fbpx
Таг: спин

таг: спин

Контраспин: Проблемот не е во Договорот со Бугарија, туку во промената на однесувањето на Софија од 2019 година

Доколку со или без референдум С. Македонија се повлече од Договорот за пријателство и соработка со Бугарија, преговарачкиот процес со ЕУ, кој сè уште е само формално започнат, ќе биде блокиран сè до постигнување на нов договор, кој, потоа, логично е да се претпостави, ќе доведе и до потреба за изменета преговарачка рамка со ЕУ. Не треба голема експертиза...

Контраспин: Проблемот на матичните лекари нема да се реши со спинови

Бројот на ординации по општа медицина во државата од година во година се намалува, а од вкупно нешто под илјада ординации за 500 се барале излезни финансиски решенија уште во февруари. Оттука, сегашниот трет протест на матичните лекари за една година не само што е оправдан, туку под итно треба да се решава, а министерот и другите здравствени власти...

Контраспин: Непостоечки економски геноцид и наводни спасувачки блокади на институциите – спин до спин во говорот на Мицкоски

Иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како што вели во својот говор, самиот се смета за „прв меѓу еднаквите кој ја добил големата одговорност да го предводи народот со бајракот на слободата кон промени и подобра иднина за нашата Македонија“, во својот говор, кој изобилуваше со спинови, не даде доволно елементи кои би ги убедиле граѓаните кои не се...

Контраспин: Спиновите околу Талир 2 дополнително ја уриваат довербата во судството

Двата примера околу кои се спинува за Талир 2 покажуваат многу добро дека самите главни партии што во огромен дел биле и креатори на политики во правосудството и не може да се амнестираат за тоа дека довербата на јавноста е сè уште многу ниска, секојдневно со своите спинови придонесуваат таа доверба да остане закована за дното уште долго време…Спинува...

Контраспин: Без критериуми за „истакнат правник“ секој избор на уставни судии ќе биде спинуван

Целиот проблем во изборот на уставните судии се наоѓа во непрецизната уставна одредба дека судиите ги избира Собранието „од редот на истакнати правници“. Се додека не се донесе посебен закон што ќе го регулира ова прашање, секој избор на уставни судии ќе се проблематизира и ќе се спинува, пред се од политичарите и на власта и на опозицијата, како...

Контраспин: Кој е ослободувач, кој агресор, а кој ширач на дезинформации за руската инвазија?

Во својот говор по повод 9 Мај, денот на победата над фашизмот, рускиот амбасадор Сергеј Баздникин се обидува да прикаже дека пропагандата од нивна страна не постои и дека во инвазијата врз Украина, Русија е ослободувач, а не агресор. Дека руската пропаганда е буквално „пионер“ во обидите за манипулација со јавноста сведочат голем број искуства, записи, докази базирани на...

Контраспин: Исплатата само на придонеси е, сепак, притисок – СОНК спинува, платите растеле и досега

Анализирајќи ги изјавите на главните актери во штрајкот во образованието (претшколско, основно и средно) кој трае цели две недели, со неизвесност кога ќе прекине, може да се идентификуваат два спина. Еден спин кој доаѓа од Владата и еден спин кој доаѓа од СОНК. Изјавата дека нема да им исплатат дневници за време на штрајкот, туку само придонесите, иако се...

Контраспин: Протестот на матичните лекари од приватното здравство е оправдан и навремен

Симболичниот протест на матичните лекари од приватното здравство, што се одржа на 7 април, е навремен и оправдан, затоа што низата барања што ги имаат се барања од поодамна и од претходните протести, а досега, освен на едно-две, ниту им се удоволени, ниту, пак, има суштински напредок во комуникацијата со МЗ и со ФЗО. А, меѓу суштинските барања е...

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ спинува за работата на ДКСК и за индексот на перцепција на корупцијата

Тврдењето дека Антикорупциска комисија работи по инструкции на СДСМ е тенденциозно и неосновно, а тоа се гледа по предметите коишто ги имаат отворено. Само изминатата година ДКСК, меѓу другото, отворила предмет за Драги Рашковски кој беше Генерален секретар на Владата, за поранешниот функционер на СДСМ, Рубинчо Заревски кој добил грант од Фондот за иновации, потоа за лицата кои учествувале...

Контраспин: Генерализацијата дека сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се разочарување, е спин

Генерален став за 42- ца градоначалници дека биле разочарување, преку бегло споменување на четворица – петорица, е спин. За да се изгради генерална оценка потребна е оценка за секој градоначалник одделно. Сè друго е извртување на вистината, пишува „Вистиномер“ во својот Контраспин. Текстот подолу го пренесуваме во целост: На прес-конференција на СДСМ оваа партија изнесе став за работата на сите градоначалници...

Контраспин: Високите увозни цени на гасот не се поврзани со владините преговарачки способности

Спин е тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека Владата не обезбедила ниски цени на гасот, за разлика од „сите влади во регионот и светот“. Цената на природниот гас од увоз многу малку зависи од владините преговарачки способности, пишува „Вистиномер“ во новиот Контраспин. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во соопштение објавено на нивната официјална страница на 13 јануари 2022 година...

Контраспин: Кредибилитетот и легитимитетот на Ковачевски произлегуваат од Собранието

Спин е тврдењето дека кредибилитет и легитимитет на еден политичар од извршната власт мора да произлезе само доколку тој директно учествувал во изборен процес, исто како што е спин дека идниот премиер Димитар Ковачевски ќе разговара/преговара за идентитетот на македонскиот народ, пишува „Вистиномер“ во новиот Контраспин, што подолу го пренесуваме во целост: Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава...

Контраспин: Како Апасиев спинува за прашањето за современите дисиденти

Лидерот на Левица спинува во корист на Русија и Кина, безмалку претставувајќи ги како небаре демократски земји на ниво на Соединетите Американски Држави од гледна точка на степенот на демократија, притоа манипулирајќи со една единствена карактеристика на современите дисиденти, нивната популарност кај светската јавност, претставувајќи ја како пресудна за опстанокот на САД, на нејзината демократија и либерализмот воопшто, пишува...

Контраспин: Заев и Мицкоски спинуваа за бројот и причините за големата смртност од ковид 19

Премиерот Зоран Заев ги извртува фактите околу причините за смртност на заболените од ковид-19 во земјата, сведувајќи ги само на придружни болести кај починатите и нивно задоцнето пријавување кај лекар. Мицкоски, пак, иако професор кому би требало да му се блиски научните и сатитистичките факти, спинува дека смртноста во РСМ е три пати поголема од онаа кај соседите и...

Контраспин: Јаневска спинуваше дека сексуалното образование ќе биде предмет од второ одделение

Извртувањето на вистината дека како изборен предмет сексуалното образование ќе се нуди од второ одделение во идниот реформиран систем на образование, што МОН го има зацртано од наредната учебна година, беше повод за редица шпекулации во јавноста изминатите неколку дена, пишува Вистиномер. Претседателката на комисијата за образование при ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Весна Јаневска, гостувајќи на Сител ТВ, ја коментираше Концепцијата...

Вистиномер: Милошоски спинува околу „Моќник“ преку политизација на случајот

Антониjо Милошоски сѐ уште е, суштински, само осомничено лице, зашто надлежниот суд сѐ уште не го прифатил Обвинителниот акт за случајот „Моќник“. Но, реакциите и настапите на Милошоски и на ВМРО-ДПМНЕ околу работата на СЈО со години, како и потоа, околу законското решение за преземање на сите случаи на СЈО од страна на ЈО, покажуваат дека е спинување кога...

Вистиномер: Џафери не може да го претпочита Деловникот наместо Уставот

Според Уставот, со верификација на мандатот на пратениците, Собранието е констиутирано. Уставот е највисок правен акт во државата и е хиерархиски далеку над Деловникот на Собранието. Оттука, тврдењето на Талат Џафери дека Собранието не е констиутирано, е спин, вели најновиот Контраспин на „Вистиномер.мк“   Во изјава за ТВ21 претседавачот со конститутивната седница на новиот состав на Собранието на РСМ, Талат Џафери,...

Вистиномер: ВМРО-ДПМНЕ „не гледа“ дека бројот на активни случаи е паднат за над 600 лица за нецели 3 недели

Иако се вели дека во политиката сè е дозволено, сепак, не е дозволено за политички цели да се спинува со бројките поврзани со здравјето, животот и смртта на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ, поради спиновите што ги употребува во комуникацијата со јавноста околу корона кризата, не ги пласира најважните факти, а со тоа грубо ја извртува вистината, оценува новиот Контраспин на „Вистиномер“. По...

Вистиномер: Нема ништо „пранкерско“(шегобијно) во индициите дека Москва се меша во изборите

Објавувањето на старо аудио за разговор на „Грета Тунберг“ и Зоран Заев во овој момент, нема никаква допирна точка со наводната шегобијност, туку со директно инволвирање во изборите во РСМ од страна на „пријателите на Кремљ“, пишува „Вистиномер“. Има една голема разлика помеѓу објавувањето на нелегално прислушкуваните разговори за функционери на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ во оваа предизборна кампања и...

Вистиномер: Ветувањата за медиумскиот сектор на ВМРО-ДПМНЕ – спинови и контрадикторности

Програмата содржи три точки од кои две, за МРТ и за саморегулацијата, се контрадикторни и се спинови, додека третото ветување е спин во делот за ослободување на непотребна регулација за медиумите во соработка со медиумите, пишува „Вистиномер“ во својот најнов Контраспин. (Напомена: Тука можете да ја најдете анализата на предизборната програма на СДСМ во делот за медиумите.)   Во изборната програма на...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...