fbpx
Таг: спин

таг: спин

Контраспин: „Крокодилските солзи“ на Мицкоски за барикадите пред Св. Спас се спин

На 4 февруари пред и во Св. Спас кога се одбележуваше годишнината од раѓањето на Гоце Делчев немаше ниту еден инцидент. Сè друго, дали летал хеликоптер, дронови или имало две наместо една или ниедна барикада… се работи на проценка на безбедносни експерти во институциите, а разочараноста што поради тоа ја изрази Христијан Мицкоски „се крокодилски солзи“ и чист спин,...

Контраспин: Причините за блокадите се во Софија, а не во Скопје

Иако може да се дискутира за техниката на водењето на македонската политика во секојдневните односи со Бугарија, причините за новите блокади не се во Скопје, како што тврди ВМРО-ДПМНЕ. Бугарија има свои цели што сака да ги оствари во рамките на билатералните односи со РСМ, користејќи го притоа и евроинтеграцискиот процес и факт е дека во тие цели спаѓа...

Контраспин: Најголемите енергетски капацитети не се направени ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од СДСМ

Од големите базни производители на електрична енергија со голем капацитет, ниту една политичка партија во изминатите 32 години не била посветена онака како што тоа било направено во времето кога со земјата владееле и управувале кадри од Сојузот на комунистите на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не биле посветени ни половина, барем од она што било замислено во стратегиите за...

Контраспин: Проблемот со кучињата скитници не се решава со спинови

Проблемот е многу сложен и голем имајќи ги предвид и отштетите што ги плаќаат општините на годишно ниво (Само во Скопје беа над еден милион евра) и траумите на оштетените граѓани, па оттука со овој проблем треба да се занимава и државата и општините. Добро е што премиерот Ковачевски денеска ретерираше дека државата нема ингеренции и дека тоа е...

Контраспин: Николоски спинува за употребата на македонскиот јазик според Преспанскиот договор

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски спинува кога вели дека со член 7 од Преспанскиот договор е забранета употребата на македонскиот јазик надвор од територијата на државата. Членот 7, точка 4 од Преспанскиот договор се однесува на деклариран став на официјално Скопје дека ништо од идентитетот на македонската страна во македонската држава, вклучувајќи го и јазикот, не се однесува на...

Контраспин: Признавањето на МПЦ – ОА во 2022 година било успех на СДСМ!?

На последниот ден од старата 2022 година, владејачката СДСМ искомуницира со јавноста преку соопштение во кое набројува за 20-те успеси на партијата во годината што замина. Иако неколку од набројаните 20 успеси можат да си конкурираат за полуизвртувања на вистината или полуспинови, еден е еклатантен спин. Имено, СДСМ признавањето на МПЦ-ОА како нешизматичка од дел од сестринските цркви во...

Контраспин: Апасиев без аргумент спинува дека народот е проруски

Резултатите од истражувањата на јавното мислење, колку и да се со стапици, сепак остануваат еден од најрелевантните аргументи кога се искажуваат ставови за мислењата или ориентираноста на граѓаните. Од неколку анкети може да се констатира дека постојат проруски чувства во РСМ , тие не се за занемарување, но исто така, факт е дека мнозинството од граѓаните сепак се прозападно...

Контраспин: Институциите се поразени во борбата против корупцијата

Калеска-Ванчева од СДСМ се обиде преку оценка во стилот на дилемата „дали чашата е полуполна или полупразна“, да спинува околу прашањето дали институциите во РСМ се поразени во борбата против корупцијата. Аргументите за овој спин ги дава и самата пратеничка кога признава дека нема ефикасност и завршница во бројните случаи, но и серија други изјави што во исто време...

Контраспин: Инсистирањето дека Ковачевски „признал“ тајна коалиција со Арсовска е класичен спин

Анализата на кажаното од Ковачевски и како тоа се претставува во комуникацијата со јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нејзини претставници, несомнено покажува дека се спинува кога се тврди дека Ковачевски сам признал дека имал средби со Арсовска во Владата, од што се вади заклучок според кој „признал дека постои тајна коалиција“ СДСМ-Арсовска, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу...

Контраспин: Арсовска со тенка аргументација за разрешувањата на директорите

Во изјавата на Арсовска дека неодговорноста и неисполнителноста била главната причина за директорските смени во јавните претпријатија, може да се детектира спин, бидејќи барем во случајот со Перински, образложението на градоначалничката за неговата смена – основано сомневање за местење на тендерската постапка за изградба на пречистителна станица во Скопје, се покажа неиздржано. Министерот за животна средина Насер Нуредини вчера...

Контраспин: Во барањето за државјанството на Онишченко, сепак, има измама и неговата изјава е спин

Олександар Онишченко спинува кога вели дека нема измама во неговотo државјанство, затоа што тој при апликацијата не го запазил став 5 од член 7 од Законот за државјанство и премолчел битни факти. Без оглед што главниот и најголемиот кабает е при македонските органи и институции, пред сè, кај АНБ. Дополнително истрагата сè уште е отворена, па може да излезе...

Контраспин: Џафери заборава дека треба да е одговорен и пред јавноста

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во интервју во емисијата Вин-Вин повеќе пати во дебата со новинарката употреби реченица која што почнува со „вие можете да мислите што сакате“, или „вие можете да тврдите што сакате“… Ваквиот однос на Џафери, без притоа во најголемиот број случаи да се обиде да појасни каде е тврдењето погрешно или да се обиде да...

Контраспин: Кој е агресор и кој води хибридна војна во Украина?

На Самитот на групата најразвиени земји Г20 во Бали, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров одржа прес конференција, на која изнесе позната пропагандистичка реторика, која досега била повеќепати повторувана, но, пред сè, неговиот наратив содржеше голем број спинови во однос на преговорите меѓу Русија и Украина, за тоа кој, всушност, ја почнал хибридната војна во Украина други, пишува „Вистиномер“. Текстот...

Контраспин: По свадба тапани – Владата допрва ќе ги „проучува“ усвоените измени на Законот за здруженија

Премиерот Димитар Ковачевски и Владата на седница ќе ги разгледуваат веќе донесените измени на Законот за здруженија на граѓани и фондации, по што ќе се решава дали има нешто проблематично во нив за да се измени или да се испрати на Венецијанската комисија на проценка. Спинот не е само во темелното разгледување од сите аспекти на законски материјал што...

Контраспин: Тврдењето за ДКСК како адвокат на Ковачевски и заштитник на криминалот се спин

Конкретната изјава на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, на која се повикуваат од партијата не значи дека ДКСК нема да постапува никогаш, туку дека нема основа за постапување врз основа на утврдување на судир на интереси. Освен ова, самата ДКСК со своето сегашно и досегашно непристрасно постапување и за високи сегашни или поранешни функционери од власта, без оглед дали...

Контраспин: СДСМ спинува за фотографијата на која се Мицкоски и Блажески

Целото тврдење на СДСМ за Мицкоски и Томе Блажески, основачот на клубот од Охрид „Цар Борис Трети“ е еден спин базиран врз претпоставки и недокажани факти. СДСМ поаѓа од фотографија на која се гледа како во некој црковен објект на заедничко место лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски и основачот на клубот во Охрид Цар Борис Трети, Томе Блажески, палат...

Контраспин: Мицкоски спинува околу цените на енергија во 2022 и во 2017 година

Мицкоски не кажува, на пример, дали и колку тогашната влада морала да ја субвенционира разликата меѓу продажната цена кон индустријата, односно загубите на ЕЛЕМ со призната цена од 2,5 денари по киловат час за производство за регулираниот пазар, не кажува колкав дел од индустријата, па и подружницата на АД ЕЛЕМ за тргување набавувале електрична енергија во странство или продавале...

Контраспин: Мицкоски го болат навреди само кога паѓаат на неговиот грб

Сосема е јасно дека Мицкоски, дури и под претпоставка тој најмалку да користел навредливи и омаловажувачки зборови, бил согласен тоа да го прават највисоки претставници на неговата партија или пратеници, со што на големо го прави она што во изјавата што ја разгледуваме го осудува и вели дека не е добро зашто „е отров што го чувате во себе“....

Контраспин: Штетите од спиновите за пречистителната станица може да станат многу поскапи од 136 милиони евра

Сè додека за тоа што навистина се случувало не се произнесе официјално овластен орган, со добро поткрепени докази кои во транспарентна постапка би биле на увид на јавноста, секое натамошно обвинување во една или друга насока од двете главни партии во земјава, плус од Арсовска, може да се оцени како извртување на вистината. Од ова силно спинување, освен вистината,...

Контраспин: Ако Арсовска се однесува „како четиригодишно дете“, кабаетот, сепак, е кај ВМРО-ДПМНЕ

Проблемите кои сега се на површина меѓу градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ очигледно се многу подлабоки, а на самата партија одамна ѝ се познати. Тие требало да се воочат и да се надминат уште пред локалните избори, кога ѝ понудиле, а Арсовска прифатила (или обратно), партијата да не истакнува свој кандидат на локалните избори, туку да ја поддржат нејзе....

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...