fbpx

„Вистиномер.мк“: Тимоние контра Тимоние

-

Aко во Париз не биле задоволни од извештаите на Европската комисија или ако имале сознанија дека некои земји лажно ги храбреле македонските власти, тоа требало да си го расчистат внатре во Унијата. Вака, при признание и од самиот претседател Макрон дека Македонија ја исполнила домашната задача, но Унијата не била подготвена за проширување, обидите на амбасадорот Тимоние акцентот да се фрли врз недоволно сработените реформи, претставуваат извртување на вистината, т.е. спинување, пишува „Вистинимер.мк“.

Францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние на прес конференција се обиде да ја убеди јавноста во земјава дека недобивањето датум било поради недоволно спроведените реформи, што „Вистинимер.мк“ го оцени како извртена вистина, т.е. спин:

– Потребен е уште голем напредок, освен на хартија треба напредок и во пракса. Реализацијата на теренот не соодветствува секогаш со очекувањата за зајакнување на правната држава и се докажува дека одредени структурни проблеми се уште постојат, како и заминувањето на младите – рече Тимоние.

Веројатно и самиот амбасадор на Франција во Република Северна Македонија на почеток ќе се запраша зошто оваа негова реченица, е потенцирана како спин, т.е извртена вистина, кога де факто е реалност која не е негирана ниту од власта, ниту од аналитичарите, ниту од граѓаните!?

Одговорот е едноставен – тоа е спин во конкретниот случај, зашто амбасадорот се обидува да ја убеди јавноста дека противењето на Париз било затоа што не сме ги завршиле домашните задачи поставени на самитот на ЕУ во јуни 2018 г., дека во јуни 2019 г. не се отворило тоа прашање зашто процедурално не биле подготвени ни Париз, ни Берлин поради евроизборите и обврските во Бундестагот и дека, конечно, сега, на последниот самит суштински се отворила таа расправа, а Скопје не добило датум поради незавршени реформи!

Целиот текст прочитајте го на овој линк. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...