fbpx

Нимиц: Со новиот пакет предлози за името идентитетот ви е безбеден

-

Посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц, во интервју за „Сител“ вели дека, според него во новиот пакет предлози на решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција, идентитетот на државата и народот е безбеден и верува дека со неговите идеи тој е повеќе зајакнат отколку оштетен.

– Сметам дека договорот е сеопфатен, се обидов да ги опфатам најголемите прашања, не сите, но најголемите. Се обидов да најдам начин да се справам со прашањето за името на начин кој ќе биде прифатлив за двете страни. Мојот личен став е дека не навлегува во индентитетот, туку напротив го зацврстува и зајакнува идентитетот на државата и на народот. Од мојата комуникација со луѓето во вашата земја, сметам дека имаат многу силен идентитет, кој го поседувате многу години. Независни сте 25 години, но имавте идентитет и кога бевте дел од Југославија, имавте идентитет кога бевте дел од Кралството Србија и од Отоманската империја – вели Нимиц.

Според него, за разлика од порано, сега целата ситуација за решавање на спорот е променета и во Скопје и во Атина.

– Атина излегува од економска криза, поуверени се и пробуваат да играат поголема улога во регионот. Во Скопје имаме нова влада која се чини дека е посветена на решавање на проблемот. Сега имам две влади со сериозни луѓе, двајца серизони премиери и двајца министри за надворешни работи, тука е опозицијата и медиумите и еднаш ќе мора да донесете одлука. Сега е моментот бидејќи нема избори. Да не се чека уште 25 години – вели Нимиц.

Тој изјави дека за предлозите, кои се на четири страници, е потребно време да се проучат од двете страни во спорот бидејќи не се работи за мислење на само еден човек во Скопје и во Атина.

– Треба време за да размислат, потребни се три-четири дена, потоа разговор. Мојата идеја е да го посетам регионот доколку сакаат министрите за надворешни работи на двете земји и доколку се слободни во следните десетина дена. Да седнеме во двете земји и да имаме сериозни разговори за тоа што тие сметаат дека е корисно и да најдеме заеднички компромис – вели посредникот.

Во врска со изјавата на македонскиот преговарач, амбасадоротт Васко Наумовски дека предлозите се далеку од достоинствено решение, Нимиц вели дека не би сакал да критикува, но додава дека брзо излегување со имресии не е добро.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...