fbpx
Таг: спор за името

таг: спор за името

Лавров: Русија ќе го прифати името што ќе го договорат Скопје и Атина

Кое било решение (за спорот за името) што ќе го изнајдат Македонија и Грција и кое ќе биде поткрепено во македонскиот Устав, ние (Руската Федерација) најверојатно ќе го прифатиме, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, одговарајќи на прашање на грчки новинар на годишната прес-конференција на министерот за надворешни работи на Русија, што се одржува денеска. Лавров истакна дека спорот...

„Ние сме Македонија“ бара прекин на разговорите за името, попис и избори

Движењето „Ние сме Македонија“, составено од повеќе македонски организации од дијаспората одржаа мирен протест пред Амбасадата на Македонија во Вашингтон, на која ја искажаа својата „загриженост од политичките настани во матичната татковина“, како и од тековните разговори околу спорот за името со Грција и Законот за јазиците. „На амбасадорот на Република Македонија во САД, Васко Наумовски, му беше предадена декларација во...

Димитров и Коѕиас очекуваат „иницијална рамка“ за решавање на спорот за името

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас на денешната средба која се одржала во Солун, изразиле заедничко очекување дека претстојниот состанок на 17 јануари, медијаторот Метју Нимиц „ќе стави на маса инцијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликата околу името“, се наведува во соопштението кое е усогласено...

Османи – Коѕиас: Имаме историска шанса да го решиме спорот за името, да не ја пропуштиме

Оваа, 2018 година, претставува историска шанса за надминување на недоразбирањето околу употребата на иметот на нашата земја, истакнал вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи на денешните средби со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас и со заменик-министерот за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи на Грција, Јоргос Катругалос во Атина. - Како политичари кои ја добиле...

Еурактив: Брисел очекува конкретни резултати од Македонија и од Грција за името

Европската комисија (ЕК) ги поздравува активностите на македонската Влада за решавање на 25-годишниот спор за името го Грција и очекува „конкретни резултати“ во врска со ова прашање, изјавил неименуван функционер на ЕК за „Еурактив“, независната паневропска мрежа на медиуми специјализирана за политиките на ЕУ. Според претставникот на ЕК, одржувањето на добрите односи меѓу соседите, вклучувајќи го и договореното и заемно прифатливо...

Столтенберг ќе се обрати пред македонските пратеници на 18 јануари

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој месецов доаѓа во посета на Македонија, на 18 јануари на пленарана седница ќе им се обрати на пратениците во македонското Собрание. Седницата, како што е наведено на официјалната веб-страницата на Собранието, е закажан за точно напладне и освен неа за овој ден не се закажани други седници на законодавниот дом. Инаку, посетата на Столтенберг...

Коѕиас: Спорот за името може да биде решен оваа година

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас денеска изјави дека спорот за името може да биде решен оваа година, јавуваат светските агенции. - Мислам дека 2018 ќе биде годината во која ќе бидат решени надворешно-политичките прашања кои се заглавени со децении - изјавил Коѕиас по двочасовниот министерски состанок, кој според грчките медиуми вонредно го закажа премиерот Алексис Ципрас и на...

Заев: Вечерата со Бутарис е порака дека постои волја за решавање на спорот за името

Премиерот Зоран Заев бил на вечера со солунскиот градоначалник Јанис Бутарис за Нова година во Солун за да испрати позитивна порака дека постои волја за решевање на спорот со името. Ова денеска го изјави Заев, во својот прв коментар пред македонските новинари по вечерата со Бутарис. Одговарајќи на прашања на новинарите во врска со посетата на Солун тој рече дека создадената...

Папандреу: Ако се тргне името настрана, Скопје е наш природен сојузник

Поранешниот грчки премиер, Јоргос Папандреу во интервју за грчкиот весник „Етнос“ вели оти се чини дека актуелната македонска Влада сфатила дека иредентизмот води во ќор-сокак и дека, според него, ако се тргне името настрана, тогаш „Скопје е природен сојузник на Атина“. - Доколку сегашните околности дозволат задоволително решение, пошироката геополитичка ситуација е уште една причина да одиме чекор понапред. Скопје,...

Жбогар: По конгресот очекувам конструктивна, а не деструктивна ВМРО-ДПМНЕ

Се надевам дека по конгресот на ВМРО-ДПМНЕ следната недела, ќе добиеме опозиција која нема да биде посветена само на тоа деструктивно да ги спречи работите кои се случуваат, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за неколку медиуми, пренесува „Алсат М“. - Подобро е да имаме опозиција која ќе и конкурира конструктивно на Владата, со идеи, предлози и сугестии, како да...

Поради снежни врнежи откажана вечерата на Нимиц со преговарачите во Брисел

Предвидената заедничка вечера на преговарачот за името, Метју Нимиц со делегациите од Македонија и Грција, што требаше да се случи вечерва во Брисел е откажана, бидејќи ниту преговарачите Адамантиос Василакис и Васко Наумовски, ниту преговарачот Нимиц, поради снегот не можеле да стигнат на време во Брисел, пренесува порталот „Мкд.мк“ Поради снежните врнежи во Белгија се откажани стотици летови, како и...

Димитров: Во преговорите со Грција ќе влеземе со добра верба и без страв

Во преговори со Грција ќе влеземе со добра верба и без страв, во обид да се надминат разликите, вели шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. - Ако има победена страна, тоа нема да биде добро ниту за победникот, ниту за губитнкот, бидејќи ќе развие ужасен национализам. Мора да најдеме начин двете страни да...

Жбогар: Ако се совпаднат визиите на Владата и на Јункер, ќе има добри резултати за Македонија

Доколку реформската визија на Владата и визијата на Европската Унија за Западен Балкан, што во февруари следната година треба да ја претстави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, се совпаднат, тогаш можеме да се надеваме да видиме добри резултати околу евроинтрегациите на Македонија, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар. - Тоа што генерално го споделуваме е оптимизам дека работите се одвиваат во правилна...

Заев: Се надевам дека ова ќе биде последен обид за решавање на спорот со името

Македонија влегува во обид кој што се надевам дека ќе биде последен, со конечна цел, решавање на проблемот кој што Грција го има со нашето уставно име, изјави премиерот Зоран Заев како одговор на новинарско прашање по средбата со премиерот на Словенија, Миро Церар. - Ова е навистина актуелно прашање и во Македонија. Логично беше по завршувањето на локалните избори,...

Димитров и Коѕиас разговарале за комуникациските механизми меѓу двете земји

Комуникациските модалитети меѓу двете земји, како и комуникациските механизми во рамки на Европската Унија биле дел од темите за кои денеска разговарале министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, кои се сретнаа на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ во Брисел. - Разговаравме за прашања поврзани со комуникациите, комуникациските...

Заев очекува раздвижување околу името, разговарал и со Иванов за процесот

Премиерот Зоран Заев очекува до крајот на овој месец да се раздвижат работите околу напорите за решавање на спорот за името со Грција, за што, како што потврди, веќе било разговарано и со претседателот на државата, Ѓорге Иванов. - Останува надежта дека во вака силно изразени пријателски околности со соседите и со Грција имаме поголеми шанси да изнајадеме решение. Очекувам...

Дипломатскиот клуб Скопје предлага скопскиот аеродром да се вика „Киро Глигоров“

Дипломатскиот клуб Скопје ја поддржува иницијативата скопскиот аеродром да го носи името на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров. Од Дипломатскиот клуб велат дека со именувањето на аеродромот со името на претседателот Глигоров „на најдостоен начин ќе се материјализира оценката за неговата голема улога во процесот на создавањето на Македонија како современа држава“. „Нагласуваме дека од скопскиот аеродром отпочнуваа и на него...

Спорот за името ќе биде решен наскоро и без референдум, тврди Османи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во интервју за емисијата „Патот кон“ на телевизијата „Алсат-М“, изјави дека разликите околу името со Грција ќе бидат решени наскоро. Тој тврди и дека Македонија може да избегне референдум за ова прашање, благодарение на решение што би произлегло од промената на името на аеродромот „Александар Велики“ и од другите стратешки точки кои досега Грција...

Захариева: Бугарија и Грција се подготвени да ѝ помогнат на Македонија со реформите за ЕУ

Бугарија и Грција се подготвени да ѝ помогнат на Македонија да ги спроведе реформите неопходни за почнување на преговорите за членство во Европската Унија, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во интервју за бугарското радио „Дарик“. - Потребно е прво да се изгради доверба меѓу политичките раководства. Тие имаат долг пат и многу реформи за...

Заев не размислува за предвремени избори, туку за реформите и за спорот за името

Не размислувам за предвремени парламентарни избори бидејќи сè уште се во тек локалните, а наш приоритет е тие да завршат комплетно регуларно и веродостојно, како и во првиот круг оти само тогаш Македонија победува, изјави премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ. Заев рече дека на резултатите од изборите гледа...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...