fbpx
Таг: спин

таг: спин

Контраспин: „Храбрејќи ги колегите“, Чулев МВР го претвора во „МВРО-ВМРО“

Доколку инспектори од МВР, „охрабрени“ од Чулев, започнат со повикување или приведување во текот на избoрната кампања сами, без ОЈО, на политичари од главните партии, тоа ќе значи директно вмешување на МВР во изборниот процес, по теркот на „МВР-ВМРО“ од времето на владеењето на Никола Груевски. Тоа ќе доведе и до подeлба на вработените, на што предупреди и полицискиот...

Контраспин: Одлуката на ЕУ за датум за преговори секако ќе влијаe врз изборите

Вицепремиерот Бујар Османи, кој во владата на СДСМ и ДУИ е надлежен за евро-интеграции, дал интервју за Агенција Европа во кое тврди дека ако ЕУ не ѝ додели датум за преговори на Македонија во март годинава, тоа ќе значело „најголема интервенција во изборите“ со „огромни последици“. Ова тврдење е чисто извртување на вистината, т.е. спин од неколку причини, пишува...

Мицкоски спинува кога вели гласајте за нас, па ќе ви кажеме кој му помогна на Груевски да избега

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, во ТВ интервју се послужи со манипулативна техника која потпаѓа во категоријата спин, со цел да влијае врз јавноста за односот на неговата партија и неговата идна претпоставена извршна и законодавна власт за многу чувствително прашање – бегството на екс премиерот и сè уште почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пишува „Вистиномер.мк“. На директно прашање...

„Контраспин“: ВМРО-ДПМНЕ не може да освои две третини од пратениците

Секое споменување и повикување на две третини од пратеничките места за ВМРО-ДПМНЕ, за потоа тие да направат „чекор назад во однос на Преспанскиот“, што се разбира не значи и „враќање на името“, е чист спин, пишува „Вистиномер.мк“. Спинот е насочен само кон мобилизација на гласачкото тело, кое од објективни или субјективни причини е неинформирано и слепо верува на одредени неспроведливи...

„Вистиномер.мк“: Тимоние контра Тимоние

Aко во Париз не биле задоволни од извештаите на Европската комисија или ако имале сознанија дека некои земји лажно ги храбреле македонските власти, тоа требало да си го расчистат внатре во Унијата. Вака, при признание и од самиот претседател Макрон дека Македонија ја исполнила домашната задача, но Унијата не била подготвена за проширување, обидите на амбасадорот Тимоние акцентот да...

Контраспин: Сулејман Реџепи преку спин стаса до говор на омраза

Не постои народ кој може да се окарактеризира како „дива животиња“. Не постои народ како таков, а да „нема идентитет“ и не постои нешто што би можело да се нарече „бездушен народ“. Стереотипи, навреди и шовинизам. А, до овој говор на омраза Реџепи стигна преку друго извртување на вистината – нема попречување на изградби на џамии, за што зборува...

Сувереноста на граѓаните најдиректно се докажува на референдумско изјаснување

Суверенитетот на граѓаните најдобро се потврдува со партиципација на референдумското изјаснување, како форма на директно демонстриран суверенитет на луѓето во сопствената држава. Покрај индиректниот, т.е. пренесување на нивната сувереност врз пратениците. Оттука, пораката дека Иванов ќе бојкотира, е всушност порака до граѓаните да се откажат од своето суверено право да одлучуваат, пишува „Вистиномер“. Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов во...

Контраспин: Трајко Вељаноски со лицемерна дефиниција за тоа што е национален интерес

Точно е, како што вели Вељаноски, дека ќе се избира помеѓу концепт кој обезбедува сигурност и заштита на највисоките национални интереси и концепт кој води кон разградување на државата. Само уште да дефинира точно што се највисоки национални интереси, а што е лицемерие кое се затскрива зад нив, пишува „Вистиномер“. Контраспин: Трајко Вељаноски, висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и дел од...

КОНТРАСПИН: Парадирањето на Груевски е непочитување на системот

Еден ден по катастрофата што му се случи на Скопје и во која загинаа над 20 лица, Никола Груевски, во својство на претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на терен во погодените подрачја, направи неколку извртувања на вистината, пишува Вистиномер. Груевски таму се упати откако заедно со премиерот Емил Димитриев се вратија во земјата прекинувајќи ги одморите – првиот во Турција, вториот во...

КОНТРАСПИН: Одлуката на ЕУ е санкција, а прстот е вперен кон ВМРО-ДПМНЕ и кон ДУИ

Ако некој отвоено вели дека Владата е без политичка волја, Владата нема подготвеност, нема зрелост, нема политичка посветеност итн., и дека поради тоа се кратат 27 милиони евра, а дека помошта нема да биде продолжена со друг проект, спинување е да се крие дека тоа не биле санкции или казна од ЕУ за Македонија во целост, а уште поголемо...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...