист и верува оти ќе биде изнајдено решение за спорот за името кое ќе биде достоинствено и за Македонија и за Грција. Тој потврди дека веќе е договорена средба со неговиот грчки колега Аликсис Ципрас на 24 јануари во Давос. – Јас сум оптимист, верувам дека помеѓу две земји, кои се пријатели и имаат...

Иванов: Владата наместо на квантитетот да се фокусира на квалитетот на реформите

Како претседател на Република Македонија како и до сега ќе продолжам да соработувам со Владата и ќе ги поддржувам суштинските европски реформи кои ќе произлезат од отворена и вистинска јавна дебата и околу кои ќе се постигне широк консензус. Ова вечерва, меѓу другото, го рече претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање на приемот за членовите на дипломатскиот кор што...

Ахмети: НАТО очекува Македонија храбро да ги спроведе реформите

Столтенберг пренесе порака дека НАТО ќе ја почитува волјата на мнозинството граѓани за членство на Македонија во Алијансата, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес-конфереција по неговата средба со генералниот секретар на НАТО. - Ние сме многу благодарни за се што НАТО има придонесено за државата. Столтенберг истакна дека НАТО ќе ја почитува волјата на мнозинството граѓани за членство...

Ѓорчев: Ќе ги поддржиме сите чекори што ќе ја доближат Македонија до НАТО

Ќе ги поддржиме сите чекори кои ќе ја приближат Македонија кон членството во НАТО, рече в.д. координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, по средбата на претставниците на партијата со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, која ја оцени како „добра и конструктивна“. - Го информиравме Столтенбрег за политичкиот прогон кој се врши во Македонија, која е единствената земја...

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...